• Latest

Заев: Нема двојазични банкноти, ниту униформи, нема сите да учат албански јазик!

March 10, 2017
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Нема двојазични банкноти, ниту униформи, нема сите да учат албански јазик!

March 10, 2017 17:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во денешното обраќање од партиското седиште, пред партиското членство и македонската јавност, ја презентираше Програмата на идната влада. Говорејќи за употребата на албанскиот јазик во институциите, тој беше дециден, дека секој граѓанин нема обврска да учи албански јазик.

„Лага е дека сите ќе треба да учат некој друг јазик,а во спротивно – дека ќе бидат казнети. Казнените одредби постојат и сега, и тие се однесуваат на институции, кои што не го почитуваат Уставот и законот. Предвидуваме закон за употреба на јазиците, бидејќи сметаме дека на сите граѓани треба да им овозможиме полесно да функционираат во секојдневниот живот и во комуникацијата со институциите. Новата влада ќе предложи законски решенија за употреба на јазиците, со што ќе се прошири употребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните т.е. албанскиот јазик, во рамките на аманданот 5 од Уставот. Законот ќе ја прошири употребата на јазикот во институциите и ќе овозможи на граѓаните-Албанци да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик “ рече Заев.

„И  другите малцинства во земјата, Срби, Бошњаци, Роми, Власи, ако се 20 отсто во општината каде живеат, ќе можат да се обратат до институциите на својот мајчин јазик“, изјави Заев.

Тој потенцираше дека парламентарното мнозинство е силно посветено на зацврстување на унитарноста на Македонија, зачувување на суверенитетот и стабилноста на државата. Заев порача дека никој нема право да ги блокира демократските процеси, зад кои застанаа граѓаните.

„Нема да правиме нешто, што е противуставно. А простор за дебата, секогаш има. По консултацијата со експерти, заклучено е дека е противуставно да има двојазични банкноти или воени и полициски униформи, бидејќи тоа не е во согласност со Уставот, бидејќи денарите и униформите се употребуваат на целата територија на Република Македонија“.

Заев посочи на дел од приоритетите на парламентарното мнозинство.

Членство на Македонија во ЕУ и НАТО, спроведување на препораките од извештајот на Прибе, подобар животен стандард на граѓаните во држава за сите граѓани, одговорна влада и контрола на власта, рамномерен регионален развој, формирање на Специјално одделение во Основниот суд за предмети од СЈО…, се меѓу главните заложби на идната влада.

Во програмата на идната влада, според Заев, не се споменува, геноцидот врз албанското население, којшто беше споменат во Платформата на партиите на етничките Албанци.

За време на експозето на Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил, порача:

„Кога имате стотина илјади луѓе на улиците секој ден, значи дека проблемот е сериозен и треба да се лоцира во кого е и зошто е тој револт и проблем. Единствено решение со кое би се смирил гневот на измамените граѓани е да се слушне нивниот глас. Заев и СДСМ треба да сфатат дека народот се противи на тоа што тие на преговорите ги ставија државните и националните интереси“.

 

 

Tags: владаВМРО-ДПМНЕГруевскидвојазичностЕУЗаевНАТОПрибеПрограмаСДСМУстав
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ