Избирачкото место 2901 во Чаир се затвори во 19 часот. Своето право на глас го искористија 272 граѓанки и граѓани. ЦИВИЛ го оцени изборниот ден како мирен. Забележливо беше силното присуство на полицијата. Иако во текот на денот проструија информации за тоа дека активистите на ДУИ ги спречувале гласачите на Беса да излезат на гласање, докази за такви активности нема.
Џабир Дерала од ЦИВИЛ даде изјава за медиумите пред СОУ „Иднина“ кај што се прегласуваше.