• Latest

ЦИВИЛ со претпазлив оптимизам кон постигнатиот договор

July 20, 2016

24 ЧАСА: Со онлајн петиција и мобилизација СДСМ против мигрантите; МВР со апел – петардите не се играчка; Се разгоруваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа

December 9, 2025
Џабир Дерала (Фотгорафија: НДИ Косово)

Дерала на ДИСИКОН 9, Приштина: Вештачката интелигенција ги редефинира изборите и отвора нови ризици за демократијата

December 9, 2025
Фото: МВР

МВР со силен апел: Петардите не се играчка – една грешка може да го промени животот!

December 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

December 9, 2025
фото: СДСМ, Венко Филипче

СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“

December 9, 2025

(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон

December 9, 2025

Анкетната комисија ќе ја разгледува претставката на родителите на загинатите од „Пулс“: Бараат правда, одговорност и системски промени

December 9, 2025

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА (ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА)

December 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте

December 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ЦИВИЛ со претпазлив оптимизам кон постигнатиот договор

July 20, 2016 20:23
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода со претпазлив оптимизам го пречекува постигнатиот договор меѓу четирите партии, потписнички на Договорот од Пржино, денеска во Клубот на пратеници во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ И ДПА, во присуство на американскиот амбасадор Џес Бејли и на претставникот на Делегацијата на Европската uнија во Македонија, Тиборг Бароди, се договорија за следните детали:

-Во поглед на Избирачкиот список, Изборниот законик ќе биде изменет до 22 јули. Во однос на договореното, 171.500 гласачи ќе бидат ставени на посебна листа и нивниот глас не е спорен.

Што се однесува на речиси спорните 39.502 гласачи од вкрстените проверки, ќе имаат 25 дена самите да се пријават за гласање. Оние кои нема да се пријават, нема да имаат ни право на глас.

-Во однос на медиумите, Законот за Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе биде имплементиран 15 дена од датумот на денешниот договор. Ќе биде формирано ад-хок тело за мониторирање на медиумското известување, согласно со Изборниот законик. Ова тело ќе функционира до завршување на изборниот процес, а ќе биде формирано 30 дена од датумот на овој Договор.

Ова тело ќе биде составено од 5 членови, во консултации со релевантните професионални организации. Четирите политички партии ќе одберат четири членови, од кои, едниот ќе биде Албанец. Избраните четворица имаат 15 дена со консензус да го одберат петтиот член. Телото ќе врши проценка на балансираното известување.

Првиот прекршок, ќе биде санкциониран со предупредување, а евентуалниот втор, сноси парични казни. Ниту еден новинар или медиум нема да биде казнуван за искажување на свое мислење, кое пак, според договореното, треба да се разликува од пласирање на информација.

-Четирите политички партии се обврзуваат да спроведат медиумска легислатива, согласно со итните реформски приоритети и Извештајот на Прибе, во рок од шест месеци по изборите.

12973149_941742049277598_998153252977879777_o

Во согласност со другите партии, најголемата опозициска партија ќе номинира уредник на Информативната редакција на МРТВ, од експерти на ова поле.

Ако партиите потврдат дека услови за избори има, новиот уредник на јавниот сервис ќе стапи на функција сто дена пред избори.

-Во однос на пржинската Влада, ако изборите се одржат во 2016 година, таа ќе добие мандат 100 дена, пред денот на изборите.  Законските решенија донесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, коишто се однесуваат на Министерството за внатрешни работи и ингеренциите на министерот, се суспендираат до први јануари 2017 година.

Кадровските промени на министерот за внатрешни работи се лимитирани до 15 лица на раководни позиции и можност на десет проценти од бројот на хоризонтални поместувања, кои актуелната власт ги направила од 2013 и 2014 година.

-Во однос на Специјалното јавно обвинителство, во случај Уставниот суд да одлучи дека Законот за Специјалното обвинителство или дел од него е неуставен, четирите партии се обврзуваат да го усогласот Законот со одлуката на Судот и повторно да ја формираат Канцеларијата, според оваа одлука, во рок од 5 дена. Мора да се задржат ефикасноста, фокусот и целите на СЈО.

Четирите партии го повикаа Уставниот суд да донесе одлука во однос на Законот за СЈО, што е можно побрзо на следната седница.

ЦИВИЛ Центар за слобода свика состаноци на своите работни тела и експертски тимови и веќе утре ќе излезе со подетални анализи и ставови за постигнатиот договор на партиите потписнички на Договорот од Пржино.

Неодамна ЦИВИЛ ја објави тријазичната публикација „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“, во која на 180 страници објавува извештаи и анализи за сите аспекти на кризата.

 

 

Tags: DogovorВМРО-ДПМНЕДПАДУИизбирачки списокМакедонијаМРТВполитичка кризаСДСМСЈОТиборг БародиЏес Бејли
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ