• Latest
Фото: Скриншот

24 ЧАСА: Традиционален марш на сексуалните работнички за хуман и еднаков третман од државата; Одлуката на ЕУ за Украина да биде отрезнувачка, не треба самите да си ставаме сопки, вели Филипов; „Црната листа“ на САД опомена за македонските политичари

December 15, 2023

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Традиционален марш на сексуалните работнички за хуман и еднаков третман од државата; Одлуката на ЕУ за Украина да биде отрезнувачка, не треба самите да си ставаме сопки, вели Филипов; „Црната листа“ на САД опомена за македонските политичари

December 15, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Традиционалниот Марш на црвените чадори: Сексуалните работнички бараат хуман и еднаков третман од државата

Сексуалните работнички денеска со Марш на црвените чадори традиционално го одбележаа Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работнички, 17 Декември. Она што е поразлично од изминатите години е што годинава одбележуваат 15 353 денови до правда по донесувањето на пресудата на Граѓанскиот суд во нивна корист.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Филипов: Одлуката на ЕУ за Украина треба да биде отрезнувачка, ние не треба самите да си ставаме сопки

Одлуката на ЕУ експресно поради политичкиот контекст да одобри почнување на пристапни преговори со Украина треба да биде отрезнување за земјава дека ако можеби светот е подготвен да ни става сопки, ние не треба самите да си поставуваме сопки. Но, нема смисла за ново разочарување и жалење за можноста, треба да бараме нови можности во новонастанатите услови, вели амбасадорот и претседател на Советот на амбасадори Ѓорѓи Филипов.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ВТОР ДЕН САМИТ НА ЕУ Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ денеска го продолжуваат дводневниот Самит на Унијата, во чии рамки вчера донесоа одлука за старт на преговорите за членство со Украина и Молдавија …

МУЛТИКУЛТУРА Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер на покана на Еврејската заедница на Република Северна Македонија присуствувал на одбележувањето на еврејскиот празник Ханука…

ПРОЕКЦИЈА НА НАСЕЛЕНИА Потребата за решение е иста и за Фатмир и за Арта, Маја, Амра, Елвис“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на настан на Државен завод за статистика за проекција на население…

ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ “Парче од себе” е насловот на едукативниот проект, работилница со деца со посебни потреби што денеска во галеријата на култирниот комплекс “Мала станица” во Скопје …

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Естонија испраќа нов пакет воена помош од 80 милиони евра за Украина, кој вклучува и противтенковски ракети Javelin, додека естонскиот и финскиот премиер побараа континуирана поддршка од ЕУ за Кијив…

Орбан сака да ја претвори Европската унија во пазар за да ја уништи., мора да биде запрен , изјави поранешниот министер за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус, на платформата…

Украина  доби втор систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ од Германија за да помогне во одбивањето на зголемените руски ракетни и беспилотни напади врз Киев и други градови

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Муратов на панелот ОСЛОБОДИ ГО УМОТ: Политиката не бира средства, дури и за вакви сензитивни теми како што е убиството на Вања

„Политиката не бира средства, па дури и за вакви сензитивни теми, како што е убиството на Вања“, констатира Дехран Муратов, во серијалот „Ослободи го умот“, на кој се зборуваше за дезинформациите и политичката злоупотреба на убиството на Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, за руските пропагандни наративи, како и за говорот на омразата кои ги идентификуваше Мониторинг тимот на ЦИВИЛ.

ПРОПАГАНДА

Мишев на панелот ОСЛОБОДИ ГО УМОТ: Иако политички изолиран, доаѓањето на Лавров во Скопје проруските медиуми го прикажаа како триумфализам

Доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на самитот на ОБСЕ во Скопје, медиумите го претставија како „триумфално враќање на руската дипломатија во земјава“ и покрај политичката изолираност на која наиде, истакна Драган Мишев во серијалот на ЦИВИЛ „Ослободи го умот“.

АЛ-ПРЕС

Европскиот совет за бегалци и прогонети со седиште во Брисел, изрази резервираност во врска со голем број прашања што се претставени со членовите од договорот за емигранти  Рама-Мелони, пишуваат албанските медиуми. Американскиот Стејт Департмент во својот периодичен извештај за Косово, меѓу другото, нагласи дека Русија влијаела на кризата и тензиите создадени на северот, известија косовски медиуми.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ- Прес.

ИНТЕРВЈУ 

Едвард Џозеф: Црната листа на САД опфаќа политичари и ова е порака, паметните политичари би требале да сфатат, сега пред најавените изборите

Во рамки на програмата„ Seeing is Believing“ за градење на јавното разбирање за НАТО и отпорноста на Балканот, група новинари од Северна Македонија и Црна Гора престојуваат во Талин, каде во рамките на посетата Цивил Медиа направи кратко видео интервју со ко-директорот на проектот, Едвард Џозеф, експерт за управување со конфликти со петнаесетгодишно искуство на терен, како и предавач и аналитичар за надворешна политика. Во неговите десетина години поминати на Балканот, тој служел за време на војните во секоја земја погодена од конфликтот, вклучително и на задачи во Босна, Косово и Македонија.

 

АНАЛИЗИ

ЦИВИЛ со внимание и загриженост ги следи настаните поврзани со инцидентот во општина Чашка, при што реагирала полицијата, кога група граѓани (на 13 ноември) се обидоа физички да ја нападнат, односно да ја линчуваат директорката на основното училиште „Тодор Јанев“, Елена Николова, бидејќи се против отворањето паралелка на албански јазик.

Веќе трета недела, учениците од македонска етничка припадност ја бојкотираат наставата, во знак на протест против одлуката на Министерството за образование да се отвори албанска паралелка.

На овој инцидент му претходеше еден потпалувачки говор на пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ, како и низа други изјави од политичари и јавни личности, пишува Дехран Муратов во анализата „Случај „Чашка“: Екстремен национализам и потпалувачки говори, ВМРО-ДПМНЕ не одговара на новинарските прашања“.

СЛОБОДНА ЗОНА 

Се интонира химната! Фудбалерите, но и навивачите со етничка албанска припадност заради почит гордо стоеја, но не ја пееја. Таа со ниеден збор не ги спомнува Албанците и нивниот придонес за државотворноста. Имаше и громогласен аплауз од целата публика, кога се истакнуваа имињата на фудбалерите, без разлика дали се Албанци или Македонци. Редок момент во земјата, кога граѓаните се едногласни. И ете пенал! Топката ја зеде Барди (Bardhi), шутираше и по првото бранење на англискиот голман, даде гол. Вистинска експлозија на целиот стадион. Славеа сите: Македонци и Албанци, муслимани, христијани и атеисти, вмровци, сдсмовци, дуиовци, алијансовци, бесатари, алтернативци, демократи, веројатно и „левичари“ (тие се најголемите десничари), пишува Сефер Тахири во колумната „Енис Барди (Bardhi)“

Не, не станува збор само за урбана мафија туку за политичка мафија бидејќи, просто, без политичка мафија е неможна било каква друга финансиска ли, шверцерска ли, нарко ли, урбана ли, мафија сеедно, па сега да не трагаме и да не бараме примарни виновници во некаква урбана мафија како, на пример, случајот со дивото уривање на уставно заштитениот објект Шара ан во Старата скопска чаршија, на тој споменик на култирата, нели, на културата, и пак, на културата нели, на тоа наше национално благо кое, соопштува обвинителството, се крчмело цели дваесет месеци, кое се масакрирало и се уривало сред бели денови и тоа онака со вандалска страст ќерамида по ќерамида, ѕид по ѕид…пишува Зоран Иванов по допрен глас во „ Злодело без казна“,

СТАВОВИ

„Национализмот е инфантилна работа. Тоа се мали сипаници на човештвото“. Ова не го кажал некој обичен смртник од ќошето на некоја чајџилница, пиејќи чај, додека ги гледа нашите стерилни телевизиски дебати кои се, всушност, медиумски шунд и кич, отколку што служат за јакнење на јавната свест и промовирање на цивилизациските вредности. Ова не го кажал ниту некојси политички профитер кој одлуките ги носи ad-hoc, како ќе му текне, ниту некој од тие на кои државата му го нема дадено заслуженото, па гневен решил да ја напушти, пишува Назми Абдурахмани во колуната „Кога лисјата паѓаат во Чашка“.

Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестидезинформацииизјавиинтервјупропагандаставови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ