• Latest

Македонска иднина или небиднина

July 22, 2019

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Молдавската проруска партија не ги признава резултатите од изборите и се заканува со протести

October 8, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Македонска иднина или небиднина

Веќе три децении градиме навика да ги мериме двете најголеми опции во земјата со различни аршини. Безумието на ВМРО-ДПМНЕ се навикнавме да го прифаќаме со „толку им сече“. Кога крадат, велиме „да, такви се“ и продолжуваме понатаму. Кога сеат омраза и национализам, велиме дека тоа е нормално, дека тоа единствено може да се очекува од нив. Самите им ја намалуваме одговорноста како што тоа се прави за пијаните луѓе...

July 22, 2019 14:22
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Сѐ почесто се гледам со разочарани и гневни луѓе, од кои многумина запознав во бескрајните поворки од луѓе што демонстрираа против страховладата на Груевски и Фамилијата. Ги читам нивните коментари, полни со горчина, на социјалните мрежи или кога ќе се сретнам со нив на улица.

Често и самиот сум еден од тие што гласно говори и пишува за разочарувачкото темпо на промени. Во мојата приватна комуникација може да се најдат безброј лути коментари во сите насоки. Разговараме за тоа дека многу нешта не се променети, дека премногу време им треба на „новите, што веќе не се нови“, дека „не може веќе да се вадат на претходните, дека затоа ги сменивме“. Читам, слушам дека се исти како претходните…

Е, НЕ СЕ ИСТИ!

Со едно не можам никогаш да се согласам. Дека се исти.

Дека режимот не беше целосно урнат и дека некои практики само се презедоа и се продолжија, се согласувам. И со тоа дека блиски соработници на режимот сѐ уште се на одговорни функции во системот… Дека дел од таа номенклатура е и самиот Мицкоски, кој само формално е претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Како ден е јасно дека вистински шеф им е почесниот им претседател, оној, кукавицата што пишува глупави Фејсбук статуси низ кои, не штедејќи, расејува разни емотикони. Машала, духовитиот тој…

А ние, кај стасавме? Како општество, мислам. Долги години се боревме против режим што, практично, ги купи луѓето со пари, а умовите им ги зароби со незнаење, заблуди, страв, омраза и националистичко-верски фанатизам, на двете страни, македонската и албанската. Државата ја изедначија со партијата, а партијата стана добро организирана мафијашко-милитантна мрежа што имаше свој крак на секоја педа од земјата. За да владеат непречено, тие ја изолираа земјата, од Скопје направија место за меѓународен громогласен подбив, луѓето ги осиромашија и озлобија до непрепознатливост…

СЕГА НА ВЛАСТ ЌЕ БЕШЕ ФАМИЛИЈАТА…

На изборите 2016, СДСМ доби 49 пратеници, а својата власт мораше да ја воспостави со безброј познати, и не знаеме колку непознати компромиси со сите што до вчера беа во скутот на Груевски, а најмногу со политички ранетиот, но сѐ уште моќен, Ахмети кој беше и остана партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Да не беа тие компромиси што Заев ги направи во неизвесните месеци по изборите, сега на власт ќе беше Фамилијата. И некој фикус ќе беше во претседателската фотелја, а по 27 април 2017, да им успееше обидот за државен удар, сега ќе живеевме во веќе сосема отворена диктатура.

Ако мене ме прашате, не требаше да се согласиме со преговори уште во 2012 година, кога специјалците ги тепаа пратениците и новинарите. Тогашниот извештај со посредство на меѓународната заедница, Илија Димовски го нарече тоалет хартија. Тоа беше мигот кога требаше сите, а не само некои, да сфатат со кого си имаме работа. Имавме повеќе шанси и пред и потоа. Пред тоа, затворањето на ТВА1 и три дневни весници во една ноќ, со над 200 специјалци, беше повеќе од отворена покана за општ бунт. Тоа беше напад и брутална пресмета со критичките медиуми, без оглед на тоа дали и колку Велија Рамковски бил перач на пари.

ПРЕПОЗНАВАЊА И ЦИТАТИ

Режимот можевме да го препознаеме, а и говоревме и пишувавме за тоа, уште кога етно-верските радикали, хулигани и попови ги тепаа студентите по архитектура во 2009 година пред очите на полицијата. Или кога направија изборен инженеринг на предвремените парламентарни избори во 2008 година, меѓу другото, и за да го исфрлат Мендух Тачи од коалицијата, оној што, сепак, на Мијалков му остана „верен до гроб“. И сето тоа е исто што и сега? Исто е и сето тепање и сите притвори што ги обезбеди партиската „правда“ на Груевски, Мијалков, Ставрески, Ахмети, Џафери, Јанкулоска, Протуѓер… Сиот грабеж… Скопје 2014…

На мое место, актерот Кили би рекол: „Дај човече, не ме ј***!“ Не знам дали некаков друг цитат му прилега на тоа. Мислам дека нема потреба да се мачам, не заслужува. Забележувам дека сум станал алергичен на тоа премногу едноставно поистоветување, како да се нема грам мозок. Мел Гибсон сега би ми упаднал со:  „Алергичен сум на с**ње!“ („Смртоносно оружје“, 1987-1998). Можевме да препознаеме, можевме да се кренеме, можевме да гласаме… Но…

СЕГАШНОСТ

Да се вратиме во сегашноста. Мицкоски јавно изјави дека од гласачите бара 80 пратеници за да го поништи Преспанскиот договор, што со други зборови значи брзопотезно враќање назад кон изолација, враќање на режимот и нестабилност, веројатно и брз распад. Заев води каква-таква влада, ако сакате може да кажеме дека е поблиску до никаква, но со таа влада влеговме во НАТО и се наоѓаме на чекор до почеток на преговори со ЕУ.

Нема да претераме ако кажеме дека половината од парламентарното мнозинство што ја крепи неговата влада, се луѓе на режимот. А за двотретинското мнозинство што Заев успеа да го состави за да го исполни Преспанскиот договор, нема што да се коментира, сѐ е јасно. Мислам дека треба да биде уште појасно дека такво (некакво) двотретинско мнозинство му е потребно и за судските реформи, за да дојде правдата (некаква) во Северна Македонија. И јас често заборавам на тоа, признавам.

И ме радува и го поддржувам секој што се одважил, во вакви услови и распоред на силите, да ѝ го сврти грбот на мафијата (Фамилијата) и да преземе чекори што сите ги очекуваме, за оваа земја да стане барем приближно пристојно место за живеење (проф. Марјановиќ, рани 90-ти од минатиот век). Зборувам за оние што сите овие години ги водеа битките низ институциите. Зборувам и за СЈО, во кое сѐ уште верувам и го поддржувам, и за новата хероина на правдата, обвинителката Рускоска.

ОДГОВОРНОСТ

Веќе три децении градиме навика да ги мериме двете најголеми опции во земјата со различни аршини. Безумието на ВМРО-ДПМНЕ се навикнавме да го прифаќаме со „толку им сече“. Кога крадат, велиме „да, такви се“ и продолжуваме понатаму. Кога сеат омраза и национализам, велиме дека тоа е нормално, дека тоа единствено може да се очекува од нив. Самите им ја намалуваме одговорноста како што тоа се прави за пијаните луѓе.

За денеска, тука ќе застанам, за да отворам дискусија. Помислете барем на оваа, последна поента, ако веќе погорното решите да го отпишете од само вам (не)познати причини. Се читаме за некој ден, пак на оваа тема, важна, затоа што се работи за избор меѓу македонската иднина или небиднина.

Пред да се одјавам, само сакам да ви кажам уште нешто што веќе го знаете: Верувам во европската иднина и ќе се борам до последниот здив за праведно и слободно македонско општество. За некого ова можеби звучи како парола, но за мене е секојдневие. Ви благодарам за поддршката.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

илустрација: Lina Sidorova – “Dark Future”

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АхметиГруевскиЗаевизбориМицкоскипарламентпартииправдарежимРускоска
Share61Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ