• Latest

Ретроспектива -Препораки и решенија за дискриминацијата на жените на институционално и општествено ниво-меѓу декларациите и реалноста

March 9, 2023
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Ретроспектива -Препораки и решенија за дискриминацијата на жените на институционално и општествено ниво-меѓу декларациите и реалноста

March 9, 2023 14:42
in ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Родовата еднаквост е едно од човековите права за кои ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, постојано укажува дека декларативното залагање за подобрување на состојбите во однос на овие права, се во длабок дисбаланс со реалноста.

Бројни граѓанки од сите сфери на општествената и политичката сцена во земјава укажуваат на најразлични проблеми преку дискурсот за родовата еднаквост, многу од нив даваат и примери за решенија, кои освен на декларативно ниво, во реалноста не се остваруваат.

Кој е виновен, односно каде е одговорноста за дисбалансот во родовата еднаквост, кои се главните причини, дали и колку жените си ги знаат своите права, кои би биле евентуалните трајни решенија во однос на дискриминацијата на жените на институционално и општествено ниво и нивната заштита почнувајќи од семејството, општеството, работните места….

На самиот крај на 2021 година, на 10 декември, ЦИВИЛ одржа извонредна панел дискусија на тема „Родова еднаквост, меѓу декларациите и реалноста“, на која учествуваа осум извонредни жени од различни професии, секоја со свое видување и пристап кон овој проблем.

На панелот учествуваа Драгана Стојчевска, режисерка и активистка, Елена Димушевска од Национална мрежа против насилство врз жените, Леунора Калиќи од иницијативата  „Ајо“, Алмира Фазли од Иницијатива на жени Шуто Оризари, Николина Кениг – професорка на Филозофски факултет, Весна Попоска, деканка на Правен факултет, Рита Бехадини од Mollëkuqja (Бубамара),и Стојна Митева од Скај плус Струмица.

Денеска, ден по одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, ќе се потсетиме на извонредните пораки од учесничките на овој настан.

Би повикала на заедничка енергична акција за трансформација на културата, да направиме да е срамота некој да има сексистички ставови, порача  меѓу другото проф. Николина Кениг.

„Сакам да кажам дека, столбовите на коишто се потпираат сите форми на родово засновано насилство, вклучувајќи го и семејното, некако како да бегаат од фокусот. Кога зборувам за стожери, мислам пред се на родовите норми, кои произлегуваат од патријархалната вредносна матрица од една страна, и структурната нееднаквост, односно нееднаквоста на моќ помеѓу жените и мажите, било да е реална, или симболична.“, вели Кениг.

Кениг: Би повикала на заедничка енергична акција за трансформација на културата, да направиме да е срамота некој да има сексистички ставови

Институциите да имаат ефективна кривична правда и процесуирање на делата кои атакуваат жени, порача деканката на Правниот факултет „Визион“, Весна Попоска.

„Јас сум првата жена што докторирала на Воената академија, што е третирана како „машка“ професија. Родовата еднаквост не е само бројка. Ако веќе се изборивме за некаков родов квантитет, треба да се бориме и за квалитет. Недостига институционална одговорност на повисоки нивоа. Жртвите не им веруваат на институциите. Видовме дека во преговорите за нова Влада, ниту еден политичар или министер не истакнаа ниту едно име на жена од помалите етнички заедници, да им се даде одредена функција. Национализмот носи сензационализам и не носи ништо добро.

Имавме лица кои револуција ќе кренат заради промена на името на државата, но никогаш не можат да замислат жена им да си го задржи презимето, нагласи меѓу другото Попоска.

Попоска: Институциите да имаат ефективна кривична правда и процесуирање на делата кои атакуваат жени

Жените повеќе да се поддржуваат меѓу себе, отколку да водат борба една против друга, порача Леунора Калиќи од иницијативата „Ајо“ („Таа“).

„Полето на делување на жените е тесно поло, и треба целата борба да се фокусира на подобрување на условите на жените. Жените повеќе да се поддржуваат меѓу себе, отколку да водат борба една против друга. Жените треба да се свесни дека се човечко суштество и дека имаме исти права и мора да најдеме храброст меѓу себе да се соочиме со сите предизвици и нашите цели да ги насочиме во борба кон неправедноста околу нас и на тој начин да направиме подобро општество за сите“, нагласи Калиќи.

Калиќи: Жените повеќе да се поддржуваат меѓу себе, отколку да водат борба една против друга

Во продолжение се линковите од  изнесувањата на сите учеснички на панелот „Родова еднаквост, меѓу декларациите и реалноста“.

Бехадини: Семејството е првата адреса на која девојките пријавуваат сексуално вознемирување на социјалните мрежи

Стојчевска: Да се работи за искоренување на патријархалното однесување кај младите

Фазли: Да ги научиме синовите да не ги тепаат своите девојки, отколку да ги учиме ќерките да бидат послушни

Митева: Да не молчиме на родово базираното насилство, бидејќи тоа не е приватна работа

Д. Тахири

Tags: дискриминацијаженипанелродова еднаквостЦивилчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ