• Latest

Тантуровски (ДКСК) не лаже, само не ја кажува вистината

March 5, 2018
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тантуровски (ДКСК) не лаже, само не ја кажува вистината

March 5, 2018 17:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Игор Тантуровски, претседател на Државната комисија за корупција не чувствува никаква одговорност. Напротив, тој смета дека доказите изложени во јавноста не се релевантни. Сепак, подготвува оставка. 

Во 24Анализа, Тантуровски, изјавува дека сдк.мк, без разлика кој и да им бил изворот, односно свиркачот, од кого го добиле ревизорскиот извештај пред два месеци, располагаат со информации кои се само препораки, а не наоди.

Имено, Тантуровски вели дека колешките и колегите од сдк.мк го имаат претходниот ревизоски извештај, а не конечниот извештај.

„Работите во најголем дел, да не речам 100% се извадени од контекст и дополнително обработени да изгледаат бомбастично“, образложи Тантуровски, во котекст на приложените докази од сдк.мк.

ЦИВИЛ Медиа, своето разоткривање на корупцијата во Антикорупциска, го базираше на конечниот ревизорски извештај од 26 јануари 2018. Бидејќи нашиот извор ни го обезбеди и претходниот извештај, можеме со сигурност да кажеме дека Тантуровски не е во право.

Најпрвин, изјавата дека претходниот извештај се базира само на препораки, а не на наоди не е точна. Имено и двата извештаи ги имаат и двете ставки: Наоди и препораки.

Ако се споредат двата извештаи, ќе се види дека наодите и препораките се поклопуваат.

Што се однесува до информациите во медиумите дека Горан Миленков, поранешен претседател на ДКСК, а сегашен член, си поднел оставка, го наметнува прашањето под колкав притисок е ДКСК во моментов? Дали има договор на редоследот на оставки или ќе остане само на Миленков, како жртвено јагне? Да потенцираме, неговото име во конечниот извештај е поврзано со бланко патни налози за лица кои веќе не се членови во ДКСК, исплатени и непотпишани од никого.

Ако веќе се бара чија е одговорноста за сите наоди во Конечниот извештај, што се однесува на процесот пресметување и исплата на платите и другите надоместоци на избраните и именувани лица и државните службеници, се вели дека одогворноста е на:

Горан Миленков, претседател на ДКСК до 18 април 2016

Игор Тантуровски, претседател на ДКСК од 19 април 2016

Софка Пејговска Дојчиновска, Државен секретар до 18. септември 2016

Розета Трајан, Државен секретар од 19 септември 2016

Даниела Трајчевска, раководител на одделение за финансиски прашања

Сатула Суљимани, советник

Прашањето е зошто Тантуровски упорно се брани со законските одредби, постојано истакнувајќи дека се донесени во Собранието, а кога истото тоа Собрание го повикува на одговорност и оставка, тој во емисијата 24 Анализа, го поставува прашањето: Сакате да кажете дека јас како официјално лице на таа установа лажам?

Тантуровски не лаже. Само не ја кажува вистината. Или ја извртува во сопствена корист.

Наодите од Конечниот извештај остануваат непроменети како и во претходниот извештај: извршена исплата врз основа на неверодостојни патни налози, при што ненаменски се исплатени буџетски сретства, нема евиденција за работното време на членовите на ДКСК, неверодостојни патни налози, нејасна употреба на возила во лична сопственост за службени цели, нема процедура за репрезентација, а исплатени се репрезентативни трошоци… Нетранспарентноста и да не ја споменуваме.

Тантуровски треба да одговори и за неговата невистинита (без обвинение дека е лажна) изјава на интереси, за која ЦИВИЛ Медиа веќе објави. За потсетување, станува збор за вршење две државнички функции истовремено. Едната како член во ДКСК и другата као член на Управен одбор на ЈЗУ Здравствен дом Железничар.

Значи, оставка, кога?

Биљана Јордановска

 

 

Tags: Горан МиленковДКСКИгор ТантуровскиизвештајоставкифактиЦивил
Share24TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ