• Latest

Законот на џунглата

August 18, 2018
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Законот на џунглата

August 18, 2018 13:52
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Секакво спомнување за минимум регулација на онлајн медиумите и порталите наидува на страшен отпор од ЗНМ и „експертите“ за медиуми, бидејќи на тој начин ќе се загрозела слободата на новинарството.

Пишува: Атанас Кировски

Да појасниме за јавноста што е, всушност, заложбата: Порталите не треба ниту да се регистрираат, бидејќи тоа бил опасен удар врз слободата на новинарството. Тоа значи да не бидат регистрирани како медиуми и да немаат обврска ниту да објават импресум (кој е главен уредник, кој работи во редакцијата). Сѐ што ќе објават да не може да подлежи на демант, ниту на тужба за клевета, бидејќи не се медиум.

Моите искуства во граѓански парници се дека судиите воопшто не земаат предвид што е напишано на портал, затоа што тоа не е медиум. Се залагаат да можат слободно да објавуваат лажни вести, дезинформации, да шират говор на омраза (статистички, над 80% од говорот на омраза се генерира на порталите), да можат да крадат вести, да си прават копи-пејст на вести и на цели емисии, или да си земаат од телевизиските емисии тоа што им треба, често пати од тоа да извадат бомбастична вест надвор од контекст и да не треба да прашаат дали воопшто може да се послужат со туѓо авторско право, за да не им ја загрозиме слободата. Никој да не смее да пропише да имаат лектор, минимум технички стандарди, елементарна висина на студио, ако сакаат да глумат онлајн телевизија… 95% од нив лиферуваат купишта видеа, а немаат камери и сниматели… да не треба да плаќаат дури ни индустриска струја.

Од друга страна, телевизиите мора да имаат најмалку 100 вработени, студија по пропис, да плаќаат индустриска струја, даноци, ДДВ, да плаќаат скапи авторски права, а на кабелските оператори слободно да оди пиратски контент. На секоја емисија да објавуваат импресум и ако ја пропуштат таа обврска еднаш од 20 пати во денот добиваат казна, да има закон за АВМУ од над 100 страници со најдетални подробности што смеат, а што не, а притоа во Агенцијата за медиуми не смее да има луѓе од телевизиите, бидејќи било конфликт на интереси, туку луѓе од портали или евентуално весници, кои не работеле во телевизија и не ја разбираат работата…

Телевизиите мора да имаат балансирано известување со закана од драконски казни, а прилозите мораат да ги мерат на штоперица, за секоја објавена вест да им виси тужба, не смеат да земаат реклама од буџетски средства во било каква форма, па дури и ако емитуваат политичка пропаганда во комерцијално време, и тоа мора да биде балансирано. Скапиот контент кабелските оператори им го пренесуваат бесплатно, а тие за тоа да си наплаќаат.

Има уште многу апсурди, 20 страници не ме расправаат. Тоа е идејата за фер ситуација на пазарот на медиуми. За вакво статус-кво ЗНМ лобира кај странските амбасадори. Фер, нема што.

 


(објавено со согласност од Авторот)

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: АВМУвластЗНМИнтернеткампањаМедиумимедиумски слободиНасер Селманипорталирекламателевизија
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ