Меѓународни искуства беа споделени на дводневната работилница на „Логекс“ која се одржа во Скопје, во врска со предизвиците и можностите кои треба да се применат во земјите од Западен Балкан во однос на транзицијата кон циркуларната економија.
Целта на заедничката работилница беше да се споделат знаењата за различните теренски практики на циркуларната економија преку последниот развој во Европа, Америка, Дубаи и да се обидат да ги премостат, или поконкретно да ги внесат овие неверојатни практики во контекстот на Западен Балкан.
Исто така, една од значајните поенти беше значењето циркуларната економија од деловна гледна точка во претприемништвото, имплементацијата на политиките и енергијата. Не само од бизнис (приватен сектор) гледна точка, туку и улогата на владите во овој процес.
Покрај тоа, дискусијата за значењето на обновливите извори на енергија и достапните обновливи ресурси не само како дел од ЦЕ, туку и како исполнување на други социјални проблеми, како што е намалувањето на сиромаштијата.
Експертите од најразлични области, претставници на невладини организации од Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора и Северна Македонија, покрај главната тема- Циркуларната економија, разговараа и за искуствата од нивните земји, тамошната култура, меѓуетничките односи, енергетската криза, ЕУ интеграциите како и за воената агресија на Русија врз Украина.
Еден од учесниците на работилницата е Самир Агиќ од Јајце. Тој е претставник од организацијта „КОД“ од Јајце во Босна и Херцеговина.
КОД – Центар за едукација и социјални услуги веќе долги години на децата и младите им нуди шарена понуда на неформално образование за да им се даде можност за доедукација особено на теми кои се однесуваат на животната средина, човековите права, нешто што споре Агиќ не можат да го добијат во училиштетот. Со тамошното Министерството за социјлна работа сакаат да создадат место каде младите ќе може да се дружат и да споделуваат идеи, мислења и заеднички ќе можат да го раздвижат општетството.
Тоа е и една од причините да се приклучат кон Логекс групата, за да можеме да ги продолжиме нашите активности на повисоко ниво на локално и интернационално ниво.
Како да останат младите дома
Во БиХ поимот циркуларна економија е тотално непознат и токму затоа се приклучивме кон оваа иницијатива, ние имаме премногу политички проблеми, особено во повоениот период и токму затоа ни е потребен развој за пополека да станеме дел од Европската унија“, вели Агиќ.
Агиќ вели дека цел Западен Балкан треба да посвети внимание на животната средина, но и на економијата кои треба бидат приоритети на политичките чинители.
„Во нашата земја политичарите не се баш расположени за овие теми, сепак ние сметаме дека ако имаме одржлива економија со добар процес на произвоство и профитабилност, ќе можеме да ги убедиме младите да останат во земјата и да ги развиваат своите бизниси па и живот дома“, додава тој.
Зеленото сценарио на ЕУ
„Нашата Влада потпиша зелено сценарио кое требаше да се спроведе до 2030 година, но немаше вистинска волја да го разгледа, но и да подготви план за што тоа навистина значи, а тоа е особено грижа за загадувањето, за кое властите воопшто и не се заинтересирани. На пример сите знаат дека Сараево е еден од најзагадените градови, но политичките структури сметаат дека тоа не е приоритет“, вели Агиќ.
Токму затоа неговата организација прави најразлични кампањи за да сите бидат свесни дека зеленото сценарио и чистата околина е нешто што сите не засега.
„Бараме секако и интернационална помош во спроведување на истото што вклучува заштита на животната средина но и вклучување на циркуларната економија како еден од најважните сегменти на едно општество во иднина“, додава тој.
Политичката криза и изборите
Изминатиот период Босна и Херцеговина беше, а и се уште е во политичка криза поради резултатите од изборите на Претседателството, но во моментов ништо нема да се смени во однос на политичкото сценарио, бидејќи најголемиот дел од парламентарните столчиња останаа непроменети.
„Речиси ситите партии се застапени и не очекуваме напредок и токму затоа ние како невладини организации имаме задача да ги задржиме младите во нашата земја особено преку развиена економија и во Босна и Херцеговина но и во Република Српска“, вели Агиќ.
Според него токму преку нивното револуционерно размислување и желба за напредок треба да влијаат на стабилизација на политиката во иднина, бидејќи во моментот партииите не им служат на граѓаните, туку обратно, а невладините организации треба да ги едуцираат младите за нивните права и потребата да придонесе во општеството, особено со свежи, младешки идеи.
Воената агресија во Украина
„Најголемиот дел од луѓето во Босна и Херцеговина, од сите етнички групи се препознаваат во војната која беше во нашата земја и сочувствуваат со она што и се случува на Украина, ги потсетува на негативните слики од минатото од војната во 90-тите и токму затоа чувствуваат емпатија кон луѓето кои страдаат во моментот“, вели Агиќ на прашањето како влијае на граѓаните на неговата земја војна, токму во време кога најмалку се очекувало да завладее уште еден конфликт во светот.
Како што додава Агиќ, тие би сакале да помогнат ова лудило да запре. За разлика од политичарите кои се незинтересирани за ова прашање, кои не прават ништо за да помогнат да се решеи овој конфликт, туку само вештачка поддршка, па колку и да е мала улогата на Босна и Херцеговина во оваа воена агресија.
Не ги разбирам големите статуи во Ценарот на Скопје
Северна Македонија е последната земја од СФРЈ која Агиќ досега не ја посетил и пријатно е изненаден имал поинакви очекувања за земјата.
„Ова е првпат да го посетам Скопје и импресиониран сум, гледам некаков развој, многу се гради, инфраструктурата е солидна и имате нов аеродром така што позитивно сум изненаден. Скопје е убав град, со слична култура, навистина се чувствувам како дома“, вели Агиќ кој е историчар.
Тој додава дека го изненадиле спомениците и дека сè уште се обидува да го разбере концептот и не ги разбира големите статуи.
„Ми се допаѓа миксот од култури што ми недостига дома, комбинација од цркви и џамии и ме потсетува на Босна пред војната кога градовите беа мешани, за разлика од сега“, вели Агиќ.
Што е LogEx?
Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и бизнис актери од Западен Балкан и дијаспората во регионот.
Како разновидна заедница, LogEx работи на решавање на јазот помеѓу високото образование и пазарот за вработување во регионот и го олеснува заедничкото учење и соработка и работи на градење човечки капитал, зајакнување на кружната економија, намалување на невработеноста и миграцијата.
Исто така LogEx е конзорциум од различни организации со заедничка идеја како што е циркулатната економија, безбедноста и развива стратегии како да продолжи фокусот на овие теми, со цел да се промовираат за да се вклучат различни субјекти од општеството, како бизнис секторот, локалните власти, централните власти, со цел да се подобри законодавството како и мерките кои треба да бидат поддржани, но најмногу да се привлече вниманието на младите за да бидат посвесни за потенцијалот, личниот развој и секако вработувањето преку циркуларната економија, бидејќи ова е еден нов концепт кој допрва треба да се развива на Балканот, а сите овие земји имаат сличности околу заедничките цели, но и проблемите со кои се соочуваат и токму затоа се собравме тука за да дискутираме, а покрај организациите беа присутни и претставници од универзитети и експерти во областа.
Соња Танеска/Зелен ЦИВИЛ
камера и монтажа: Ариан Мехмети