• Latest

Ахмети: Не треба да се гледа со скептицизам за нашата „зелена агенда“, ќе изненадиме со нашата платформа

June 8, 2021
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025

Обвинение против Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино, за ширење омраза, расизам и дискриминација врз ромската заедница

November 17, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ахмети: Не треба да се гледа со скептицизам за нашата „зелена агенда“, ќе изненадиме со нашата платформа

June 8, 2021 09:42
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Демократската унија за интеграција ги има сите капацитети да се справи со платформата на зелената агенда и на ова прашање не треба да се гледа со скептицизам, бидејќи за ова ќе има средства и од локално и од меѓународно ниво, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

-Ние не сме движење, статична партија. Ние сме партија што обновува, и се обновуваме, истакна Ахмети во вечерашнто издание на „Клик плус“ на ТВ21, додавајќи дека нивен прв приоритет ќе биде управување со отпадот, воздух и чистата вода.

Според него, овие прашања немале заслужен третман, иако одделот за екологија неколку мандати по ред го водеа претставници на ДУИ, за кои Ахмети вели дека се обиделе но има место и за критика.

-Да, вистина е кадри на ДУИ раководеле со надлежни институции. Има место за критика, но сега гледаме напред. Ќе изненадиме со многу проекти. Ќе изненадиме со нашата платформа за т.н. „зелена“ иднина. Сега е време за ваква платформа, вели Ахмети.

На новинарско прашање зошто токму сега ДУИ се насочува кон зелената агенда, Ахмети одговори дека тие 19 години имале друга агенда.

– Ние 19 години имавме друга агенда. Ние имавме сериозни предизвици барајќи ги нашите права како Албанци. Ние 19 години работевме за да се имплементира Рамковниот договор. Сега нормативниот дел на Рамковниот договор е завршен. Правичната застапеност беше наш приоритет. Генерално, се боревме за правата на Албанците. Наш приоритет беше зачленувањето на Македонија во НАТО. Тука имаме и ние сериозен придонес. Сега, можеме да се фокусираме кон проекти кои носат подобар живот не само за Албанците, туку за сите граѓани на Македонија, посочи лидерот на ДУИ.

Ахмети, во одговор на прашањето, дали ДУИ на локалните избори ќе настапи сама или во коалиција со СДСМ, одговори дека соработката меѓу двете партии е одлична, и оти треба да се размисли за коалиција на престојните локални избори.

-Не знам, треба да видиме какви се интересите. Да видиме кои се интересите на граѓаните, кои се интересите на нашите партии ДУИ и СДСМ. Јас мислам дека нашата коалиција со СДСМ добро функционира последните четири години, односно од кога ја формиравме Владата со нив. Да, вреди да се размисли за можна коалиција. Но, без разлика дали ќе има коалиција или не, ние ќе настапиме со наши листи за советници, рече Ахмети.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ