• Latest

АВМУ обвинува дека ТВ „Сител“ намерно емитувала говор на омраза, ОЈО контрира!

May 26, 2017

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

АВМУ обвинува дека ТВ „Сител“ намерно емитувала говор на омраза, ОЈО контрира!

May 26, 2017 13:38
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за заштита од дискриминација на Република Македонија речиси пет месеци откако Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, достави претставка за начинот на кој известува телевизија „Сител“, не можеше да најде елементи на дискриминација во серијата прилози „Двојазичноста има цена“!

Како дел од надзорот врз работата на медиумите во периодот пред изборите, АВМУ објави извештај што се однесува на вонредниот надзор на работата на телевизија „Сител“.

„ТВ Сител нема никаква намера да го коригира говорот на омраза, односно, го креира и емитува намерно, за што доказ е фактот што прилозите од серијата ‘Двојазичноста има цена’, како и оние кои се користат како зајакнувачи, се однапред снимени, потпишани како уреднички коментари и се повеќекратно повторени во последователни изданија на ‘Дневникот’,  во 19 и во 23 часот, во текот на четири дена. Сето ова, дополнително ја потврдува намерата – да се искористи моќта на влијанието на телевизијата, за да се шири говор на омраза врз основа на етничка припадност и дискриминација врз основа на етничка припадност и дискриминација врз основа на возраст“, е заклучокот од извештајот на АВМУ што произлегува од надзорот.

Како одговор, од Комисијата за заштита од дискриминација велат: „Имајќи го предвид фактот дека слободата на изразување во демократско општество треба да се дозволи и кога со тоа некој не се согласува, Комисијата не наоѓа дека во конкретниот случај постои било која форма на дискриминација. Прилозите немаат за цел ниту за последица да поттикнуваат или да повикуваат на дискриминација, ниту пак да вознемируваат припадници на одредена етничка заедница“.

Според Комисијата, прашањето за употребата на јазикот е од големо значење и за него треба да се дебатира и затоа, според нив, серијата прилози на „Сител“ не е спорна.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Зоран Трајчевски, директор на АВМУ, во врска со одлуката на Комисијата. „Остануваме на ставот дека прилозите се со дискриминаторска содржина и објаснувањето дека се работи за проблем за кој треба да се дебатира не е основано, затоа што ‘Сител’ пренесуваше став на телевизијата во однос на употребата на јазикот а не организираше дебати и не го пренесуваше ставот на политичарите“, објаснува Трајчевски.

Зоран Трајчевски

На почетокот на годинава, од АВМУ претставка доставија и до Основното јавно обвинителство. Во нивниот одговор се вели: „Од кривично правен аспект не постои основано сомнение дека било извршено кривично дело – предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска расна или друга дискриминаторска основа“.

Во однос на одлуката на ОЈО, Трајчевски ни истакна дека „во одговорот на ОЈО нема правен акт со правна поука и поради тоа, ние не можеме да поднесеме жалба. До Вишото обвинителство поднесовме да изврши надзор врз работата на ОЈО, но оттаму сè уште немаме одговор“.

Проблемот со недореченостите и отсуството на конкретен механизам за регулирање на говорот на омраза во медиумите во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, е опфатен со документот за јавни политики „Измени во законската рамка со која се регулира санкционирањето на говорот на омраза во медиумите во Македонија“, што го изработија граѓанските организации ЦИВИЛ – Центар за слобода и „Млади Европски Федералисти — Македонија (ЏЕФ Македонија)“.

М. Теговска

Tags: АВМУговор на омразадвојазичностизбориКомисија за заштита од дискриминацијаМедиумиОЈОСител
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ