• Latest

Балканот добива нов Холбрук, а Ескобар нов шеф!

October 14, 2023

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Балканот добива нов Холбрук, а Ескобар нов шеф!

Кој е Џејмс О'Брајан, новиот специјален балкански посредник на американскиот претседател Бајден? Приштина го очекува со нетрпение, Вучиќ го смета за „човек што разбира“, а од него во Вашингтон бараат да се среди ситуацијата на Полуостровот и да се дојде до разрешница пред новите американски избори

October 14, 2023 13:17
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Името Џејмс О’ Брајан последната недела е присутно во јавноста во дел од Балканот со чувство на неизвесност, но и исчекување некои од речиси трајните јазли во политичките релации на Полуостровот да бидат помрднати од аглите во кои се заглавени. Јасно, при тоа постојат разлики во однос на тоа што доаѓањето на политичарот кој може да се нарече и нов Холбрук би значело за еден, втор или трет интерес тука.

Засега, во Македонија оваа вест за ново изместување на фигурите на шаховската табла на моќта во надворешната политика во Вашингтон, не предизвика никаков интерес, барем во македонските медиуми, со исклучок на една онлајн програма. Претпоставувам, откако во Скопје на посредникот за Балкан на Стејт департментот, Габриел Ескобар, му беше поставено прашањето дали дошол да врши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ околу уставните измени (како предуслов за продолжување на преговорите со ЕУ), а тој, да се потсетиме, рече дека политичките одлуки во земјава се дел од изборните одлуки на граѓаните, во однос на релациите Вашингтон – Скопје завладеа молк! Дури и голема воздишка во опозицијата. Оркестрацијата за таков тек на посредништвото, едноставно, влијаеше медиумските содржини дадени од Палата Павел Шатев по тази вапрос беше олеснета во главите на главните уредници.

БАЈДЕНОВИТЕ ПЕТМИНА ЗА БАЛКАНОТ Вашингтон има тим на многу искусни и енергични дипломати за Полуостровот

Да ја впрегнеме малку меморијата

Дали навистина така стојат работите и што на таа тема би кажале оние политички актери кај нас кои немаат меморија на ниво на една риба, па, камо ли да помнат настани од пред повеќе децении?

Најпрвин да појдеме од формалната точка на измените во Стејт департментот. Американскиот претседател Џо Бајден пред некаде две недели го номинираше О’Брајан за наследник на Карин Донфрид, чиј мандат истече уште во март, по што практично се отвори празен простор во хиерархијата на администрацијата која се бави со евроазиските прашања, а во тие рамки и за Балканот. Доаѓањето на искусен дипломат – што секако се претпоставуваше – на новата функција потроши доста месеци, ама дека одлуката е донесена и прв ја потврди Џефри Ховениер, американскиот амбасадор во Приштина. И тој важи за многу искусен дипломат.

Да, навистина, односите меѓу Белград и Приштина долго време се во ќорсокак, а настаните поврзани со одредот од 30-ина вооружени лица во селото Бањска во северно Косово, раководени со лице кое живее и дејствува од Белград, ја размрдаа таа статус-кво ситуација. Но, користењето на името на О’Брајан не може да биде сведено на само дел од косовските проблеми, бидејќи, тие си имаат свои поврзани садови низ кои флуктуираат.

– Претседателот Бајден верува дека номинирал некој кој е високо квалификуван за таа позиција. Имав задоволство да работам со г-дин О’Брајан за регионални прашања во минатото. Тој знае многу за регионот, а има и искуство во Косово и Србија – изјави амбасадорот во Приштина Ховениер.

Тој рече дека О’Брајан е „избран на оваа позиција со цел да се унапредат стратешките цели на САД во Косово“.

Вучиќ на ова искоментира дека О’Брајан ги разбира работите, како и Хил. Имаше и изјаснување што локалните медиуми го толкуваат како „умерен оптимизам“. Неговото доаѓање, рече Вучиќ, „за Србија ќе биде многу поважно од изборите во САД“. Ова би требало да значи дека О’Брајан ќе мора да биде многу брз во наоѓање разрешница! Можеби може да се искористи компарацијата – како булдужер!? Особено ако за овој политичар се врзува Дејтонскиот договор, по кој прекина војната во БиХ и на чии принципи се потпира оваа современа држава во западниот дел на Балканот.

ПО ДОЛГО УПРАЗНЕТОТО МЕСТО Бајден долго го остави празно местото од Карен Дорнфрид, веројатно чекајќи О’Брајан да ги доврши подготовките за новата мисија

Големите очекувања на приштинските аналитичари

Во овој момент, приштинските аналитичари имаат големи очекувања од О’Брајан бидејќи, како што велат, ЕУ во моментов повеќе ја притиска Приштина отколку Белград.

– Верувам дека посветеноста на О’Брајан ќе даде позитивна насока на дијалогот Косово-Србија, бидејќи, доколку таков човек дојде на таа позиција, мислам дека ќе изврши притисок врз Европската унија да направи одредени промени во однос на Косово и Србија, за балансирање на притисоците на двете страни, бидејќи евидентно е дека притисокот е едностран – смета Мељазим Кочи, приштински аналитичар.

На сличен став е и универзитетскиот професор Дритеро Арифи.

– Верувам дека оваа промена во Стејт департментот може да влијае на ЕУ да зборува во еден глас кога зборува за Косово и за Балканот. Забележано е дека ЕУ ги согледа своите слабости и недостатоци во надворешната политика и тоа може да биде силен поттик за ЕУ ​​да ја реформира својата надворешна политика – смета Арифи.

О’Брајан ѝ е познат на локалната јавност, бидејќи, веќе работел во две американски администрации како специјален пратеник на претседателите на САД. Тој секако е најпознат по неговото учество во она што го споменавме – изнаоѓање решение за завршување на војната во БиХ и помагање во формулирањето на Дејтонскиот договор во 1995 година, што во тоа време беше најкрупен проблем што Европа го имаше после крајот на Втората светска војна!

О’Брајан беше дел и од американската администрација за време на преговорите меѓу Белград и Приштина во Рамбује во 1999 година. Покрај сето тоа, работел и како постар советник на Медлин Олбрајт.

ЏЕМС О’БРАЈАН Колку многу искуство на Балканот кај само еден политичар!

Белградски ракурс: Доаѓа функционер кој ќе биде посилен со притисоците

Александар Попов, директорот на Центарот за регионализам во Белград, не ги криеше големите очекувања од О’Брајан ниту кога минатата пролет се појавија првите информации дека искусниот американски дипломат ќе заземе нова функција. Според Попов, кога на Балканот не одат работите, нужно е да дојде нов Холбрук. „О’Брајан, како посилен авторитет од Ескобар, може да ја промени ситуацијата во Косово“, вели Попов.

– Досега работите на Косово одеа од лошо на полошо. Ако продолжи овој пат така, ситуацијата нема да се реши ниту во следните 20 години. Веројатно во Вашингтон оценија дека работите не одат со темпото што го очекуваа – истакна Попов за „Блиц“, а пренесе Косово Онлајн.

– Сега се поставува прашањето дали, како во деведесеттите кога Ричард Холбрук ја имаше најголемата улога, ќе преземе поенергични акции и ќе биде повеќе на терен во разговорите со претставниците на двете страни. Само така може да се очекуваат резултати во однос на решавањето на косовското прашање – заклучи Попов.

Дипломатот Зоран Миливојевиќ, кој се смета за голем критичар на политиката на Вучиќ на Косово за белградски „Данас“ вели дека не се сомнева дека „назначувањето на О’Брајан е одраз на политиката на актуелната американска администрација на демократите предводена од Бајден“.

– Тоа е уште еден во низата докажани кадри од 1990-тите што САД повторно ги ангажираа да решаваат прашања и во регионот и низ Европа. Неговото назначување треба да се поврзе со идниот исход на војната во Украина; полека преминува од тајна дипломатија во јавна дипломатија, а во целата приказна се вклучени и Кина, африканските лидери… Се очекува нов исход и нова безбедносно-политичка архитектура во Европа – мисли Миливојевиќ.

Тој вели дека му е очигледно оти Западот на чело со САД сака да ја забрза динамиката на решавање на прашањата во регионот.

– Тоа се виде и од изјавите на Дерек Шол и Габриел Ескобар. Западот сака да создаде чиста ситуација во регионот врз основа на европскиот план, кој е обврзувачки документ за САД и ЕУ и за Приштина и за Белград. О’Брајан, Хил и останатите се докажани кадри кои добро го познаваат регионот, што го покажува интересот на американската администрација за оваа клима – рече Миливојевиќ.

Функционер со импозантна биографија која ја покажува моќта на една велесила

Инаку О’Брајан е поранешен вработен во Стејт департментот и добитник на бројни награди за служба од 1989 до 2001 година, кога беше висок советник на поранешната секретарка Медлин Олбрајт, како прв заменик директор за планирање политика и претседателски пратеник за Балканот. Тој ја предводеше американската поддршка за Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, со седиште во Хаг.

Потоа, советуваше за низа прашања, вклучувајќи мировни преговори во Европа, научни и еколошки договори, ја анализираше постсоветската транзиција во Русија и Украина и иницијативите за истрага и гонење на одговорните за воените злосторства.

О’Брајан сега ќе му биде шеф на Ескобар и има посебна мисија. Што ќе промени доаѓањето на Џејмс О’Брајан во односите меѓу Србија и САД?

– Тоа е порака дека ќе одиме кон верификација на политиката на санкции во однос на Русија и идниот развој во Европа. Со проверен персонал, САД сакаат да го решат прашањето за војната во Украина, глобалните односи, односите со Русија, да ја изградат безбедносната и политичката архитектура на Европа, да ги решат проблемите со регионот и да го воведат во трансатлантската заедница – вели Миливојевиќ.

Дипломатот очекува дека Србија сега ќе биде под уште поголем притисок, бидејќи, како што вели, американската политика ќе опстои на концептот за што поскоро решавање на сите нерешени прашања. (Ова укажува дека ниту блокада на Северна Македонија на патот кон ЕУ, ниту БиХ, пред сè, во сегментот на одговорноста на Додик, ниту институционалната криза во Црна Гора не може да се изземат од интересот на О’Брајан.)

За тоа говори и фактот дека американскиот претседател околу себе има и генерално силен тим на петмина многу искусни дипломати – заедно со О’Брајан остануваат Габриел Ескобар, Кристофер Хил, Џефри Ховенер и Мајкл Марфи – некои ќе се занимаваат со регионот како амбасадори, некои како специјални пратеници на Стејт департментот, но сите имаат една заедничка работа: тие закоравени дипломати се енергични и го познаваат Балканот „како својот џеб“ и сите зборуваат барем еден локален јазик – српскиот сигурно. Впрочем, О’Брајан (во 2001 година) беше шеф на политичкиот оддел веднаш откако американската влада повторно ја отвори амбасадата во Белград.

Дали сето ова има врска со Македонија, ќе се запраша некој? Па, да видиме што тој работеше пред да ја добие ново-старата задача на Балканот. Потоа, беше номиниран за координатор за политиката на санкции на американскиот Стејт департмент. Тоа што кај нас излегува како „црна листа“ за физички лица и фирми е дело и на Министерството за финансии и на други органи од кои се добиваат потребни информации. Сето тоа завршува на масата на О’Брајан!

А ние, на пример, имаме добра бројка на лица кои се ставени на таа листа на осомничени без чие санкционирање не може да се замисли борбата против корупцијата што надворешната политика на САД и преку амбасадорката Агелер кај нас го прогласи за приоритет!

На постоењето на овие лица и нивната недопирливост, едноставно, се базира сета ретроградна политика во земјава, а секако и евроатланските интеграции. Белки тоа е јасно. Како човек што на некој начин учествувал во креирањето на листите на лицата од „црниот список“ О’Брајан ќе биде повеќе од љубопитен кој и заради што го кочи санкционирањето на базните играчи во корумпирањето на системот кај нас.

Впрочем, дали забележавте дека Мицковски и неговите апологети нешто деновиве наеднаш стануваат нервозни околу закажувањето на брзи избори кај нас?

Текстот е личен став на Авторот.
Tags: дипломатијаЗападен БалканСАДЏејмс О'Брајан
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ