• Latest

Ќе биде валкано, многу валкано!

May 22, 2017
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ќе биде валкано, многу валкано!

May 22, 2017 15:51
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија, речиси шест месеци по изборите…

Пишува: Џабир Дерала

Судството организирано дава отпор против правдата за криминалот на највисоко ниво.

Претседателската функција е узурпирана и теледиригирана од структурите против кои се водат процеси за тежок криминал, корупција, насилство и изборна кражба. Таа функција во целост го блокира постизборниот политички процес.

Техничката влада продолжува со подигање вртоглави суми од кредити. ТодорОФФ потпишува тендер тежок 70 милиони евра за клинички центар. Без опремата.

Од изборите наваму, една третина од новороденчињата починале, според црните статистики.

МВРО има снимки од сите насилници на Црниот четврток, но голем дел од нив се на слобода, а сите наредбодавци се нечепнати. Националистичките тапоглавци од сите бои ревносно се обидуваат да ја уништат етничката кохезија која е реакција на владеењето со терор и манипулација. И делумно им успева.

Медиумите продолжуваат со својот валкан фашо-мафијашки агитпроп.

Црните хроники се полни со насилство, криминал и трагедии. Нерешени се случаите во кои телохранители и функционери предизвикале сообраќајни несреќи.

За половина час на тераса во кафуле доаѓаат најмалку пет просјаци. Голем број луѓе немаат што да јадат.

Македонија не успева да застане на нозе, речиси половина година по изборите нема влада, одвај се конституираше собранието, а кампањата за локалните избори започна. Пустош во економијата, здравството, образованието, безбедноста, културата… Работничките права прегазени, социјалната правда не постои.

За тоа време, беснее кампањата за локалните избори, за кои веројатно се договорија да бидат во октомври. Систематски се уништува секоја демократска придобивка во изминатите две години.

Се отвораат работни места, се прават списоци, се корумпира гласачкото тело.

Ако парламентарните избори ни се валкани до немајкаде, локалните избори ќе бидат далеку повалкани, тоа на сите им е јасно. Сите сакаат да бидат локални газди, тоа е „порентабилно“ дури и од многу министерски позиции. За грст локални тендери, работни места и паланечки криминал, ќе се игра етнички и валкано, многу валкано.

Tags: безбедноствладаГруевскиздравствомафијашиобразованиеСЈОСобраниеТодоровфашисти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ