• Latest
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

Дури и пред „Алигатор Алкатраз“, Рон ДеСантис го дефинираше своето политичко наследство преку радосна суровост кон имигрантите.

July 7, 2025 14:18
in ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

Share on FacebookShare on Twitter

Националниот парк Еверглејдс во Флорида често се нарекува најзагрозен национален парк во Соединетите Американски Држави. Во 1968 година, градежниците се обидоа да го изградат најголемиот аеродром во светот во средината на паркот, кој веќе страдаше од мноштво кризи во животната средина: нарушен проток на вода, драстичен пад на популацијата на птици, човечка изградба, инвазија на егзотични видови и загрозување на флоридскиот пантер.

По напливот на јавни негодувања предводени од домородните лидери, поборникот за заштита на животната средина Марџори Стоунман Даглас и новоформираната група за животна средина „Пријатели на Еверглејдс“ (Friends of the Everglades), изградбата беше запрена во 1970 година, со завршена само една писта за обука за летање. Во областа околу пистата, федералната влада го основа Националниот резерват „Голем чемпрес“ (Big Cypress National Preserve). Неодмна, округот Мајами-Дејд, сопственикот на земјиштето каде што се наоѓа поранешната аеродромска писта, се обиде да создаде траен локалитет кој би го заштитил богатството на мочуриштата за идните генерации.

Тие  планови пропаднаа. На 24 јуни, државните органи за спроведување на законот на Флорида го зазедоа местото на стариот аеродром од Мајами-Дејд, поставувајќи барикади и обезбедувајќи го влезот со вооружена полиција. Наместо резерват за диви животни, Флорида и Одделот за домашна безбедност градат центар за притвор на имигранти со 3.000 кревети, кој Главниот обвинител Џелмс Утмаер со задоволство го нарече „Алигатор Алкатраз“.

Откако ги објавија своите планови, државните претставници на Флорида објавија фотографии генерирани од вештачка интелегенција од алигатори кои носат капи од Службата за имиграција и царина (ICE) на социјалните мрежи и постојано фалејќи се во интервјуа со крајно десничарски коментари дека „алигаторите и питоните чекаат“ на секој кој ќе се обиде да избега од центарот. Републиканската партија во Флорида дури се обиде да заработи од планираниот центар за притвор со продажба на маици и термос чашки за пиво со ликот на „Алигатр Алкатраз“ на интернет.

Овој напад на суровост може да изгледа ненадеен за гледачите надвор од Флорида. Но, таков антимигрантски политички театар не е ништо ново за жителите на Флорида кои живеат под авторитарната администрација на гувернерот Рон ДеСантис. Со претворање на Флорида во лабораторија за екстремни, антимигрантски политики, ДеСантис и законодавното тело на Флорида поминаа години поставувајќи ги темелите за проект како „Алигатор Алкатраз“.

Антимигрантскиот авторитаризам на ДеСантис

Од преземањето на функцијата во 2019 година, ДеСантис се стреми да ги контролира локалните избрани функционери во Флорида колку што е можно повеќе. Во неговиот прв мандат, ДеСантис им зададе задача на помошнинците да му донесат папка со сите овластувања што може да ги врши над општините како гувернер, од негвото овластување да ги отстрани локалните избрани функционери до ограничување на општините во нивната способност да оданочуваат и регучираат. Оттогаш, ДеСантис ги користи тие моќи како оружје против локалните политичари кои му стојат на патот на неговата крајно десничарска агенда, дури и отстранувајќи ги избраните функционери кои одбиваат да се придржуваат. ДеСантис често владее преку објави на „Фокс Њуз“, користејќи јавни закани за казнување на неистомислениците.

ДеСантис пренствено ги користеше овие овластувања за да промовира расистичка, антимигрантска агенда насочена кон стотиците илјади имигранти во државата. Во текот на последните неколку години, неговите сојузници во државниот законодавен дом усвоија бран антимигрантски закони. Во 2019 година, СБ 168 наложи локална соработка со федералната служба за имиграција и ги забрани градовите-засолништа во Флорида, иако во времето на усвојување, ниту еден град во Флорида не донесе никакви политики слични на оние што се гледаат во Њујорк и Чикаго.

Гувернерот, исто така, свика голема порота низ целата држава за да ги истражи прашањата поврзани со имиграцијата, која го користеше правниот процес како тактика за заплашување на имигрантските групи и давателите на услуги. Еден од извештаите на таа порота го постави прашањето за тоа дали непрофитните засолништа во кои се сместени деца имигранти без придружба треба да ги задржат своите државни лиценци, што доведе до јавна расправија на ДеСантис со католичкиот надбискуп на Мајами. Во 2023 година, законодавниот дом на Флорида ги привлече националните наслови со усвојувањето на СБ 1718, со кој се наложуваше здравствените служби кои прифаќаат долари од Медикејд да ги прашуваат пациентите за нивниот имигрантски статус, се бараше користење на Е-верификувај за приватни компании со 25 или повеќе вработени и воспостави кривични обвиненија за возење недокументирани лица преку државни граници – дури и за членови на семејството.

Оваа година, ДеСантис ги засили своите напади врз имигрантите со свикување на посебна законодавна сесија за „броба против нелегалната имиграција“ во државата. Резултатот: уште повеќе овластувања за гувернерот да ги казнува избраните функционери кои не успеваат да ги дадат своите „најдобри напори“ за да ја подржат кампањата за депортација на Доналд Трамп и барањето сите 67 окрузи во Флорида да склучат договори за соработка 287(г) со Службата за имиграција и царина. Локалните функционери кои се изјаснија против оваа присилна соработка добија закани со тужби, разрешување од функција, па дури и кривични пријави.

За да ја наметне свјата антимигрантска агенда, ДеСантис користел агенции како што се Одделот за спроведување на законот на Флорида, Патролата на автопатот на Флорида и Комисијата за риби и диви животни на Флорида на невиден начин. Во последните три години, ДеСантис има распоредено членови на овие агенции за да помогнат во операцијата „Осамена ѕвезда“ на Тексас, милитаризирана кампања против луѓе кои ја преминуваат границата. Во февруари, Автопатската патрола на ДеСантис го потпиша првиот 287(г) договор на Работната група со Службата за имиграција и царина на Трамп, додавајќи над 1.500 ревносни припадници на државната полиција во опсесивната иницијатива на државата да притвори што е можно повеќе имигранти од Флорида. ДеСантис дури создаде и своја Државна гарда како дополнување на Националната гарда на Флорида, која работи исклучиво под контрола на неговата администрација и служеше како претходница за неговите „шокантни и стравопочитувачки“ рации на работните места низ целата држава.

Резервираниот одговор на Мајами-Дејд

Во ова авторитарно опкружување, потегот на ДеСантис да заземе земјиште во сопственост на округот Мајами-Дејд, вредно околу 195 милиони американски долари, наиде на речиси никаков отпор од страна на локалните претставници. Мајами-Дејд е округот со највисок процент на имигрантски жители во Флорида, каде што над 54 отсто од жителите се родени во странство и повеќе од 70 отсто се Хиспанци. Сепак, додека државните органи за спроведување на законот се упатија на локацијата на аеродромот за обука и транзиција Дејд-Колиер во Еверглејдс, градоначалничката Даниела Левин Кава понуди само скромен отпор, испраќајќи технократско писмо до гувернерот во кое ја наведува својата еколошка и финансиска загриженост во врска со проектот. Кога на еден настан следниот ден беше прашана дали милсли дека „Алигатор Алкатраз“ е добра идеја, Кава – која победи на реизборот на прогресивна платформа и се спротивстави на договорите 287(г) и на согласноста со притворачите на Службата за имиграција и царина во минатото – рече само дека „веруваме дека граничната контрола е важна. Веруваме дека имигрантските криминалци треба да бидат повикани на одговорност“.

На 26 јуни, кога избирачите се појавија на состанок на Окружната комисија за да го повикаат округот да се спротивстави на понатамошна соработка со Службата за имиграција и царина, замениците на шерифот извлекоа жена од салата откако таа поставила појаснувачко процедурално прашање. До денес, ниту еден претставник на округ јавно не изразил какви било морални забелешки за опасниот центар што се гради на нивното земјиште, иако многу од нивните избирачи веројатно ќе бидат оние штп ќе бидат збиени во неговите шатори.

Уништување и соучество

Потенцијалните влијанија од планот на Флорида се катастрофални. Од хуманитарна перспектива, лудото брзање да се отвори центар за притвор за 3.000 лица е неодговорно и опасно. Затворањето на имигранти во шатори среде мочуриште за време на сезона на урагани во Флорида е намерно сурова шема дизајнирана да им нанесе страдање на оние кои се држат таму. Таквиот вид суровост потсетува на нехуманиот шаторски град на шерифот Џо Арпајо во Аризона, што беше затворен по години тужби од малтретирани затвореници.

Еколопки, „Алигатор Алкатраз“ се заканува на еден од еколошки најзначајните и најкревки предели во Северна Америка. Предложената локација е опкружена со чувствителни живеалишта што се веќе под зголемен притисок од климатските промени, инвазивните видови и човечкото уништување. Тешката инфраструктура и зголемената активност поврзана со високо-обезбедениот центар за притвор-вклучувајќи осветлување, патен сообраќај, бучава, испуштање вода и содавање отпад- понатаму би ги фрагментирале коридорите за диви животни и би ги деградирале екосистемите заштитени според федералниот и државниот закон.

Исто така, постојат сериозни прашања за тоа како таквото место би заштитило секој вид на соодветна постапка за имигрантите. Дали притворените во овој центар за притвор во Еверглејдс ќе имаат пристап до адвокати? Дали најблиските ќе можат да ги посетуваат и да останат во контакт со притворените? Дали ќе има надзор од страна на групи на трети страни врз условите во овој центар за притвор и третманот на притворените таму? Со оглед на ужасните услови во други установи за притвор во Флорида, како што е центарот за притвор Кром, каде што се детално опишани пренатрупаноста, недостатокот на хигиенски производи, медицинска помош, недостатокот на пристап до тоалет и општите злоупотреби, малтретирањето на притворените имигранти се чини неизбежно – и намерно.

Фискалното влијание на планот е исто така шокантно. На Мајами-Дејд наводно му се понудени само 20 милиони американски долари компензација за земјиште проценето на вредност од 195 милиони американски долари, што би се плаќале од средставата за катастрофи наменети за справување со екстремните временски настани што ја погодуваат Флорида со сé поголема фреквенција. За домородните народи на Флорида, местото е непроценлива света земја. А за сите кои ја ценат природата на Флорида и нејзината клучна улога во екосистемот на државата, не може да има фер замена за уништувањето на Еверглејдс. На државно ниво, годишните трошоци за работење на ова место се проценуваат на 450 милиони американски доалри. Само минатиот месец, законодоавното тело на Флорида ја продолжи својата годишна седница неколку недели поради несогласувањата околу државниот бузет. А следната година, државата ќе се соочи со сериозен буџетски дефицит од 2.8 милиони американски долари.

Авторитаризмот се влошува кога на функционери како Рон ДеСантис им е дозволено да владеат со декрет. Дури и пред „Алигатор Алкатраз“, ДеСантис го имаше дефинирано своето политичко наследство со радосна суровост кон имигрантие. Но, преку нивната неактивност, локалните Демократи избрани на функција сега станаа соучесници во дехуманизацијата на своите жители и уништувањето на нивните заеднички природни ресурси. Ако постои каква било надеж за запирање на авторитарното лизгање на Флорида, власите на Мајами-Дејд ќе мора конечно да застанат во одбрана на своите изборачи и да им се спротивстават на оние кои профитираат од нивното страдање. Ако не, нивното наследство засекогаш ќе биде оцрнето поради неуспехот да се запре хуманитарното, еколошкото, правното и финансиското уништување од страна на администрацијата на ДеСантис.

Извор: Truthout.org

Обработка: ЦИВИЛ МЕДИА, превод: Н. Цветковска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дехуманизацијамигрантиСАДцентар за притвор „Алигатор Алкатраз“човекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ