• Latest
Добро утро со Орданоски

Добро утро чаршијо на сите четири страни!

December 18, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Добро утро чаршијо на сите четири страни!

December 18, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]М[/dropcap]инатата недела ја проследивме обесхрабрувачката дискусија околу начинот на кој се одвиваат започнатите реформи во правната сфера: се поднесоа оставки, се најавија нови, слушнавме искажувања за некоординираност на процесите и на експертите, има натпревар помеѓу едни и други групи реформатори, па дури и сомнежи дека постојат „јавни“ и „тајни“ агенди за реформите туркани од (извесни) „центри на моќ“, сѐ до возобновување на теориите за „тефтерчето на Јанкуловска“ кое, наводно, сменило раце, и дека „сѐ е исто, само Него го нема“…

Мене ништо од ова не ме зачудува. Околу приказната за реформите се зафатени некои од најрепрезентативните правни експерти во државата – и тоа не се само овие кои гостуваат по телевизиски емисии – а кога имате такви големини (особено од Куријата на Правниот факултет на УКИМ!), тогаш во „игра“ мора да влезат и нивните суети, историјати, ангажмани, колоритни интереси и карактерни особини. Таа „чорба“, и кога сите имаат најдобри намери, е тешко да се „свари“.

Плус, има уште едно ниво кое јавноста не го гледа: експертите на Европската комисија во Брисел, кои „во позадина“, игнорантски и бирократски како што си знаат, ги „калапат“ реформите, според сопственото кратко памтење дека беа здушни соработници на претходната влада, кога на правната држава во Македонија ѝ се пресуди „доживотна“, без право на жалба!

Работите стануваат уште покомпликувани кога во процесот недостасува политичко лидерство. Актуелната постава во Министерството за правда, кое е надлежно за овој дел од реформите во државата, е со „куси пантолони“ во однос на општествено-политичките и стручни капацитети на ангажираниве експерти. И тоа не би било несовладлив проблем доколку постои политички авторитет и желба процесот да се води со сигурна рака и со визија за тоа каде се сака да се стигне.

Во случајов, во Министерството не само што недостасува лидерство со визија, туку, од деталите што ги слушнавме низ јавните експертски искази, немаме дури ни менаџерски капацитет за продуктивна организација на работата. На здравје.

Следствено, „топката“ се префрла едно ниво погоре: на што се надеваше г. Али Ахмети кога ги предлагаше некои од своите министерски решенија за оваа Влада? Намерно сакаше да ги закочи процесите во важни ресори или си мислеше, како што го убедуваше г. Груевски, дека новава влада секако кратко ќе трае и дека, по локалните избори, пак ќе се прегрнат за братски да си владеат како во минатите десетина години?

А потоа и г. Зоран Заев: кога ги прифаќаше кадровските решенија на Али – не само владините, туку и некои од градоначалнициве на ДУИ, од кои на секој пристоен демократ може коса на глава да му се крене – мислеше дека приказната за „Живот за сите!“ е толку моќна, што не е ни важно кој е квалитетот на луѓето кои треба да раководат со процесите тој живот навистина и да пристигне?

Во вакви ситуации, како и со оглед на тоа дека станува збор за, веројатно, најважната општествено-политичка реформа во овој миг во Македонија, се наѕираат три можности за некаква интервенција: да се распуштат советодавните тела и целата реформа да се истера без нив, со внатрешните капацитети со кои располага Владата (плус поединечен и прецизиран ангажман на експерти од надвор); да се „отпушти“ министерот за правда кој нема ниту менаџерски капацитет, ниту лидерска визија, за водење на овој важен и деликатен процес; или самиот премиер да се стави на чело на тие реформи, директно, со седење на состаноци по работните групи, барем додека не се „откочи“ овој заглавен процес.

Која варијанта и да се одбере, работата се чини итна. Ова „добро утро чаршијо на сите четири страни“ нема да даде посакуван резултат. Ако, воопшто, сме согласни за тоа што е „посакувано“ во овие реформи.


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: Али АхметиБриселвладаГордана ЈанкулоскаЗоран ЗаевНикола Груевскиправосудствопроцесреформитефтерче
Share119TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ