• Latest
Добро утро со Орданоски

Еден задоцнет пријателски совет

October 4, 2018

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Еден задоцнет пријателски совет

October 4, 2018 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]А[/dropcap]лександар Николовски така се беше залетал и запењавил доцна вечерта соопштувајќи ги ставовите пред камерите по состанокот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, што морав да го проверам датумот во календарот: не, бе, не е април 2017, не е ни февруари 2015, па дури ни декември 2012 година – октомври е, 2018! Што му стана на човеков за да демонстрира таква агресија и таков заканувачки тон – како кога ги читаа, памтите, посмртниците за западните амбасадори во онаа приквечерина на Долгите Ножеви – па со зацрвенети од возбуда образи, во идно-минато време диктира услови до власта како штотуку да победиле на изборите кои имаат намера да ги бојкотираат.

Туф, туф, туф… Да се смрзнеш од страв од одлуките што ги донел ИК на ДПМНЕ пак да ја земат Македонија во заштита од домашните предавници и светскиот заговор! И тоа баш дента кога некогаш арогантната и семоќна г-ѓа Гоца-Брк Јанкуловска утрото се расплака во судот на завршетокот на најлесниот судски предмет од десетината пред кои е кривично исправена.

Не многу часови пред тоа во Москва, по заедничката средба на врвот, Вучиќ соопшти дека добил сè што побарал од Путин, само не може отворено да каже за што разговарале. А бидејќи најважното што го разговарале, знаеме сите, е Косово, може ли таков српско-руски муабет да се води без да се вмеша и Македонија на масата, во тајните гаранции на Путин до Вучиќ? Еве, јас не сум паметен, вие кажете…

Впрочем, само пред два дена, во официјалните изјави и од Вашингтон (Бејли и усно ни ја прераскажа) и од Брисел, во апелот за разум до Мицкоски, доминираат зборовите „регион“, „стабилност“ и „безбедност“. Груевски и Мијалков (инсистирам, по тој редослед) мислеа дека се поголеми курнази од овие што имаат 24/7 дежурен авакс врз Македонија и дека, кога и на нив им го соопштуваа истото што сега, сè уште воспитано, му го кажуваат на Мицкоски, можеа лаконски да поминат со а-бе-кој-ги-е… За овие со аваксите не знам кој ги…, ама за нашиве точно знам кој ги пое…

За што плаче сега Гордана во суд, ве молам? Или она не била информирана за сè, како што ми личи токму сега и овој тинејџерски забревтан Николовски дека ќе раскажува наоколу кога ќе цмиздри за некое време? А што пари, време и енергија потроши германскана фондација „Конрад Аденауер“ за да ги научи вмровците како се држат политички нож и виљушка на цивилизирана европска маса во 21 век, за сега еден Мицкоски да си ги избрише чевлите од ЦДУ на Меркел како да се работи за чергата на некаков Стевчо Јакимовски на враќање од Ниш!

Сирот Јанко Бачев, што енергија и надежи вложи дека тој ќе биде рускиот фактор во Македонија. Во силен налет на најновите инструкции, ВМРО-ДПМНЕ го прегази како лепешка на друм!

Она што се обидувам да го кажам е дека влегуваме во мнооогу непријатна фаза, лоша за цела Македонија, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ тукушто ги подигна влоговите за дестабилизирање на регионалната стабилност, што резултира со (повторно) палење на сите ноќни светла не по дипломатските, туку по оние западни канцеларии каде висат воени карти од Балканот на ѕидовите. Занимливо, не така одамна, и Груевски (а пред него и Љубчо Георгиевски) потполно пропушти да забележи кога од само проблем на Стејт Департментот, стана проблем и на Пентагон… Толку ли сте глупави, ни од сопствените грешки не учите – и тоа откако и американскиот секретар (!) и германската министерка за ОДБРАНА дојдоа да ве посетат во Скопје, чест да ви направат?!

Ете, затоа, да ви кажам пријателски совет, после 35 години разни искуства со нив низ целиов Балкан: кога ќе ви дојде задоцнетиот час, тие што ќе ве посетат нема да носат кожни чевли и штикли што ќе ви труцкаат по вештачкиот мермер што сте го монтирале во она кичерајско, малограѓанско партиско седиште; овие носат гумени ѓонови и не летаат со редовни комерцијални линии, па нема ни да насетите кога ќе ви дојдат од зад грб со предлог што нема да можете да го одбиете. Прашајте го како изгледа тоа овој, што ве храбри дека сега е време да издржите, оти во март се враќате на власт. Абдали, тој во март секако ќе биде на друго место.

А зошто ќе ви се случи сето ова? Ај што сте против волјата и историските интереси на најголемиот број граѓани на Македонија, тоа вие секако поинаку го интерпретирате во вашите вмровски догми; туку погрешно ве брифирале за тајмингот, бидејќи сега не е време кога можете да мислите дека ќе го срушите Заев, оти сте подраниле барем една историска холивудска епизода порано. Ама вам ви се брза, плачете по судови.

Затоа, кој нема стомак да го издржи она што ќе следува, сега му е вистинско време да се повлече од игранкава. После на солзите ни во Москва нема да ви веруваат.

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: vmro dpmneАлександар НиколовскиБалканБејлиВучиќГордана ЈанкуловскаГруевскиЈанко БачевКосовоМакедонијаМијалковМицкоскиПутинРусија
Share1183Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ