• Latest

Египет е столб на стабилност во регионот, Договорот со ЕУ е голем историски потег, смета потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас

March 19, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Египет е столб на стабилност во регионот, Договорот со ЕУ е голем историски потег, смета потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас

March 19, 2024 09:47
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Договорот ЕУ-Египет не е само за мигрантското прашање, туку опфаќа широка програма за поддршка на египетската економија и навистина претставува голем историски потег, истакна потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас во интервјуто за грчката телевизија „ЕРТ“, јави дописничката на МИА од Атина.

Схинас посочи дека „не гледаме секој ден пет премиери од ЕУ и претседателката на Европската комисија заедно и координирано да посетуваат трета земја за да потпишат договор од таков обем“.

-Иако често се претставува како договор за миграцијата, Договорот ЕУ-Египет е сеопфатно стратешко партнерство кое не ја опфаќа само миграцијата, туку и широка програма за поддршка на египетската економија. Египет е столб на стабилноста во регионот. Со овој договор му помагаме на Египет да застане на свои нозе, во економијата, на пазарот на трудот, во животната средина, во енергетиката. Тоа е навистина голем историски потег, рече Схинас.

За мигрантското прашање истакна дека „улогата на Египет во управувањето со миграциските бранови е клучна за Европа“, иако, како што објасни, од оваа земја нема пристигнувања во Европа, туку „проблемот е на границата меѓу Египет и Либија, каде што е потребна поголема контрола“.

Во однос на ситуацијата на грчкиот остров Гавдос, каде што во изминатиот период имаше зголемени мигрантски бранови, потпретседателот на ЕК рече дека „не сме до точка да говориме за загрижувачка ситуација“, како што беше случај на италијанскиот остров Лампедуза.

-Ако има влошување на ситуацијата, имаме искуство, средства и волја за да се справиме со тоа, посочи Схинас.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕгипетЕКСхинас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result