• Latest

Фуере: Нема правда – нема мир! (ВИДЕО)

March 28, 2018
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Фуере: Нема правда – нема мир! (ВИДЕО)

March 28, 2018 07:00
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кога ЦИВИЛ Медиа разговараше со Ерван Фуере во мај 2016 година, тој изрази силна и недвосмислена поддршка на Шарената револуција, во времето на незапирливиот бран на антирежимски и продемократски протести кои избувнаа низ цела Република Македонија. Тогаш, Фуере го изнесе заклучокот дека ситуацијата во земјата е влошена и нагласи: „Властодршците мора да паднат и да се соочат со полната сила на законот“.

На 26 март 2018, ЦИВИЛ Медиа го праша Фуере за неговите перцепции за новата влада и за ситуацијата во земјата воопшто, две години по Шарената револуција и една година по превирањата кои го следеа формирањето на пост-режимската влада.

ФУЕРЕ: Морам да кажам дека ми претставува големо задоволство што сум повторно во Македонија, во средина каде што луѓето сега можат да зборуваат слободно, без страв, без малтретирање, без физичко заплашување и исто така, без сите страшни притисоци што претходната власт ги користеше за да врши контрола, за да им забрани на луѓето, граѓанските организации и медиумите да работат независно и да функционираат како што би се очекувало во нормално демократско општество. Не постоеја контролни механизми што се прифатени во едно демократско општество. Сега имаме една толку освежувачка атмосфера, затоа што новата влада воопшто не губеше време да го замени стравот со отвореност, тајноста на претходната власт со транспарентност, со воспоставување дијалог со граѓанското општество, со медиумите и прави колку што е можно повеќе да се надомести изгубеното време во однос на реформите за интеграција во ЕУ. Сите реформи кои веќе беа идентификувани во изминатите години, но кои претходната власт воопшто не ги спроведе.

Секако, тоа претставува и огромен предизвик за новата влада и за тоа ќе биде потребно време. Но, луѓето разбирливо се нетрпеливи, особено во однос на прашањата за наводните криминални активности и за злоупотребата на моќта, кои беа особено евидентни во прислушуваните разговори. Мојата порака и сега е иста со онаа што ја имав пред две години кога разговаравме, а тоа е дека тие кои беа одговорни, кои беа инволвирани во сите овие активности, кои се под истрага на Специјалното обвинителство, мора целосно да се соочат со полната сила на законот.

Затоа што мора да се покаже дека законот важи подеднакво. Тие што беа на власт мора да одговараат за тоа што го имаат сторено и колку побрзо тоа може да се направи, толку подобро. Мирот може да се врати. Разбирливо, луѓето сакаат да ја видата правдата спроведена. А тоа беше и паролата на Шарената револуција – Нема правда, нема мир.

Значи, мислам дека тоа е најверојатно еден од најголемите предизвици со кои се соочува оваа влада, имено, да се осигури дека судството функционира како што треба, како независно судство, а сите тие истраги и случаи конечно да се разрешат. Доколку не грешам, поминати се три години од првите разоткривања. Сепак, ако точно разбирам, никој не е во затвор за тие дела кои беа објавени во прислушуваните разговори. Тоа е долго време за луѓето да чекаат правдата да се спроведе, така што се надевам дека судството ќе ја разбере потребата да се дејствува брзо по овие прашања.

Ерван Фуере во ЦИВИЛ, 26 март 2018

ЦИВИЛ Медиа: Кои се Вашите препораки за новата влада?

ФУЕРЕ: Секако дека владата мора, а и сигурен сум дека тоа и го разбира, по секоја цена, дека мора да избегнува да го прави тоа што претходната влада го правеше, односно, да не се меша во судството, да не врши притисок на судиите и на сé друго за што можеше отворено да се слушне во прислушуваните разговори.

Толку се очигледни доказите за мешањето, за притисокот што го користеше претходната влада… Значи оваа влада сфаќа дека не смее на било кој начин да се меша. Но, истовремено, мора реформите во судството да бидат прашање од ургентен карактер.

Прво, мора да бидеме сигурни дека ваквата состојба на заробена држава нема да се повтори, состојба што беше забележана и јасно идентификувана од страна на Европската унија и сите други меѓународни организации, како нешто што се случува тука, каде сите владини институции беа заробени од владата, сите државни институции беа заробени од владата и дека мора да постои ситуација тоа да се избегне во иднина.

И второ, дека судските процеси мора да се видат како функционираат правилно. Со други зборови, дека судиите се таму да дејствуваат како независни претставници на законот и дека треба соодветно да постапуваат. А телата за надзор, судските надзорни тела кои се назначени од парламентот и владата, мора да бидат тела кои исто така функционираат независно за да се обезбеди постоење процес во судството. Можеме да се надеваме дека судството ќе се реформира само по себе, но сега гледаме големо доцнење во истрагите. Доцнење кое, секако, оди во прилог на оние што се под истрага.

Затоа, мислам дека треба нешто да се стори во врска со тоа, а тоа е дека постојат многу независни меѓународни судски авторитети кои би можеле да се искористат за да помогнат со реформскиот процес. Владата не треба да се колеба, туку да ги повика овие меѓународни правни авторитети, за човековите права, кои беа повредени во минатото, да можат да се почитуваат и да може да се види како процесот во судството функционира за секого.

Џабир Дерала

Превод од англиски: Наташа Цветковска

Камера: Дехран Муратов


Н.Е. Амб. Ерван Фуере (1946), Ирска, професионален дипломат на ЕУ. Шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Словенија, Јужна Африка и Мексико. Дипломира Граѓанско право, 1967 и Право во 1968 на Даблинскиот универзитет, диплома на Европски студии во Европскиот институт во Ница, 1969, постдипломски асистент за истражувачка дејност на Институтот Макс Констам во Брисел, 1970-72. Награда од Редот на добрата надеж, класа 2, Висок офицер од јужноафриканскиот Претседател Нелсон Мандела (1998).

Фуере има богата кариера која трае 38 години во институциите на ЕУ, на различни позиции и со високи одговорности, особено во секторите за надворешни работи на ЕУ. Сега, Ерван Фуере е научен соработник при Центарот за европски политички студии (ЦЕПС).

 

Претходни интервјуа со Ерван Фуере: Во 2011: „Примери, морални вредности и политичка култура… Личeн поглед“. Интервјуто беше објавено во Решенија“, публикација за политичка култура и дијалог, поддржана од Balkan Trust for Democracy, а веднаш потоа беше и на насловната страница на политичкиот неделник „Фокус“.

Во 2016: „Властодршците мора да паднат и да се соочат со полната сила на законот“, на медиумската платформа на ЦИВИЛ, на македонски, албански и англиски јазик.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е поддржана од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија и е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“.

 

Tags: демократијаЕрван ФуереЕУрежимреформиСЈОсудствочовекови праваШарената револуција
Share122TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ