• Latest

Говор на омраза во Кичево

December 13, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Говор на омраза во Кичево

December 13, 2017 17:07
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Катерина Матевска на 7 декември на својот фејсбук профил објавува дека е кандидирана за претседателка на Општинската организација на СДСМ во Кичево.

Покрај многубројните честитки и желби за успех, не изостануваат коментарите кои директно или суптилно упатуваат на нејзино повлекување од трката за оваа функција. А сиот тој говор придружен со навреди, клевети, вулгарности, па и закани, не доаѓа како што се очекува од сегашната опозиција, туку од внатрешните редови на партијата.

„Пријавив во полиција за навреди, омаловажување, говор на омраза на социјалните мрежи против мене. Најверојатно се работи за најмени луѓе по налог на некого од Кичево за да ме исфрлат од игра за претседател на општинската организација на СДСМ во Кичево. Ниту е платена функција, ниту е нешто посебно, освен за организациски развој на СДСМ на општинско ниво, ама ете внатрешното гнило крило на партијата, што соработуваше долги години со режимот на штета на партијата и на цела држава, вклучи машинерија за ширење на клевети, навреди, закани…“ – изјави Матевска за ЦИВИЛ Медиа.

Говорот на омраза, жестокиот и вулгарен напад на Матевска не го поштеди ни нејзиното семејство. „Целта е да ме згазат целосно, за да не профункционира ОО СДСМ во Кичево. Јас сум член на СДСМ, ама гнилоста што ја имаме во партијата, доведува да бидеме таргет на некои криминални групи“ – додава Матевска.

Оваа немила ситуација само говори за тоа во колку грда состојба е општеството. Без морал и без скрупули, се бранат интереси со сите средства. Ако ваква црна кампања се води во битка за претседател за општинска организација на партијата во Кичево, каква ли борба ќе се водеше доколку Матевска, на пример, се кандидираше за претседателка на државата?

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: говор на омразаКичевоопштинска организацијаСДСМ
Share648Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result