• Latest

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за одржување на граѓански протест на 18 јуни

May 17, 2022
Фото: ДИК

ДИК, ДКСК и ДЗР потпишаа Меморандум за соработка за Локалните избори

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на
euronews

Макрон ќе понуди „научни докази“ пред американскиот суд за да докаже дека неговата сопруга, Брижит е жена

September 18, 2025
industrial-cooling-towers-energy-facility
Source> Freepik

Србија преговара со Русија за изградба на нуклеарна централа

September 18, 2025
Man installing alternative energy photovoltaic solar panels on roof

Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија

September 18, 2025
Фото: ЦУК

Вкупно 25 пожари на отворен простор од кои активни се три пожари, а два под контрола во изминатото деноноќие

September 18, 2025
претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, на прес-конференција во Белата куќа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Федералните резерви ги намалуваат каматните стапки, предупредуваат за застојот на пазарот на трудот во САД

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на
24 Канал

Дмитриј Козак, соработник на Путин кој се спротивставува на војната во Украина, поднесе оставка од функцијата во Кремљ

September 18, 2025
Обожавателите пред студиото на Џими Кимел протестираат против прекинувањето на емисијата. Фото: Скриншот од видео на ВВС

ABC ја повлече емисијата на Џими Кимел „на неодредено време“ по заканата од администрацијата на Трамп

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израелските тенкови навлегуваат во една од најгусто населените станбени области во Газа

September 18, 2025
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за одржување на граѓански протест на 18 јуни

May 17, 2022 09:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за одржување голем граѓански протест што ќе се одржи на 18 јуни, изјави потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски, соопштувајќи ги одлуките од вечерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува МИА.

Тој информира дека во наредниот период не се исклучени и други дополнителни чекори, како и дека ќе продолжи активната блокада на Собранието што ја почнаа минатата недела со што ги стартуваа активностите што ги најави партискиот лидер Христијан Мицкоски со цел да се издејствува одржување предвремени парламентарни избори.

-Ова е протест за промени и за сериозно обединување на граѓаните кои се незадоволни од политиките на Владата. Основната причина за донесување на ваквите одлуки, за жал, е отсуството на каква било подготовеност на премиерот и владејачката гарнитура за воспоставување вообичаен политички дијалог со опозицијата и барем минимум државно единство во поглед на нашите барања за изнаоѓање решение околу одредени кризни состојби и предизвици со кои се соочува подолг временски период нашата држава, рече Муцунски.

Идните активности, како што рече, ќе бидат уште еден импулс за предизвикување предвремени парламентарни избори, каде што на тест ќе биде довербата на Владата.  Државата, оцени Муцунски, може да организира избори за помалку од два месеца.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата не покажала адекватна способност за соочување со економската и финанансиската криза придружена со постојат пораст на цените и висок процент на инфлација, јавниот долг на државата се зголемил енормно, странските инвестиции се на исклучително ниско ниво…

Муцунски дополни дека државата има неефикасна и неодговорна дипломатија за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ, а функционирањето на правосудниот систем и понатаму е тема на загриженост од страна на меѓународните фактори од каде ни се упатуват кредибилни забелешки.

-Рееформите на нефункционалната и дополнително партизирана администрација се во целосен застој. Нетранспарентноста и високиот степен на корупција се уште претставуват суштинска пречка за враќање на изгубената доверба на граѓаните во институициите на државата и политичарите.   За инцидентите со автобуската несреќа кај Ласкаарци, изгорената монтажна болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугаријај се уште нема никаков вид на одговорност.  Доколку на тоа се додадат и резултатите од последните локални избори кои владејачката партија ги постави на ниво на одлучувачки во поглед на идното владеењето со државата и на кои ВМРО-ДПМНЕ извојува силна победа, повеќе од јасен е заклучокот дека единствениот излез од овие исклучително тешки состојби е одржувањето на вонредни парламентарни избори, а на кои граѓаните ќе одлучат кому ќе му ја дадат довербата да ја води државата,  изјави Муцунски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    241 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    200 shares
    Share 80 Tweet 50
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ