• Latest
Добро утро со Орданоски

Имало Господ и за нашата Црква!

May 11, 2022
Фото: Фејсбук на претседателот на Собрание и кабинет на претседател на Северна македонија

Силјан(овска) штркот и арчењето народни пари на туристички патувања на државните функционери

February 6, 2026
Фрагмент од плакатот на документарецот „Сараево Сафари“ од Миран Жупанич.

САРАЕВО САФАРИ: Мрачната туристичка индустрија на викенд-убијци на цивили во опсадениот град

February 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Што ќе каже премиерот, тоа ти е

February 5, 2026

Зошто системот потфрли: ЦИВИЛ започнува со објавување на анализата на проф. д-р Александар Иванов за управувањето со ризици и вонредни состојби во Северна Македонија

February 5, 2026

Хоџиќ: Македонија стана прокси држава на Орбан и Вучиќ – втора рака подизведувачи на деструктивни политики во регионот

February 5, 2026

Вили изградени со европски пари – словачкиот премиер Фицо во средиштето на скандалот

February 5, 2026
Илустрација ВИ

Од извештајот„Ненаучени лекции“: Локални избори 2025 – „Мирен“ изборен ден во сенка на дезинформации и институционални пропусти

February 5, 2026
Џелал Хоџиќ, СДА Македонија, 1 февруари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Хоџиќ: Неодговорната власт ја внесе земјата во криза, време е за демократска акција

February 4, 2026

Вози Мишко – кога системот замижува, а потоа удира со пендрак

February 4, 2026
Фотомонтажа: Скриншот од YouTube видео на ВМРО-ДПМНЕ

Зошто ВМРО бега од ДПМНЕ?

February 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Зошто системот потфрли: ЦИВИЛ започнува со објавување на анализата на проф. д-р Александар Иванов за управувањето со ризици и вонредни состојби во Северна Македонија

    Хоџиќ: Македонија стана прокси држава на Орбан и Вучиќ – втора рака подизведувачи на деструктивни политики во регионот

    Вози Мишко – кога системот замижува, а потоа удира со пендрак

    Европа и САД ќе разгледаат координирана воена акција ако Русија систематски го прекршува идниот прекин на огнот

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Русија не ги напушти терористичките методи, нападна породилиште и цивилен автобус

    Газа (скриншот од видео снимка)

    Поранешни високи европски официјални лица ја повикуваат ЕУ на притисок врз Израел за правата на Палестинците

    Фотографија: Unsplash

    Њујорк Тајмс: Иран не е Венецуела – зошто заканите на Трамп носат ризик од регионална војна

    Џелал Хоџиќ, 31 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

    Хоџиќ, СДА Македонија: Земјата е во општествена криза, време е за демократска акција

    Сцена од музичкото видео ICE F**K YOU - Scared Ketchup

    ICE F**K YOU: Протестна поп-панк експлозија од Scared Ketchup за убиствата во Minneapolis

    „Streets of Minneapolis“ – протестна песна на Брус Спрингстин за „чизмите на окупаторите“ во Минеаполис

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Фото: Фејсбук на претседателот на Собрание и кабинет на претседател на Северна македонија

    Силјан(овска) штркот и арчењето народни пари на туристички патувања на државните функционери

    Зошто системот потфрли: ЦИВИЛ започнува со објавување на анализата на проф. д-р Александар Иванов за управувањето со ризици и вонредни состојби во Северна Македонија

    Џелал Хоџиќ, СДА Македонија, 1 февруари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

    (ВИДЕО) Хоџиќ: Неодговорната власт ја внесе земјата во криза, време е за демократска акција

    Стерилизирана владина програма за 2026: судството нереформирано, европската агенда блокирана

    (РЕАКЦИИ) „Криминална, неспособна багра“ – избор од коментарите на прашањето на денот: Што мислите за тврдењата на власта дека инфлацијата е намалена?

    Илустрација ВИ

    Од извештајот „Ненаучени лекции“: Меѓу демократскиот аларм и ограничениот политички досег – СДСМ во опозиција (19)

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што прават властите да се справат со секојдневните проблеми на луѓето?

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Кога политиката и глупоста ќе се сретнат

    Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

    Поради маглата има откажани и летови што се реализираат со задоцнување во аеродромот во Скопје

    Кој знаел, кој дозволил, кој премолчел? – Родителите на жртвите од „Пулс“ со нови барања до Обвинителството

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Фото: Фејсбук на претседателот на Собрание и кабинет на претседател на Северна македонија

    Силјан(овска) штркот и арчењето народни пари на туристички патувања на државните функционери

    Фрагмент од плакатот на документарецот „Сараево Сафари“ од Миран Жупанич.

    САРАЕВО САФАРИ: Мрачната туристичка индустрија на викенд-убијци на цивили во опсадениот град

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Што ќе каже премиерот, тоа ти е

    Вили изградени со европски пари – словачкиот премиер Фицо во средиштето на скандалот

    Вози Мишко – кога системот замижува, а потоа удира со пендрак

    Фотомонтажа: Скриншот од YouTube видео на ВМРО-ДПМНЕ

    Зошто ВМРО бега од ДПМНЕ?

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Кога политиката и глупоста ќе се сретнат

    Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

    Мувлосан леб и ѕидови за работникот – фасадирани ѕидови со евра за елитата!

    Протест на работниците, Скопје, 28 јануари 2026 (фото извор: Рацин.мк)

    Власта нема монопол врз животот на работниците

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Имало Господ и за нашата Црква!

Македонија има мачен пат за сопствена стабилизација и меѓународна промоција во изминатите триесетина години, пред сѐ, заради сопственото соседско окружување. На тој пат решаваме проблем по проблем, поминувајќи ги „мостовите“ – што би рекле Англосаксонците – кога ќе дојдеме до нив на уште една од „реките“ што патемно треба да се „прегазат“. Еден од тие мостови, со помош на Цариград, тукушто совладавме.

May 11, 2022 06:45
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Црковно-религиските аспекти на решението на Вселенската Патријаршија канонски да ја признае Охридската Архиепископија претставуваат одредено разрешување на вековните контроверзии на зачмаените, здодевни, назадни православни политикантски верски расправии за тоа кој од кога постои како народ, кој што бил пред петстотини и илјада години, кому му е јазикот постар, кому му е темјанот позастоен, а брадата подолга. Во тие кругови, вообичаено, „меѓуцрковните“ запирки и точки се менуваат еднаш на сто-двесте години, бидејќи времето се мери во векови и милениуми, а само возните паркови, мобилните телефони и рачните часовници се од најновите модели.

Првичните реакции на „братските“ православни кругови на оваа одлука на Цариград се предвидливи и се движат од медиумските коментари дека е тоа „забивање нож в грбот“ на Бугарската Православна Црква, преку ставот на Руската Православна Црква дека за неа во Македонија постои само Српската Православна Црква, до грчката проценка дека се работи за „шах-мат“ на Вселенскиот Патријарх за српско-руските планови на Балканот, но и загадочниот првичен официјален молк имено на СПЦ по повод настанот – што е необично позитивен знак кога е СПЦ во прашање! Треба да се очекува дека и сите што сега молчат ќе си го кажат наскоро своето. Бидејќи, ако и кога ќе дојде прашањето за евентуалното официјализирање на црковниот томос – име, статус, јурисдикција и сл. – за автокефалноста на МПЦ-ОА, веројатно ќе излезат проблеми на виделина што сега и не мора да се очигледни.

Она што е позначајно за нашата поширока општествена заедница се современите домашни и геополитички реперкусии од ваквата одлука на Цариград. Тие доаѓаат во време на (повторно) „натегната“ внатрешно-политичка атмосфера во Македонија помеѓу власта и опозицијата, во услови на општопроширен цинизам кон државата, воопшто, и кон политиката, како таква. Контекстот е оптоварен и со актуелната вжештена руско-западна европска и глобална конфронтација, во која значаен дел од македонската јавност си ја држи страната на ужасната воена агресија на Путин во Украина, без оглед на ставовите на Русија за Македонија и за овдешната Црква.

А, да ја скратиме приказната, ова канонско признание на Охридската Архиепископија доаѓа и како директен резултат на повеќегодишните американски напори за стабилизација и просперитет на современата македонска држава. Познато е дека неколку години наназад високи американски дипломати, во повеќе јавни, а веројатно и подискретни наврати, одржуваа долги средби со Патријархот Вартоломеј во седиштето на Вселенската Патријаршија, од чии официјални соопштенија може да се заклучи дека е водена „долга дискусија на разни теми од заеднички интерес“. Сега е јасно – а и тогаш можеше да се насети – дека една од „темите“, повеќе од веројатно, била и оваа одлука на Вселенската Патријаршија.

Тоа, барем што се однесува до Македонија, ја „бетонира“ американската улога во развојот на регионалните прашања на Балканот, во што спаѓа и долгогодишното македонско-американско стратегиско партнерство, клучната асистенција на Вашингтон за постигнување на Преспанскиот договор, за влез на Македонија во НАТО, но и за тековното деблокирање на македонските интеграции во ЕУ – впрочем, додека ова се пишува, бугарскиот премиер Петков е сѐ уште во Вашингтон на разговори со своите американски колеги, меѓу другото, и за бугарските позиции за симнувањето на евро-ветото за Македонија во јуни.

Но, со оглед на домашните македонски партиски и непартиски расположенија, и оваа спектакуларна вест од Цариград веројатно ќе предизвика задоволство кај мнозинството и незадоволство и сомнеж кај помалиот дел од домашната јавност. Ќе има такви кои ќе се запрашаат зошто, баш, сега!? Дали е цариградската поддршка искрена или е на дело некаква нова „стапица“ за „вечноста“ на Македонија? Да не поминеме како Украинците со признавањето на нивната Црква од страна на Цариград? Како тоа ништо меѓународно позитивно не се случува за Македонија кога е ВМРО на власт, туку секогаш кога е СДСМ на кормилото на државата – мора да е некаков „гнил заговор“ во прашање… Итн.

Не е спорно дека веста од Цариград ја надминува важноста само за верските, па и само за православните кругови во државава. Македонија има мачен пат за сопствена стабилизација и меѓународна промоција во изминатите триесетина години, пред сѐ заради сопственото соседско окружување. На тој пат („Со Господ напред“?!) решаваме проблем по проблем, поминувајќи ги „мостовите“ – што би рекле Англосаксонците – кога ќе дојдеме до нив на уште една од „матните реки“ што патемно треба да се „прегазат“.

Еден од тие мостови, со помош на Цариград и нивните „помошници“, тукушто совладавме. Имало Господ и за нашата Црква!

Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Погрешни барања на погрешна адреса во погрешно време: Мицкоски продолжува со блокада на европскиот пат

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Њујорк Тајмс: Иран не е Венецуела – зошто заканите на Трамп носат ризик од регионална војна

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Вози Мишко – кога системот замижува, а потоа удира со пендрак

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Што ќе каже премиерот, тоа ти е

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • САРАЕВО САФАРИ: Мрачната туристичка индустрија на викенд-убијци на цивили во опсадениот град

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ