• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинители, судии и полицајци во списокот на „Актив1исти“ на Рама, Албанија испраќа уште еден тим за помош во Туркије, во Косово ден на жалост

February 8, 2023

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинители, судии и полицајци во списокот на „Актив1исти“ на Рама, Албанија испраќа уште еден тим за помош во Туркије, во Косово ден на жалост

February 8, 2023 12:19
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Покрај безбројните вести за билансот на жртви во земјотресот во Туркије и Сирија, во албанските медиуми денеска преовладува веста за наводниот скандал со објавениот список на активисти задолжени за кликање „лајкови“ и споделување содржини со позитивна акредитација за премиерот и одредени министри, а на кој список се наоѓаат голем број судии, обвинители и полицајци. Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

БАЛКАН ВЕБ: Објавен списокот на „Актив1сти“ на Рама со обвинители, судии и полицијајци  

„Денеска е објавена листа од над 260 страници на која наводно се наоѓаат имињата на луѓето кои ја преземале апликацијата „Akiv1sti” која  наводно мнозинството ја користи за зголемување на активноста на социјалните мрежи.

Списокот брзо се споделува на социјалните мрежи. Обвинители, судии и полицајците се дел од него.“, пренесе албанскиот медиум Балкан Веб.

АБЦ: Албанија испраќа уште еден тим за пребарување и спасување во Турција

„Друга албанска група за пребарување и спасување замина во Турција за да пружи помош во областите погодени од смртоносниот земјотрес. Веста ја соопшти премиерот Еди Рама, кој сподели фотографии на својата официјална страница на Фејсбук.“, пренесе албанскиот дневник АБЦ.

БОТА СОТ: Косовската влада ги одобри трите договори од Берлинскиот процес

„Извршната власт го одобри разгледувањето на предлог-законот за ратификација на договорот за слободно движење со лични карти на Западен Балкан.

Премиерот Албин Курти рече дека по одобрувањето во Владата овие три договори ќе бидат испратени до Собранието.“, пренесе косовскиот дневник Бота Сот.

ИНА: Денеска во Косово е ден на жалост

„Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, одлучи денеска во Косово да биде ден на жалост, во знак на почит кон жртвите кои ги загубија животите во земјотресот што ги погоди Туркије и Сирија.

Османи порача дека пред вакви трагедии треба да се застане на страна на оние на кои им е потребна поддршка.“, пренесе косовскиот медиум ИНА.

ФЛАКА: Пропаст на  руската слава во Украина

„Еден западен воен аналитичар пишува дека секогаш кога Русија била нападната од странски војски, таа ја добивала војната. Но, овој пат Русија врши агресија  кон соседна земја, и како таква ќе ја изгуби војната.“, извадок од колумната „Пропаст на руската слава во Украина“, од Мерџан Јакупи, објавена во македонскиот медиум на албански јазик Флака.

Д. Тахири

Tags: „Актив1ист“Албанијаалбански медиумиЗападен БалканизборКосовопомошРамарегионТуркије
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ