• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозициските протести во Тирана продолжуваат, американската амбасада во Албанија ги предупреди своите граѓани, нови детали од досието Мекгонигал

February 14, 2023

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозициските протести во Тирана продолжуваат, американската амбасада во Албанија ги предупреди своите граѓани, нови детали од досието Мекгонигал

February 14, 2023 12:12
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија продолжуваат протестите на опозицијата, а полицијата презема дополнителни безбедносни мерки околу албанското собрание. Американската амбасада ги предупреди своите граѓани во Тирана преку соопштение, во однос на безбедноста за време на протестите, а досието Мекгонигал се проширува со нови детали. Ова се дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

ТОП ЧАНЕЛ: Опозицијата повторно најави протести,  блиндирана зградата на Собранието

„Во исто време со  пленарната седница денеска во 17 часот се очекува да започне и протестот на опозицијата кој го повика поранешниот премиер Сали Бериша.

Додека социјалистите ќе бидат внатре на пленарната седница, демократите кои го поддржуваат Сали Бериша ќе бидат надвор на протести“, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.

БАЛКАН ВЕБ- Опозициски протести: Американската амбасада во Албанија ги предупредува американските граѓани во Тирана

„Американската амбасада во Албанија дистрибуираше порака до американските граѓани во Тирана за протестот што го свика опозицијата што ќе се одржи неколку часа подоцна.

Амбасадата објави податоци за локацијата на протестот, патиштата кои ќе бидат блокирани, распоредот и контактите за помош во случај на инцидент.“, пренесе БалканВеб.

ПАНОРАМА: По Мекгонигал, други поранешни агенти на ФБИ дошле во Албанија

„Според американските медиуми, Мекгонигал заедно со Агрон Неза купиле 25 отсто од акциите во една адвокатска канцеларија во земјава.

Оваа адвокатска канцеларија беше во ко-сопственост на друг поранешен агент на ФБИ, Марк Росини, кој беше прогласен за виновен во 2007 година за упад во досиејата на ФБИ и добивање информации за сметката на неговата поранешна девојка.“, пренесува албанскиот дневник Панорама.

БОТА СОТ – Курти: Нема гаранција дека и по признавањето Србија нема да продолжи со деструктивност

„Мора да ја зајакнеме нашата држава и покрај деструктивниот однос на Србија. Нема гаранција дека и по меѓусебното признавање Србија ќе продолжи да биде деструктивна кон нас. Тоа значи дека мора да изградиме државен имунитет против деструктивноста на официјален Белград“, рече меѓу другото косовскиот премиер  Курти за време на вчерашната седница на Собранието на која се расправаше  за дијалогот помеѓу Косово и Србија.“, пренесе косовскиот дневник Бота Сот.  

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: ЕУ апелира до Србија и Косово: Ние не сме „страна“, туку сме олеснувачи, веднаш спроведете го енергетскиот договор

„Европската унија ги повика Косово и Србија веднаш да започнат со спроведување на договорот за електрична енергија, постигнат во јуни минатата година. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, за РТВ21 изјави дека одговорноста за спроведување на договорот е на двете страни и дека ЕУ не е страна во дијалогот, туку ги олеснува договорите, вклучително и енергетскиот патоказ.“, пренесе косовскиот дневник Газета Експрес.

ЕПОКА Е РЕ: Трите албански политички струи во Косово по Втората светска војна и лекциите што можеме да ги научиме од нив

„Напорите за политичко-културно напредување и ослободување на Косово (по Втората светска војна) главно се карактеризираат со влијанието на три политички струи: револуционери, институционалисти и академици. Оваа типолошка поделба не значи дека овие три политички струи немале други карактеристики што ги разликуваат.“, извадок од колумната „Трите албански политички струи во Косово по Втората светска војна и лекциите што можеме да ги научиме од нив“ од авторот Фатмир Лекај, објавена во косовскиот медиум Епока е Ре.

Д. Тахири


Сите права се задржани.

 

Tags: албански медиумиБеришаенергетски договорЕУизборКосовоКуртиМекгонигалПротестиСрбијаТирана
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ