• Latest
Добро утро со Орданоски

Кога правдата има етничко потекло

March 23, 2018

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Кога правдата има етничко потекло

March 23, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]З[/dropcap]а жал, никој во македонската правна наука или во правосудниот систем – или барем јас (што значи јавноста!) не знам за тоа – не се занимава со проучување на третманот на етничките Албанци низ македонските судови. Затоа и немаме проверени споредбени статистики, на пример, за тоа дали и колку постои разлика во тежината и бројот на пресудите кога се етнички Македонци и другите националности во прашање, како би изгледале тие податоци споредено со етничката припадност на самите судии во процесите, кој е просекот на поминатите жалби во погорните судови, колку се времетраењата на тие процеси и чекањето на финални пресуди, има ли разлики во пресудените казни, дали има дискрепанци во судските практики во различни судови во државата и тн.

Такви статистички податоци на споредување на полицискиот или правосудниот систем и нивните практики во однос на расната, етничката, половата и друга припадност на „третираните“ граѓани, се вообичаено, општо место во развиените западни демократии. Од таму и знаеме дека, на пример, постои статистичка алармантна нееднаквост во третманот на црнците и белците во полициските практики во САД или за третманот на етничките малцинства низ судскиот или затворскиот систем во Велика Британија.

Врз основа на такви студии, демократските држави се во состојба да спроведуваат реформи на своите лоши политики, да ги унапредуваат состојбите во различни сектори и да насочуваат трошење на јавните пари за, навистина, јавно прифатливи и потребни цели. Во таа смисла, во Македонија, ние „климата“ главно ја нагаѓаме со влажен показалец изложен на ветер, зборуваме врз основа на впечатоци, зависно од политичките определби и врз нешто елементарно искуство, тука и таму со некој податок или со некое наврат-нанос спроведено мало невладино истражување…

Е, па, по сето претходно кажано, дозволете ми да ја донесам мојата пресуда: јас немам никакво сомневање – врз основа на импресии! – дека припадниците на помалите етнички заедници во Македонија, а особено етничките Албанци, се третираат различно од оние кога се етничките Македонци во прашање, и тоа најчесто на нивна штета, во сите судски, кривични процеси во кои нивната етничка припадност има некаков „политички“ аспект во предметите! Дури, си дозволувам да ја проширам оваа моја „пресуда“, па да кажам дека тој нееднаков третман – на штета на Албанците! – се однесува и на истражните, полициско-обвинителските фази во подготовката за делењето правда во Македонија.

Се разбира дека поводот за овој текст е драмата врзана за правосудното процесирање на смртта на малиот Алмир. Мене ми се чини дека е тоа уште еден во десетиците случаи во последните дваесет и кусур години во кои, само поради албанската етничка припадност, правосудството има поинаква политика во третманот на обвинетите, отколку кога би се работело за етнички Македонци. И, се разбира, на штета на Албанците.

Дополнително, се разбира дека нема друг начин да се влијае врз состојбите во нашето правосудство во контекстот за кој говорам, освен со протести, по можност жестоки, на улица, пред судовите и обвинителствата! И затоа и ги поддржувам протестите – макар и од комоцијата на залежаниот тросед во мојата дневна соба – со кои се бара да се врати квалификацијата на делото за кое се суди убиецот на Алмир!

Да, можете тоа дури да го наречете и барање за некој вид на „улична правда“, но во недостаток на друга, протестите се единствениот метод да се влијае врз матните коридори на стигнувањето до, каква-таква, правда во Македонија.

А кога би постоеле истражувањата и студиите за кои говорев на почетокот од овој текст, сигурен сум дека и голем број од моите добронамерни Македонци би се увериле дека, во правосудниот, „политичко“-кривичен третман на Албанците, македонското правосудство има сериозен проблем. Кај нас делењето на правдата има етничко потекло.

Ај рест мај кејс!

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

 

 

Tags: АлбанциАлмирзастапеностистражувањеКумановоподдршкаполитикиправдаправосудство
Share524TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ