• Latest

Кондев: Заложбите на Граѓанската повелба се основа за демократско живеење

March 17, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кондев: Заложбите на Граѓанската повелба се основа за демократско живеење

March 17, 2018 11:22
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Александар Кондев, фотограф и граѓански активист, учествуваше на работилницата „Граѓанска повелба-Што има тука за мене?“ во Скопје, организирана од ЦИВИЛ. Работилницата беше посветена на подобрување на меѓусекторската соработка и партерство меѓу локалната власт, граѓанското општество, медиумите и бизнис заедницата.

„Граѓанската повелба ги осветлува познатите искуства од граѓанскиот начин на живеење. Нејзината афирмација е основа на граѓанското живеење во сите демократски држави. Ако Македонија сака да живее во една демократска Европа, тогаш оваа платформа е основа на меѓусебните односи на граѓаните и на односот на граѓаните со државата и другите субјекти“, изјави Кондев.

„Граѓанска повелба – Што има тука за мене?“ е пилот проект преку кој ЦИВИЛ ќе продолжи да ја промовира Граѓанската повелба на еден поинаков начин. Целта на проектот е засегнатите страни во граѓанското општество, локалната и централната власт, медиумите, бизнис заедниците и политичките партии да се запознаат со содржината на Граѓанската повелба и да дискутираат за усвојување и користење на овој документ, како и можностите за заедничка соработка и партнерство.

Проектот „Граѓанска повелба-Што има тука за мене“ е поддржан од Меѓународниот центар за граѓанско општество.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Александар КондевГраѓанска повелбаработилницаЦивил
Share38Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result