Во што е играта? Едноставно, ние на Европа ѝ велиме – не нè интересира Унијата. Ние се држиме до Орбановата и Вучиќевата линија на разградување на Европа, во некаква завршна сметка која секако би донела некому лична корист.
Премиерот Мицковски на прес конференција, импровизирана деновиве, на новинарско прашање дека сè е многу тајновито околу британските пари и сообраќајната политика, одговори дека претходната влада водела шверцерска политика на овој план (за коридорите 8 и 10) користејќи го европските знаменца во Парламентот.
Затоа, сега решиле да го заобиколуваат Парламентот целосно и на големо растојание, ако може да се забележи, па сè сами со министерот Николовски да си прават. Се задолжуваат, потпишуваат договор дека кредитите нема да се расчистуваат на суд или арбитражи, туку со британско пиво во некој паб, претпоставувам, бидејќи се споменува дека ќе постои пријателско убедување како единствено решени во проблематични ситуации… Убедување за 6 милијарди евра! А споменавме дека на крајот ќе бидат 13 милијарди!
Љубомир Костовски -ЦИВИЛ МЕДИА, 14 јуни 2025, КОРИДОРИ, НЕСПОСОБНОСТ И КОРУПЦИЈА: Во тунелот, среде мракот