• Latest

Ковачевски: СДСМ ќе има претседателски кандидат, одлуката е на ДУИ дали ќе го поддржи или ќе одат со свој кандидат

February 19, 2024

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: СДСМ ќе има претседателски кандидат, одлуката е на ДУИ дали ќе го поддржи или ќе одат со свој кандидат

February 19, 2024 14:55
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ својот претседателски кандидат ќе го има на крајот на овој или на почетокот на идниот месец и тој ќе биде подддржан од нашите коалициски партнери. Нашиот кандидат сега и во минатото, и нашите влади покажале дека со нас има европска Македонија, Македонија во полноправно членство во НАТО, со другите нема, изјави денеска во Скопје претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски.

-СДСМ својот претседателски кандидат ќе го има на крајот на овој месец или на самиот почеток на идниот месец. Претседателскиот кандидат којшто ние ќе го предложиме ќе биде подддржан од нашите коалициони партнери. Колку претседателски кандидати ќе има во државата тоа зависи од  политичките партии. Нема да се мешам во тоа дали некоја политичка партија ќе кандидира претедателски кандидат или нема да кандидира, дали некој поединец ќе се кандидра. Сепак ние сме демократско општество и секој кандидат, секоја политичка партија има право да кандидира за секоја функција. Она што знам е дека нашиот претседателски кандидат ќе биде поддржан од политички партии коишто биле со нас во коалиција, кои се со нас во коалиција и коишто ќе бидат на идните избори со нас во коалиција, со коишто веќе отпочнуваме разговори во однос на конкретното настапување на изборите, рече Ковачевски по учеството на панел дискусија со студенти на тема „На студентско столче: Перспективи за политики, напредок и промена“.

На новинарско прашање тој истакна дека ДУИ има опција или да го поддржи претседателскиот кандидат којшто СДСМ ќе го предложи или да кандидра свој претседател, и потенцира дека е тоа одлука која треба да ја донесе партијата на ДУИ.

-СДСМ ќе има претседателски кандидат и ги повкуваме сиге прогресивни политички партии, поединци невладини органзиции, организации да го поддржат тој кандидат и да ни се приклучат во таа коалција. Оние партии поединци, организции коишто сакаат да се приклучат се разбира низ разговор, кон поддршка на еден таков кандиат, а нашиот кандидат и сега и во минатото, и нашите влади покажале дека со нас има европска Македонија, има Македонија во полноправно членство во НАТО. Со другите нема, бидејќи се покажало 11 години, и четири пред тоа, ниту има ЕУ, ниту има НАТО, Тие коишто сакаат ќе ни се приклучат, тие коишто сметаат дека треба да настапуват со свои кандидати, ние сме демократско општество и секој настапува со кандидати на начин на којшто смета дека треба да настапува. Така да никогаш не било ниту кажано, ниту пак разговарано дека нешто мора да се случи, наведува Ковачевски.

Тој кажа дека со Али Ахмети во последните денови се немале видено, но најави дека тие двајцата ќе одржат средба во блиска иднина.

-Ние имавме состаноци во нашата партија со Извршниот штаб, со комисиите, итн, бидејќи работиме на финализирање на Програмата за изборите, и на дефинирање на деталите во однос на изборниот настап, како во партијата, така и со коалиционите партнереи. Сигурно дека ќе се сретнеме во блиска иднина. Меѓутоа, сепак партиите се тие коишто одлучуваат, исто како што СДСМ одлучува, сите други партии исто така одлучуват, рече Ковачевски.

За можна кандидатура на Ахмети за претседателски кандидат, претседсателот на СДСМ упати одговор да побараат во ДУИ

-Ние ќе имаме наш претседателски кандидат, а дали ќе се кандидра и кој ќе биде кандидат на ДУИ, тоа ќе мора нив да ги прашате, јас не можам да ви одговорам, ниту пак имам информација, вели претседателот на СДСМ Ковачевски.

Tags: изборикоалцииКовачевски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ