Свлечиште однесе најмалку 1.000 животи во оддалечените планини Мара во западен Судан, според вооружената група Суданско ослободително движење, пренесува Би-би-си.
Денови обилни дождови го предизвикаа лизгањето на земјиштето во неделата, при што остана само еден преживеан и „срамни“ со земја голем дел од селото Тарасин, се вели во соопштението на групата.
Движењето апелираше за хуманитарна помош од Обединетите нации и други регионални и меѓународни организации.
Многу жители од државата Северен Дарфур побараа засолниште во регионот на планините Мара, откако војната меѓу суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) ги принуди да ги напуштат своите домови.
Гувернерот на Дарфур, кој е поврзан со армијата, Мини Минави, го нарече лизгањето на земјиштето „хуманитарна трагедија“.