• Latest

Обвинителството и Антидискриминациската комисија молчат за говорот на омраза на ТВ Сител

February 1, 2017

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Обвинителството и Антидискриминациската комисија молчат за говорот на омраза на ТВ Сител

February 1, 2017 16:38
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како дел од надзорот врз работата на медиумите во периодот пред изборите, постизборно објави извештај кој се однесува на вонредниот надзор на работата на телевизија „Сител“.

„ТВ Сител нема никаква намера да го коригира говорот на омраза, односно, го креира и емитува намерно, за што доказ е фактот што прилозите од серијата ‘Двојазичноста има цена’, како и оние кои се користат како зајакнувачи, се однапред снимени, потпишани како уреднички коментари и се повеќекратно повторени во последователни изданија на ‘Дневникот’,  во 19 и во 23 часот, во текот на четири дена. Сето ова, дополнително ја потврдува намерата да се искористи моќта на влијанието на телевизијата за да се шири говор на омраза врз основа на етничка припадност и дискриминација врз основа на етничка припадност и дискриминација врз основа на возраст“ е заклучокот од извештајот на АВМУ кој произлегува од надзорот.

Од АВМУ посочуваат и на прекршување на законските одредби кои се однесуваат на говорот на омраза во медиумите.

„Двете основи по кои се шири дискриминација се пропишани со закон како забранети, односно со емитуваните содржини, ТВ Сител го прекрши член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги… Публиката е подложена на убедување, наметнување мислење, манипулирање со информации и заплашување…“, се вели во извештајот.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, за чекорите кои беа преземени по објавувањето на извештајот и што АВМУ очекува од Комисијата за дискриминација и од Основното јавно обвинителство – институции до кои е доставен извештајот, како надлежни да постапат во случај на говор на омраза во медиумите.

„Досега не сме добиле одговор. Минатиот пат кога доставивме претставка што се однесуваше на ТВ Канал 5, од Комисијата за заштита од дискриминација, одговор добивме  по девет месеци! Од Обвинителството, за сите досегашни поднесени известувања, само еднаш сме добиле одговор. Во декември 2015 година, за видео спотови од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ за кои сметавме дека шират говор на омраза, добивме одговор по два дена, дека според Обвинителството, нема говор на омраза. Тоа е прв и последен пат да ни одговорат“, вели Трајчевски.

„Вонредниот извештај не е специјално правен за ТВ Сител, меѓутоа ова што е констатирано во овој извештај е претходно, дел од десеттиот десетдневен извештај, кој АВМУ го подготви во предизборниот период. Многу ни е жал, што не излезе Ад хок тело со реакција, што покажува дека не ги ни читале. Ние го доставивме до нив, до Државната изборна комисија, а беше и кај нас објавено, и никој не виде што беше посочено за работата на ТВ Сител во тој период“, појаснува Трајчевски.

Работата на АВМУ со доставување на претставките е исцрпена. Агенцијата нема законска надлежност за преземање на други мерки,  освен да ги извести надлежните институции.

Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа се обиде да стапи во контакт со Александар Даштевски од Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација, но одговор ни телефонски, ни на мејл – не добивме.

Одговор за тоа што ќе преземат по однос на претставката поднесена од АВМУ, не добивме ни од Основното јавно обвинителство.

„Добро е што АВМУ се одважи да го констатира со темелен извештај говорот на омраза на вестите на ТВ Сител пред изборите со серијата прилози за ‘цената на двојазичноста’, и да побара од Антидискриминациската комисија и Основното јавно обвинителство да покренат соодветни постапки според антидискриминациската легислатива и Кривичниот законик. Со оглед на сознанијата на јавноста за партизираноста на овие институции, не очекувам да се покрене постапка, но добро е тоа што јавноста ќе добие уште еден доказ за непостоењето на границата меѓу партијата на власт, партизираните институции и медиумите кои шират омраза и хајки. Но, исто така, верувам дека набргу ќе дојде време, кога ќе заврши периодот на неказнивост за оние кои постојано ги подгреваат меѓуетничките тензии“, изјави во разговор за ЦИВИЛ Медиа, медиумскиот експерт Петрит Сарачини.

Проблемот со недореченостите и отсуството на конкретен механизам за регулирање на говорот на омраза во медиумите во Законот за аудио и аудивизулени медиумски услуги, е опфатен со документот за јавни политики „Измени во законската рамка со која се регулира санкционирањето на говорот на омраза во медиумите во Македонија“, што го изработија граѓанските организации ЦИВИЛ – Центар за слобода и „Млади Европски Федералисти — Македонија (ЏЕФ Македонија)“.

„Генералниот заклучок е дека не постојат соодветни механизми за регулирање и санкционирање на говорот на омраза. Постојните законски норми не предвидуваат конкретни алатки што придонесуваат за намалување и за искоренување на говорот на омраза во медиумите. Заедничкиот став е дека уредувачката политика во медиумите во државата не е во согласност со новинарскиот етички кодекс“, се вели во истражувањето.

Вонредниот надзор е спроведен во текот на изборната кампања, од втори до петти декември 2016 година, кога на ТВ Сител во изданијата на дневниците во 19 и 23 часот, се објавени серија прилози и уреднички коментари под наслов „Која е цената на двојазичноста?“,  а кои се однесуваат на отворена критика на наводната најава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за двојазичност, федерализација и кантонизација на Македонија.

Tags: АВМУАлександар Даштевскиговор на омразаЗоран ЗаевЗоран ТрајчевскиизбориМедиумиСителЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ