На вчерашна седница на Владата поминаа измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
„Во септември ќе имаме 2.500 денари зголемување, а потоа и од следниот март уште 2.500 денари“, одговори Мицкоски на новинарско прашање.
Од друга страна СДСМ вели дека пензионерите се излажани, Мицкоски сам потврди дека тие нема да добијат плус 5.000 денари, туку два пати по 2.500 денари.
– ВМРО-ДПМНЕ најавуваше зголемување на пензиите за 5.000 денари, а сега велат дека нема да биде 5.000 денари туку на рати по 2.500 денари и тоа во септември и во март кога секако се зголемуваат пензиите заради усогласувањето. Значи пензионерите би имале секако покачување според методологијата за усогласување во септември и во март наредна година, а ВМРО-ДПМНЕ на тоа додаваат околу 1.000 денари, ништо повеќе. Дополнително рушењето на системот на усогласување на пензиите со просечната плата, односно со само линеарен раст, има ризик владата во иднина воопшто да не ги зголемува пензиите. – велат од СДСМ.
А.М.