• Latest

Потпишан Кодексот за фер и демократски избори, интервју со проф. д-р Трајан Гоцевски, пописот се наближува кон крајот, промовиран Електронскиот систем за пријавување корупција

September 23, 2021
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Потпишан Кодексот за фер и демократски избори, интервју со проф. д-р Трајан Гоцевски, пописот се наближува кон крајот, промовиран Електронскиот систем за пријавување корупција

September 23, 2021 18:43
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ  Политичките партии го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Со потпишување на Кодексот за фер и демократски избори, политичките партиите денеска се обврзаа на демократски изборeн процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори.

Овој кодекс го потпишаа претставници од сите политички партии, учесници на претстојните избори.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Проф. д-р Гоцевски: Во однос на авганистанските бегалци, македонските граѓани можат да бидат спокојни

Со професор Гоцевски разговараме за неговиот најнов труд, за трновитиот македонски пат до НАТО, за актуелните безбедносни состојби во светот, за состојбите во Алијансата, за рефлексиите врз безбедноста на Република Северна Македонија, за актуелната авганистанска криза, за бегалците оттаму, за хуманиот аспект на одлуката на македонската влада привремено да вдоми авганистански граѓани и за евентуалните опасности од инфилтрирање на радикални структури.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОПИС Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021, се наближува кон крајот. Остануваат уште осум дена и попишувачите со максимален интензитет ги посетуваат домаќинствата за никој да не биде изоставен и непопишан, информираат од Државниот завод за статистика.

Државниот завод за статистика апелира до граѓаните за трпеливост, посочувајќи дека попишувачите се на терен и ќе го посетат секое домаќинство.

ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА   Веќе од утре, како што најави вицепремиерот Николовски, граѓаните непречено ќе може да го користат системот и преку интернет да ги поднесуваат своите пријави што се поврзани со услуги или со корупција кои ги нуди јавната администрација. Повикувачкиот центар, пак, ќе работи секојдневно од 08 до 16 часот за време на работните денови, а телефонскиот број е 02 315 0050.

ЗЕЛЕНИ Еколошката правда е неразделно поврзана со социјалната правда, а со тоа и со фундаменталните права и слободи на граѓаните. Таа се однесува на правична распределба на придобивките и штетите во однос на животната средина (загадување на воздухот, истребување на видовите, ерозија, јонизирачко зрачење), бидејќи тие се однесуваат и на оние што ги создаваат, и на оние кои ги сносат последиците од нив

ЗДРАВСТВО   Трета доза вакцина се препорачува да примат сите граѓани на возраст над 60 години, сите здравствени работници без оглед на возраста и сите пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба без оглед на возраста. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека тоа се новите препораки на Комитетот за имунизација со чии членови вчера одржал состаноци.

ЗНАКОВЕН ЈАЗИК  Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија денеска го одбележува 23 септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик.

Во рамки на денешниот ден, Сојузот организира трибина на тема „Социјалната положба и невработеноста кај глувите и наглуви лица, застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава и процесот на негова стандардизација“.

ОБРАЗОВАНИЕ На состанокот се констатираше и дека образовниот систем е подготвен и за останатите резервни сценарија, доколку се појави потреба од нивна примена. Директорите на основните и на средните училиштата потврдија дека ги имаат сите потребни ресурси за брзо преминување кон онлајн учење, ако има некаква одлука за тоа, се наведува во соопштението.

 

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Заев посакува фер избори, ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања, потпишан Кодексот за фер и демократски избори

Во денешната изборна хроника на ЦИВИЛ: Политичките партии ( и нивните подмладоци) го потпишаа денеска Кодексот за фер и демократски избори, премиерот Заев се надева на фер избори,  ВМРО ДПМНЕ излезе на прес за наводна афера за местени тендери. ССМ ги повика ВМРО ДПМНЕ и Алијансата да не водат кампања преку грбот на работнците, трагедијата во Тетово повторно на агендата на Зијадин Сел . Конечно еден позитивен пример во предизборието, кандидатот на СДСМ, Горан Сугарески и на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, си подадоа рака на заедничка средба. 

 

ЕДИТОРИЈАЛ

Сеизмографот на македонската современа политичка историја е во постојано треперливо движење. Тој, освен честите изборни потреси, бележи и жестоки политички и безбедносни кризи, спектакуларни скандали, растежи и падови кои постојано го тресат тлото под нозете. Човек просто да помисли дека нѐ следи некое проклетство, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „Македонската политичка „сеизмика“

 

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема, „Преку  почитување на различностите  до справување со дискриминацијата“ на 21 септември ( вторник), во 13, 30 часот, во мултимедијалниот Центар на Организацијата кај Бизнис центарот „Палома Бјанка“.

Тема на панелот е институционалната, медиумска и општествена (родова, етничка, социјална) (не)дискриминација, колку се почитуваат различностите во институциите, медиумите и во општеството, како до подобра комуникација помеѓу различни групи и заедници, препорака за практики за недискриминација во сите наброени аспекти.

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ

Во тек е повикот за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Заинтересираните можат да се пријавуваат по пат на едноставна онлајн апликација до 30 септември. На медиумската платформа на организацијата достапни се и одговори на најчесто поставуваните прашања. Во овој период се спроведува и долгорочен изборен мониторинг, кој беше интензивиран од 15 август.

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омразата. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанската пријава на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и низа други негативни појави во општеството.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности. 

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Неприродно е Македонија да покажува ксенофобија кон бегалците, затоа што во периодот од 1946 до 1949 година, според официјалната статистика, околу 90.000 Македонци биле приморани да ја напуштат Грција поради граѓанската војна и како бегалци да побараат засолниште ширум светот.

Нивната бегалска голгота траела сѐ до осумдесеттите години на минатиот век, оставајќи многу семејства разделени и многу деца без родители. И во 1963 година, по катастрофалниот земјотрес, 44.000 граѓани на Скопје биле евакуирани како бегалци на просторот на бивша СФРЈ –  од Словенија до Косово. пишува Александар Николиќ Писарев во својата анализа „Неприродно е и срамно е македонското општество да покажува ксенофобија”

 Хахахахаааа… Македонија е, несомнено, „светски првак“ по прашањата на воведување, исполнување, коригирање, унапредување итн. на Копенхашките критериуми на Балканот, со сите премрежија, успеси и неуспеси низ коишто поминавме во последните 30 години. На пример, ако се човековите и правата на малцинствата во прашање, политичката култура, како и формалните механизми за интеретничко и интеркултурно интегрирање, на Бугарија би можеле да им држиме семинари на таа тема во наредните десетина години. Предлагам да му го испратиме г. Артан Груби (придружуван со барем еден Ром, Турчин или Влав во делегацијата) на бугарскиот претседател, за првичен брифинг „по темата“.читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Артан Груби итно да замине во Софија!”

Д. Мишев

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ