Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска во Скопје организираат „Марш за ангелите“ со почеток во 12 часот и 5 минути пред Oбвинителството , како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите, кој продолжува преу плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието. Кој е вашиот став?
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали семејствата на настраданите во Кочани добиваат доволно поддршка?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа