• Latest

Пред самитот на НАТО растат тензиите помеѓу сојузниците

July 9, 2018
Кијив, 15 ноември 2026 (ДСНС)

НЕДЕЛЕН ВОЕН ИЗВЕШТАЈ | РУСКИ ТЕРОР ВО УКРАИНА: Над 2.300 дронови, загинати цивили и нови напади врз електромрежата

November 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пред самитот на НАТО растат тензиите помеѓу сојузниците

July 9, 2018 11:05
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на самитот на НАТО што се одржува на 11 и 12 јули во Брисел, растат тензиите помеѓу 29 земји сојузници, јавi дописничката на МИА од Брисел.

Ова особено е нагласено по писмата што американскиот претседател Доналд Трамп ги испрати до десет земји барајќи од нив да платат повеќе во НАТО буџетот за колективната одбрана и по најавата за средба Трамп – Путин закажана за 16 јули во Хелсинки.

Непредвидливоста на однесувањето на Трамп, растечките тензии помеѓу сојузниците и можното доближување на САД со Русија внесуваат несигурност во Европа.

Само четири дена по самитот на НАТО во Брисел, Трамп ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Целта на средбата е да се види дали Москва има намера да ги намали тензиите со Вашингтон.

Во еден скорешен твит Трамп напиша дека е можно тој да оствари добри односи со Путин. Пред самитот Г-7 Трамп сугерираше дека би било добро Русија повторно да се интергира во оваа група на најмоќни земји на светот. Русија беше исклучена по анексијата на Крим.

Така, многу сојузници денес се прашуваат дали Трамп е подготвен да го смени ставот на анексијата на Крим и тоа да му го прости на Путин. И дали ангажманот на Трамп на источната граница на НАТО ќе остане еднакво цврст во корист на сојузниците кои имаат испратено трупи во Летонија на заеднички НАТО вежби.

Меркел во саботата, во видео порака, порача дека НАТО мора да се фокусира на својот источен дел за да се одбрани од можна руска агресија и додаде дека тоа е значајно по по анексијата на Крим од страна на Москва и воените руски активности во источна Украина. Оваа изјава покажува дека најсилната европска земја верува во силната релевантност на воената алијанса.

– Се разбира, ние сакаме да имаме одговорни односи со Русија, рече Меркел и додаде дека „тоа е причината поради која ние ќе продолжиме со разговорите со рамките на Советот НАТО-Русија“.

Трамп во писмото до сојузниците наведе дека Американците се уморни од нивното учество од 70 отсто во буџетот на НАТО и бара од сојузниците посветат два отсто од нивниот бруто производ на заедничката одбрана до 2024 година.

Најтежок јазик тој упати во писмото до германската канцеларка Ангела Меркел велејќи дека “континуираното германско недоволно учество ја нарушува безбедноста на Алијансата и им дава оправдување на други сојузници кои исто така не ги испорачуваат нивните ветувања за воена потрошувачка, а тие вас ве гледаат како модел”.

Многумина од европските сојузници но и Канада, стравуваат од изненадните и унилатерални одлуки на Трамп. Како скорешната кога најави крај на заедничките воени вежби со Јужна Кореја неколку дена по средбата со северно-корејскиот лидер Ким Јонг-ун. Или унилатералното повлекување од Климатскиот договор во Париз.

Постои дури и стравување дека Трамп би можел да не ја потпише заедничката декларација на НАТО со која завршува секој самит на Алијансата и која е еден вид патоказ за натамошната акција на сојузниците.

На сето ова треба да се додадат и трговските тензии помеѓу САД  и ЕУ. Стравувања што се обиде да ги отстрани амбасадорката на САД во НАТО. Кеј Бејли Хачинсон вчера во интервју за Фокс Њуз изјави дека овие трговски тензии досега не се прелеале во НАТО.

– Сите овие несогласувања што ги видовме на Г-7 помеѓу сојузниците со кои сега имаме трговски разговори и преговори за тарифите не се прелеале во контекстот на НАТО. Нашите дипломати се професионалци и тие остануваат на нашите НАТО позиции каде што сме 100 насто сојузници, посочи Хачинсон. (МИА)

Tags: Ангела МерклеБриселВладимир ПутинДоналд ТрампЕвропаЕУНАТОСАДСамиттензииХелсинки
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ