• Latest

Продолжува расправата за уставните измени

October 16, 2018

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Продолжува расправата за уставните измени

October 16, 2018 15:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со порака за помирување и простување, почнувајќи од настаните од 27 април, кога премиерот Зоран Заев беше цел за напад, а според него, и за линчување, вчера претседателот на Владата во своето обраќање на почетокот на седницата за уставни измени во Собранието ги повика пратениците да гласаат за уставните измени за земјата да влезе во НАТО и во ЕУ.

Најголемата одговорност за оваа историска одлука, според Заев, е во рацете на пратениците, и во повикот до пратениците порача дека оние кои сè уште се сомневаат кој е вистинскиот избор, да размислат затоа нема нешто повредно за мислење.

За Заев, спротивното од гласање за измените, ќе нè фрли во изолација и неизвесна иднина и ќе ни донесе несигурност и сиромаштија.

Премиерот, од собраниската говорница денеска порача дека тој секогаш бил за дијалог и изнаоѓање на решенија преку разговор, и дека апсолутно не му паѓа на памет да влијае врз институциите или судовите.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, му предложи на Заев лидерите на двете најголеми македонски партии да седнат на маса и да донесат решение за иднината на државата, а Заев на тоа појасни дека името на државата не се менува, туку дека само се дополнува.

Јовановски се изјасни дека ќе гласа против измените на Уставот, бидејќи како што посочи меѓу другото не верува во она што е напишано во спогодбата од Преспа, а и на референдумот не бил исполнет еден од условите.

ВМРО-ДПМНЕ денеска испрати барање до Собранието во кое бара Мицкоски да зборува пред пратениците за предложените уставни измени.

Ова барање претседателот на Собранието, Талат Џафери, го отфрли како неосновано велејќи дека не постои деловничка основа за лидер на партија кој не е пратеник да се обрати од собраниската говорница.

Но барањето на Мицкоски е одбиено и поради тоа што писменото барање било адресирано до господин Џафери, а не до Претседателот на Собранието Џафери.

Претпристапните преговори за приклучување на Македонија во НАТО официјално почнуваат в четврток и петок во Брисел, со посетата на членовите на Комитетот за интеграција во НАТО и на Работниот комитет за интеграција на  седиштето на Алијансата каде ќе се сретнат со нејзини претставници кои ќе бидат вклучени во процесот на утврдување на усогласеноста на земјата со стандардите на НАТО.

Со оваа сесија разговори во Брисел, Македонија де факто ја отвора последната фаза во односите со НАТО пред членството во Алијансата за што земјата доби покана на Самитот во јули во Брисел оваа година, ова го истакна денеска на прес-конференција националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата, Никола Димитров.

На Сашо Василевски, пратеник од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, му се укинува мерката куќен притвор и тој ќе се брани од слобода со гаранција од околу 400.000 евра. Василевски е обвинет за настаните од „27 април“, и неофицијално одлуката е донесена денеска, а Обвинителството нема да поднесе жалба на оваа одлука и нема да бара продолжување на мерката куќен притвор.

Денеска во судот продолжи судењето за „27 април“. Поради технички причини повеќе од еден час обвинетите и адвокатите за случувањата во собранието на 27 април го чекаат почетокот на  сослушувањето на загрозениот сведок С1.

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, по состанокот на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Луксембург, изјави дека без прифаќање на Договорот од Преспа не постои никакво решение и дека дури и со едноставна математика од основно училиште не е можно да се постигне подобар договор за секоја страна, „како што тврдат опозициите во двете земји“.

Ангела Петровска 

Tags: 27 априлВлада на Република МакедонијаВМРО-ДПМНЕДоговор од ПреспаЗоран ЗаевНикос КоѕијасседницаСобрание на Република МакедонијасудењеТалат Џафериуставни измениХристијан Мицкоски
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ