• Latest

Ресман: Мора да градиме моќ против пропагандата, клептократите и новите диктатори

July 28, 2021

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ресман: Мора да градиме моќ против пропагандата, клептократите и новите диктатори

July 28, 2021 12:19
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Руската пропаганда, лажните вести, дестабилизација на демократските општества, не се проблем само во регионот на Балканот, туку и во Европа. Во Германија, исто така, имаме руска пропаганда, ја имаме телевизиската станица „Русија денес“, и многу од нивните новости се поврзани со десните популисти, противниците на короната, популистите кои го поддржуваат Путин, антидемократското движење, така што имаме и многу реални борби со лажни вести.“, вели д-р д-р Волфганг Ресман, генерален директор на ОК ТВ во Лудвигсхафен, Германија и претседател на Федералната асоцијација на јавни медиуми, на регионалната конференција „Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“, 28 јули 2021.

„И во ЕУ имаме неколку проблеми. Ги имаме десничарските популисти и националисти во Унгарија, ги имаме во Полска и Словенија, исто така, националистичките сили на Хрватска. Сите тие работат заедно за да работат против демократската структура на ЕУ.

Почнав во 2015 година во Украина, во меѓувреме работиме со Молдавија, Ерменија, Грузија, Белорусија и секаде се појавуваат истите проблеми, во многу опасна форма, конфликти од една страна, во Украина отворена војна, така што дестабилизацијата на општествата е вклучена многу високо ниво. Дестабилизацијата е видлива и во Грузија, политиката на Русија во Ерменија… Мислам дека една од главните точки е дека постои идеја за обнова на старите империи, и тоа е еден од проблемите што ги имаме.“, посочи д-р Ресман.

„Кога зборуваме за овие прашања, имаме и една многу позитивна работа, имаме многу приврзаници на демократијата, поддржувачи на човековите права во Европа, во поранешните Советски републики и на Балканот. Ние мора да се бориме за демократијата, секој ден. Имаме поддржувачи. Мораме да ги искористиме нашите сили против руските влијанија. Треба да се бориме и за мир. Ние мора да работиме заедно меѓу ЕУ и земјите од Балканот, земји кои чекаат да бидат членки на ЕУ и треба да работиме со граѓанското општество. Ние мора да градиме моќ против оваа пропаганда и клептократите и новите диктатори. Мислам дека вашата конференција е еден од начините да се комбинира медиумскиот дијалог на Исток со медиумскиот дијалог на Балканот во иднина.’, вели д-р Ресман во одговор на прашањата во првата сесија на конференцијата, како хибридните закани го искривуваат јавниот дискурс и се закануваат на демократијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result