Русија повеќе не се стреми кон директно територијално освојување на Западниот Балкан. Наместо тоа, таа користи хибридна стратегија: политички прокси, црковни мрежи, медиумски дезинформации, економска зависност и врски со криминално разузнавачки структури. Целта е да се создаде нестабилност, да се одложи евро-атлантската интеграција и да се одржи регионот стратешки податлив.
Како што се наведува во Извештајот за рано предупредување на ЦИВИЛ, оваа анализа го разгледува актуелниот руски пристап, клучните точки на влијание и можните последици за стабилноста на Западниот Балкан.
Клучни точки на влијание
- Србија – Центар на рускиот систем на влијание, преку политички елити, медиуми и економски врски.
- Босна и Херцеговина (Република Српска)
- Прокси лидери како Милорад Додик користат закани од отцепување и медиуми под контрола за политички притисок.
- Косово (север) – Инциденти и кризи што се активираат преку Белград, тестирајќи ги меѓународните мисии.
- Црна Гора
- Идентитетските поделби се користат за мобилизирање на проруска реторика и медиумска пропаганда.
- Северна Македонија и Албанија –Поларизирани медиуми и локални актери шират дезинформации и промовираат наративи блиски до Русија.
Што се очекува во следните месеци:
- Мали кризи и протести на различни точки.
- Зголемена пропаганда околу избори, НАТО и ЕУ.
- Притисок врз демократските институции и евро-атлантските перспективи.
Западниот Балкан се претвора во лабораторија за руски хибридни тактики. Кремљ ја тестира својата стратегија на влијание, создавајќи нестабилност и политичка зависност без директни воени акции, што претставува долгорочна закана за регионалната стабилност.
Делот на Извештајот на ЦИВИЛ за рано предупредување за руското влијание и хибридни стратегии во Западен Балкан предизвика интерес кај локалните и регионалните медиуми, како што е бугарскиот медиум Таралеж, каде што е целосно преземена и преведена на бугарски јазик анализата од CIVIL Today, а преработка и контекстуализација направи и македонскиот портал Фронтлајн. Извештајот предизвика интерес и кај Косовската организација Балкан Форум, кои со посебно внимание го споделија на своите платформи.
Д. Т.
Извештајот и резимето ги подготвија: Џабир Дерала и Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, во соработка со партнерите во Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата. Анализата е дел од проектот „Демократски навигатор – стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани“.
https://civil.today/the-fracture-line-russias-hybrid-strategy-in-the-western-balkans/












