Во Саудиска Арабија се водат разговори меѓу американски и руски претставници за евентуален мировен договор во Украина. Тие следат одвоени разговори меѓу Украина и САД во Саудиска Арабија, кои украинскиот министер за одбрана ги нарече „продуктивни и фокусирани“, објави Би-би-си, пренесува ЦивилМедиа.
Истовремено, продолжија руските напади врз Украина во текот на ноќта, при што властите во Кијив соопштија дека Русија лансирала 99 нападни беспилотни летала. Во напад на руски дронови на Кијив изминатиот викенд загинаа три лица, меѓу кои и едно петгодишно дете
Во Саудиска Арабија, новинарите беа замолени да го напуштат хотелот Риц-Карлтон во Ријад, каде што започнаа разговорите меѓу САД и Русија, според новинската агенција Тас. И Тас и Ал Арабија известуваат дека разговорите се водат зад затворени врати.
Д. Мишев