Се стравува дека стотици луѓе се мртви откако земјотрес со јачина од 6,0 степени го погоди источен Авганистан во неделата вечерта, пренесува Би-би-си.
Службениците предупредија на голем број жртви додека чекаат повеќе детали – оддалеченоста на областа им го отежнува проценувањето на штетата
Десетици куќи се „под урнатини“, велат извори од владата на Талибанците, додека официјални лица објавија дека цели села се уништени
Мештаните кажуваат дека лизгањата на земјиштето ги отсекоа областите во близина на епицентарот, што значи дека ќе биде потребно долго време за целосно да се процени штетата, пишува дописникот на Би-би-си.
Тие ги повикаа хуманитарните организации да помогнат во спасувачките напори во областите до кои се достапни само по воздушен пат поради лизгања на земјиштето и поплави
Земјотресот, на релативно мала длабочина од 8 км (6 милји), ги потресе зградите од Кабул до главниот град на Пакистан, Исламабад, оддалечен повеќе од 300 км
Д. Мишев