• Latest

Северна Македонија со скок од две места на индексот за перцепција на корупција, националистички групи и поединци го држат регионот во заложништво, огромни шанси за влез на АА во владината коалиција

January 31, 2023

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Северна Македонија со скок од две места на индексот за перцепција на корупција, националистички групи и поединци го држат регионот во заложништво, огромни шанси за влез на АА во владината коалиција

January 31, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Северна Македонија со скок од две места според перцепцијата на корупција на новиот Индекс на Транспаренси

Северна Македонија се најде на 85 место од 180 светски држави според Индексот за перцепција на корупцијата, кој секоја година го објавува Транспаренси Итернешнел. Со 40 поени, на скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, земјава изминатава година напредувала две места во споредба со минатогодишното рангирање. Во споредба со лани Индексот е зголемен за еден поен.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски за ЦИВИЛ Медиа: Поединци и групи со националистичка агенда сакаат регионот да го држат заложник на минатото

„Се работи за друг случај, дека треба нивните активности да се спречат со оглед на тоа дека тие воопшто не им мислат добро на регионот. Ако ги погледнавте изјавите на ЕУ тие практично се оградија од изјавите од политичари од соседна Бугарија кои што се ву институциите на ЕУ. САД кои се наш стратешки партнер, со кои сме заедно во НАТО, имааа исти став дека државите треба да функционираат и комуницираат на институционално ниво“, изјави премиерот Димитар Ковачевски за ЦИВИЛ Медиа, .

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Амбасадорката Дир побара признавање на Русија како терористичка држава: 342 ден од руската инвазијата, терористичката руска држава и членка на ОБСЕ систематски ги крши нормите на меѓународното хуманитарно право. Украинските и меѓународните истражители откриваат се повеќе и повеќе масовни гробници со цивили, одаи за мачење и сексуални злосторства на ослободените територии на Украина, напиша украинската амбасадорка Лариса Дир на Твитер.

Русија мора да помине низ она што го направија Германците на 8-9 мај 1945 година: Украина, заедно со своите партнери, мора да најде одговор на прашањето како да се погрижи по победата на Украина, општеството во Русија, земјата што ја започна оваа војна, да престане да размислува агресивно и да бара физички да го уништи својот сосед, вакво мислење во етерот на националниот телетон изразил заменик министерот за надворешни работи Андриј Мелник

Кина не сака да се најде на губитничка страна во Украина: Кинескиот лидер Кси Џинпинг се обидува да се дистанцира од целосната поддршка за Русија бидејќи не сака да застане на страната што ја губи војната, според мислењето на Макс Бут, објавено од Вашингтон пост.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА Годишната конференција „Година на нови можности“ што ја организира Владата продолжува денеска со панел дискусија на тема „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“.

СИВА ЕКОНОМИЈА Во поглед на сивата економија имаме предизвици, што значи дека ќе имаме и нови проекти во оваа насока, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска за време на годишната конференција „Година на нови можности“.

ХИБРИДНИ ЗАКАНА Регионот и ние се соочуваме со хибридни и сајбер закани, а целта е да се предизвика рушење на стабилноста на институциите. Ние сме тука да ја изградиме таа отпорност кон тие закани“, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на панелот: „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност“, на годишната конференција „Година на нови можности“.

ВЛАДИНА КОАЛИЦИЈА Не е дефинитивно влегувањето на АА во Владата, но шансите за тоа се огромни. Околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани, но за кадровските решенија воопшто не разговаравме, изјави денеска лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.

ПРОМОЦИЈА Соживотот, побратимството и заемното почитување помеѓу населението во Преспа е главната тема во најновата монографија „Кодот на Преспа“, приказна за „загубениот пат“ во која авторот Борјан Јовановски ги пренесува приказните на неколку семејства, побратимени со генерации.

ОСМАНИ ВО БРИСЕЛ Претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска е во работна посета на Брисел, при што ќе има работни средби во ЕУ и НАТО со цел разгледување на можностите за продлабочување на соработката меѓу ОБСЕ, ЕУ и НАТО, како и разговори за актуелните надворешно-политички прашања на Северна Македонија.

ЧЕСТВУВАЊЕ САД ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да ја деескалираат својата реторика и брзо да ги решат билатералните спорови, соопштиле од Стејт департментот, одговарајќи на прашањето како ја коментираат одлуката на Бугарија да го повлече бугарскиот амбасадор од Скопје.

РЕГИОН

СРБИЈА Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во средата за прв пат навести дека Белград може да го промени курсот и да воведе санкции кон Русија, што е едно од клучните барања на ЕУ за Србија да напредува во преговорите за членство во ЕУ, пренесува ЕУРОАКТИВ

СВЕТ

САД Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе прогласи крај на здравствената криза предизвикана од Ковид-19 на 11 мај, три години откако САД воведоа строги епидемиолошки мерки за спречување на ширењето на болеста.

АЛ-ПРЕС

Албанските медиуми известуваат дека во рамки  на операцијата „Фијет“ („Нитки“), во Тирана се демонтирани 155 камери , а уапсени се 37 лица што ги поставиле камерите спротивно од законите, во Приштина во амбасадата на САД денеска се одржува состанок за формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство. Ова е само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги избра од албанските медиуми во регионот.Овие теми се дел од изборот на  редакцијата на ЦИВИЛ Медиа за денеска.

ИНТЕРВЈУ 

Сали за ЦИВИЛ Медиа: Во обезбедување на терапија за пациентите со цистична фиброза се вклучуваат двајца министри

Пациентите со цистична фиброза во Северна Македонија сè уште чекаат современа модулаторна терапија, а од друга страна Министерот за здравство Беким Сали уверува дека решение на проблемот ќе се најде.

 

БРЗА ПОШТА

 

И Леси се врати дома, само локалните џукели уште џавкаат

На бугарска телевизија, среде Бугарија, бугарски пратеник (според моменталните тамошни „настројки“ не се знае дали е позиција или опозиција) им ја кажа на Бугарите вистината која голем број од нив секако ја знаат, но не сакаат да си ја признаат – тепаниот е македонски граѓанин, кој нема (сеуште) бугарски пасош, а бил натепан од бугарски граѓанин кој добил бугарско државјанство… (патем, обајцата поранешни и сегашни членови на УМС и ДПМНЕ), пишува Драган Мишев во Брза Пошта.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

 

„Взаемна почит“ и „деполаризација“ се зборовите на неделата

Оттаму, треба максимално да се смали, односно да се емилинира просторот за недоверба, омраза и конфликти, за сметка на вредностите според кои, всушност, светот и соседите не препознаваа како гостопримливи, солидарни, но и достоинствени и чесни. Како умерени и трпеливи, но и како правдољубиви луѓе, колку и да се обидуваат некои мрачни сили тие вредности да ги прикажат како погрешни,  читајте во анализата на Зоран Бојаровски.

 

„И разбудете ме само ако нападнат Бугарите!“

Но, сведочејќи на последната ескалација на односите меѓу Македонија и Бугарија, се чини дека Мицкоски и елитата на ВМРО-ДПМНЕ со најавените херојски стражи на Патриотскиот институт на Александар Пандов за „одбрана“ на гробот на Гоце Делчев од најавената „инвазија“ на Ангел Џамбаски и неговите приврзаници од ВМРО-БНД како да си заминуваат на починка со мантрата „Само да нè нападнат Бугарите!“. Звучи многу „посрпски“ од оригиналот.

Д. Мишев

Tags: анализиВестиизјавиполитикарегионСвет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ