• Latest

Спасовски – Серкан-Акин: Одлична соработка на МВР и СЕЛЕК, реализирани бројни заплени на кокаин и прекурсори

June 22, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Спасовски – Серкан-Акин: Одлична соработка на МВР и СЕЛЕК, реализирани бројни заплени на кокаин и прекурсори

June 22, 2023 12:00
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за време на работната посета на Букурешт, Република Романија, оствари билатерална средба со Генералниот директор на Центарот за спроведување на Законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), Огуз Серкан Акин. Притоа, тој истакна дека повторната средба со директорот Серкан-Акин, претставува уште една можност да се потврди добрата соработка.

„Ми претставува особено задоволство што повторно имам можност да се сретнам со вас и вашиот тим и уште еднаш да ја потврдам соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Центарот за спроведување на Законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), која бележи тенденција на интензивирање во делот на оперативната соработка, како и во согласност со активностите што ги презема Министерството, во борбата против организираниот прекуграничен криминал”, рече министерот Спасовски, нагласувајќи дека во изминатиот период беа координирани повеќе заеднички истраги преку СЕЛЕК, започнати на иницијатива на македонската полиција, како и на полициските служби од другите држави.

„Во рамки на овие оперативни состаноци Република Северна Македонија остварува соработка со соседните земји како Бугарија, Албанија, Србија и Грција. Истовремено, благодарение на СЕЛЕК, на офицерите за врска и националните контакт точки воспоставена е одлична комуникација со органите што го спроведуваат законот од земјите членки на СЕЛЕК. Така, во првите 6 месеци од 2023 година нашите оперативни активности беа забележани од останатите партнери и беа оценети на високо ниво. Во споменатиот период од наша страна со останатите земји членки на СЕЛЕК и другите партнери разменети се повеќе од 2000 оперативни информации. Најголем дел од разменетите оперативни информации се од областа на недозволената трговија со дрога, како и на илегалната миграција и трговија со луѓе, финансискиот криминал, компјутерскиот криминал, потрагите по лица и други. Одржани се 8 оперативни состаноци, отворени се 10 заеднички истраги, од кои реализирани се 4, а останатите се во процес на реализација”, информираше министерот Спасовски.

Во текот на средбата, тој сподели неколку позначајни заеднички истраги реализирани во текот на оваа година.

„Меѓу позначајните би ги спомнал истрагата од областа на недозволената трговија со дрога во која преку СЕЛЕК е остварена размена на податоци за недозволена трговија и транспорт на големи количини кокаин во Република Албанија, организирана од страна на криминална група составена од македонски државјани за што беше формиран заеднички истражен тим, помеѓу нашето Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјалното јавно обвинителство и Одделот за организиран криминал на Албанија, при што беа спроведени координирани полициски активности и извршени беа претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје и Прилеп, а од слобода беа лишени четири лица (три од Скопје и едно од Прилеп) против кои беше поднесена кривична пријава. Би јас спомнал и истрагата PANDORA MAERSK, кога како резултат на заедничката соработка меѓу Република Северна Македонија и Грција, а врз основа на разузнавачки податоци споделени преку каналот СЕЛЕК, во месец јуни 2023 година на пристаништето во Солун, Грција, беше реализирана заплена на 161 килограми кокаин”, истакна министерот Спасовски.

Генералниот директор на СЕЛЕК центарот Огуз Серкан Акин истакна дека секогаш на взаемно задоволство се среќава со министерот Спасовски упатувајќи благодарност за поддршката која изминатиот период резултираше со низа успешно реализирани заеднички истраги.

Потврда за нашата работа и посветеност во борбата против организираниот прекуграничен криминал претставуваат и добиените награди.

Имено заедничката истрага со кодно име IRON реализирана меѓу надлежните служби на Република Северна Македонија и Република Албанија ја доби I награда за најдобра заедничка истрага во рамки на СЕЛЕК за 2021 година (заплена на 325 кг кокаин).

Исто така заедничката истрага со кодно име TAKSIM реализирана меѓу надлежните служби на Република Северна Македонија и Турција доби I награда за најдобра заедничка истрага во рамки на СЕЛЕК за 2022 година. (запленети 1105 кг прекурсори).

На крајот од средбата министерот Спасовски уште еднаш го потврди ставот дека и во наредниот период Република Северна Македонија ќе продолжи да има значајна улога и со своето учество да дава евидентен придонес во остварување на главната функција на СЕЛЕК – борбата против организираниот и сериозен криминал во Југоисточна Европа и пошироко.

Tags: МВРОливер СпасовскиСЕЛЕК
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ