Во Министерството за труд и социјална политика (МТСП) е формиран специјализиран тим за постапување по итни предмети од ранливи категории на корисници на права и услуги од надлежност на Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје.
За итните предмети од ранливите категории како деца на улица и бездомни лица, за случаите на семејно насилство и нереализирање на видувања, за питачење, за полов напад над деца, за малолетничка деликвенција и сите останати групи на граѓани во состојба на ризик, отсега ќе се грижи специјализиран тим, составен од двајца социјални работници, педагог и психолог.
Тимот ќе реагира по примен повик на дежурните телефонски броеви на лицата за контакт, Даниела Копчаревска, социјален работник (078/230943) и Олга Губерениќ, социјален работник (076/381762), и ќе врши итни увиди 24/7, и во работен ден и во викендите.
Фото: Вулнет Махмути