• Latest

Стопирани одлуките за распишување на референдуми!

September 22, 2017
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025

Обвинение против Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино, за ширење омраза, расизам и дискриминација врз ромската заедница

November 17, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп ги охрабрува републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, означувајќи силен пресврт

November 17, 2025
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стопирани одлуките за распишување на референдуми!

September 22, 2017 16:40
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот инспектор за локална самоуправа Рахим Муслиу на денешната прес-конференција изјави дека Државниот инспекторат донел одлука да ги запре донесените одлуки за распишување на референдуми во општините доодлуката на Уставниот суд. 

„Државниот инспекторат одлучи донесените одлуки за распишување на референдуми на локално ниво да ги запре со решение и воедно, да поведе постапка пред Уставен суд за оценување на уставноста и законитоста на донесените одлуки“, рече Муслиу.

Тој истакна дека за донесените решенија на Државниот инспекторат, ќе бидат информирани Министерството за локална самоуправа (МЛС), државниот секретар на МЛС и градоначалниците и претседателите на советите на општините кои ги засегаат овие решенија, а преку градоначалниците ќе се бара да бидат информирани и општинските изборни комсии – за прекин на понатамошните активности.

Истите решенија ќе се објават во „Службен весник“ и во рок од три дена ќе бидат објавувани и на веб-страницата на Министерството за локална самоуправа.

Решенијата се донесени врз основа на член 22 од Законот за локална самоуправа, кадешто се црпат надлежностите на општините. Ова прашање за бегалците, не може да се регулира на локално ниво, бидејќи според член 22 никаде не се спомнува дека тие активности се во надлежност на општината.

Ова се однесува за сите 12 општини кои досега ги објавиле одлуките во „Службен гласник“, како и за општините Карпош и Ѓорче Петров, за кои се очекува да достават одлука во законски предвидениот рок.

Врз основа на одлуките на советите на општините кои биле доставени до Министерството за локална самоуправа (14 општини), Државниот инспекторат за локална самоуправа, врз основа на своите законски надлежности, извршил шест вонредни инспекциски надзори: на 20 септември во општините Кочани и Штип и на 21 септември, во општините Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Велес.

ЦИВИЛ во повеќе наврати предупреди на правните и политички контроверзи на овие референдуми. „Референдумите се противзаконски, но тоа што уште повеќе загрижува е нивната крајно валкана политичка димензија. Организаторите се во очигледна спрега со најдеструктивните елементи на македонската политичка сцена и имаат директна и недвосмислена агенда, преку ксенофобијата и исламофобијата, да внесат тензии во односите меѓу верските и етничките заедници во земјава, како што тоа беше случај со сите претходни изборни процеси во нивна режија. Едноставно, исламофобијата и омразата воопшто се валкан политички трик на опозицијата, која постојано промовира екстремизам и насилство, за да внесе страв кој потоа вешто го злоупотребува. Премиерот, владата и релевантните институции не смеат да калкулираат со оваа валкана кампања и да молчат. Политички поен кој нема да го изгубат сега, ќе биде загуба за целата земја во скора иднина“, изјави Џабир Дерала, ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Текст, камера и монтажа: Маја Ивановска

 

Tags: бегалциДржавен инспекторат за локална самоуправаодлукаопштиниреферендумУставен суд
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ