Тајланд и Камбоџа се согласија на моментален прекин на огнот, соопштија министрите за одбрана на двете земји во заедничка изјава, објави Би-Би-Си.
Двете страни се согласија да ги замрзнат сите движења на трупите и да им дозволат на цивилите што живеат во пограничните области да се вратат дома, со што ќе се запрат неколкунеделните интензивни гранични судири во кои загинаа најмалку 41 лице и се раселени речиси еден милион луѓе.
Прекинот на огнот стапи на сила напладне по локално време (05:00 часот по Гринич). Откако ќе трае 72 часа, 18 камбоџански војници што ги држи Тајланд, исто така, ќе бидат ослободени, се вели во соопштението.
Прекинот на огнот дојде откако тајландските и камбоџанските претставници одржаа неколкудневни разговори со цел да се стави крај на новите борби меѓу двете земји.















































