• Latest

Тази писмо не е писмо: Мицкоски меѓу популизмот и „предбрачниот договор“ со крупниот бизнис

September 10, 2024

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Тази писмо не е писмо: Мицкоски меѓу популизмот и „предбрачниот договор“ со крупниот бизнис

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, упати писмо до премиерот Мицкоски со кое бара корекција на некои предвидени владини мерки, базирани на веќе усвоен закон уште пролетоска. Потоа, напиша второ писмо со кое практично го поништи првото. Тоа е кореспонденција околу позициите на моќта – меѓу бизнисот (крупниот) и оној за кој финансиски моќните веруваат дека го имаат в џеб

September 10, 2024 07:30
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Дали го знаете оној бугарски виц, популарен кај нас во осумдесеттите години за локалниот сообраќаен полицаец соочен со – да ја наречеме така – неподносливата дилема по неговата егзистенција. Поконкретно, тој државен службеник ја сопрел на отворен пат една од најмоќните личности во софиската власт – Људмила Живкова. Ќерката на Татето (Тодор Живков), политичкиот и државен лидер, направила сообраќаен прекршок и полицаецот и ја побарал возачката книшка за внатре да ѝ ја втисне казната (овој модел го имавме и кај нас, помнат постарите читатели). Кога го видел името и презимето на Живкова се стаписал и мислел како да се извлече. Па напишал на дупката во перфорираната возачка – „тази дупка не е дупка“.

Ваквата пишман практика деновиве ја имавме на сцена и кај нас, секако надвор од практиката на сообраќајната политика на МВР, туку како начин на коресподенција меѓу високиот бизнис и Владата на РСМ. Писмото како форма наликува на некои стари практики од социјализмот (Азески беше висок младински функционер во тоа време) кога, да речеме, другарот Тито ќе им се обратеше на основните партиски организации и тие ќе имаа обврска да се изјаснат по него. Во случајот и покрај честите средби и договори околу политиките на Владата, што резултираа најнапред со силно влијание во рушење на претходната власт од страна на коморџиите, но и со став на давање на моќ во одредување на политиките на новата Влада. Ова се покажа при доцнојулското одбележување на јубилејот на Комората.

ПОТВРДА ЗА ПАРТНЕРСТВОТО Азески и Мицкоски на прослава на јубилејот на Комората како „оверување“ на владините обврски кон крупниот бизнис

Тогаш, да се потсетиме, Азески на свој, да го наречеме, ала Тодор Живков манир, јасно одреди дека „сѐ е договорено“ и останува Мицкоски да биде само прост извршител. Дури и со еден груб физички гест, со кој не му дозволи на премерот да се оддалечи (што би рекле во ЈНА „дозволите да се удаљим“) туку рече дека треба да седи и натаму до крај на церемонијата на славењето, за белким да му се кажат некои работи што не се за пред камери.

НЕПРИФАТЕНА РАКА Дури и странските медиуми го објавија начинот на кој Азески не ја прифати раката на премиерот и му наложи да седи до него додека тој „не отсвири крај“

Фактот што дошло до пишување писмо на 4 страници значи не е израз на недоразбирање од типот „што треба да стори Владата“, туку е израз на проценка во Комората дека на Илинденска број 2 решиле да го спроведат законот кој веќе е донесен и дека тој треба да биде дел од мерките што значат борба со инфлацијата. Значи, некој скршнува од договорот, па му треба додатно и опширно напатствие.

Стопанската комора преку писмото што претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, го упатил до македонскиот премиер Христијан Мицкоски, бара да се избрише делот од Законот за забрана на нефер трговски практики со кој се ограничува рабатот што доставувачот му го одобрува на купувачот, како и да се прецизираат условите под кои купувачот може да ги врати кај доставувачот непродадените производи.

Како проблем што Азески го потенцира во писмото се наведува периодот на приспособување на новото законско решение, односно тоа што некои измени треба да се случат во период кога не е завршена календарската година.

„Праксата на другите пазари во Европската Унија укажува на многу подолг период за усогласување со законите со кои се забрануваат одредени трговски практики. Во РС Македонија преоден период не е оставен, освен за доставувачите и за купувачите што склучувале договори за снабдување, кои имаат обврска да ги усогласат со овој закон во рок од шест месеци од денот на неговото стапување во сила, а тоа е пред истекот на септември 2024 година“ – се наведува во писмото.

Од Комората сметаат дека треба да се зголеми рокот во кој купувачот го известува доставувачот дека ја намалува нарачката на одреден производ.

„Претставниците на доставувачите и на купувачите изразија потреба од дополнително прецизирање и појаснување на одредени одредби од Законот. Предлагаме да ја разгледате можноста за дополнително продолжување на рокот на усогласување на работењето со Законот, со цел разјаснување на сите дилеми и поголема правна сигурност за субјектите што се засегнати од него“ – се додава во писмото.

Законот за забрана на нефер трговски практики беше донесен во март, со цел намалување на цените на прехранбените производи.

Истовремено беше составена и листа со над 2.500 производи чии маржи не треба да бидат поголеми од 10 отсто. Од Стопанската комора претходно бараа во овој документ да бидат ставени и производите што се со ДДВ од пет отсто, како што објави ТВ Телма.

Инаку, Законот за нефер трговски практики се донесе во март годинава  и треба да се спроведе во септември! Наводно премиерот Мицкоски ќе чекал да заврши месецов и да види дали фирмите од списокот ја исполниле обврската, но по дописот кој е упатен директно до него останува да се види, дали тој ќе ги прифати барањата од бизнисот (писмото) и дали законот ќе се менува, но и дали ќе се пролонгира неговата примена.

Од друга страна, иако во лето обично инфлацијата се смирува, кај нас заради високиот раст на цените на земјоделските производи (во земја која е аграрна во континуитет) одржува некаков јасен знак на незадоволство од мерките на владата кај народот. Медиумите прават анкети во кои граѓаните се видливо незадоволни, а од пазарите за прв пат во историјата се враќаат со редуцирани продукти и надвор од домашната практика преминуваат на купување на парче, а не на килограми!

Споменатиот закон на оваа влада, иако не е плод на креативноста на владата на Мицкоски, односно е дел од работата која ја туркаше вицепремиерот Битиќи, сепак е од корист токму сега. Ги спојува ветувањата на Мицкоски дадени на Комората дека нема да замрзнува цени (важен дел од „предбрачниот договор“ со оваа институција) и изнаоѓање на други мерки (контрола на маржите или на она што се нарекува „надѕидување“ на цените преку препродавање на стоката од еден до друг продавач).

Земјоделците на малите екрани кажуваат дека цените по кои граѓаните пазарат често не се ни третина од цената која крајниот купувач ја плаќа, по што и производителите и потрошувачите осиромашуваат, а трговците се омрсуваат со значителни профити.

„Што мислите, зошто секој ден никнуваат нови и нови супермаркети и трговски центри? Затоа што сите тие живеат од маржите на нашите производи“ – рече неодамна пред камерите еден селанец на Зелениот пазар дојден од Струмица.

Тој рече дека неговите домати веднаш би ги симнал за 40 денари по килограм и би имал ќар во однос на онаа цена која ја изѕидале препродавачите. За оние кои не знаат, доматите одат и по 120 денари по килограм на зелените пазари и во маркетите.

НЕПРИФАТЕНА РАКА Дури и странските медиуми го објавија начинот на кој Азески не ја прифати раката на премиерот и му наложи да седи до него додека тој „не отсвири крај“

Секако дека во Владата добро процениле дека овој закон треба да се поддржи, а дека во Комората ги штитат интересите, меѓу другото, и на големите хипермаркети. Каде заглавило писмото не е јасно, тоа секако е сфатено како една форма на јасен притисок, без оглед на содржината. Некои од Комората оваа ситуација ја примиле така што можат со писмото одеднаш да го симнат нивото на соработката со Владата, односно дека наложувањето на мерки е просто преминување на некоја линија која е опасна по глобалните интереси и изнашле начин во стилот на бугарскиот сообраќаец – „тази писмо не е писмо“.

И седнале и напишале друго писмо со поинаква интонација. Така, од писмо со израз на незадоволство станува писмо со поддршка на мерките на Владата! Во новото писание од Стопанската комора до премиерот Мицкоски, се вели дека не бараат измени, бришење на делови и пролонгирање на примената на Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат профитните маржи на трговците. Тие, наводно направиле „дополнителни консултации со домашните производители на прехранбени производи“ (колку експресно се случило ова!?) и оцениле „дека со законот на најдобар начин ќе се уредат правилата и мерките за спречување на наметнувањето на нефер трговски практики кои отстапуваат од доброто трговско однесување“.

Дополнително, од Комората велат дека домашните производители на храна очекуваат дека со законот ќе се прецизираат постапките за утврдување на нефер трговски практики и дека ќе се подобри соработката на надлежните органи за спречување на нефер трговски практики, стои во новото писмо од Стопанската комора.

Ова и на Мицкоски му даде отстапница од можното „стоење на црта“ при одредување на меѓусебните позиции и тој едноставно рече дека сѐ уште не го добил писмото од претседателот на најголемата комора во земјава Азески. На новинарско прашање (претпоставено, бидејќи, ниту едно прашање до него пред камери не излегува на екранот) за следните чекори, Мицкоски вели ако има потреба може да се одложи примената на законот. Има обврски и кон Комората, ама и кон потрошувачите. Затоа, тука е заменикот министерот за економија Ристески кој уверува дека Законот за нефер трговски практики започнува со дејствие на 28 септември и цените потоа ќе бидат пониски.

„Рабатот треба да биде ограничен затоа што се доведуваме во ситуација производителите и земјоделците да работат за 1 до 2 отсто заработка, а целиот профит да оди кај трговците. Поради ваквата ситуација можеме да забележиме дека постојано се отвораат нови маркети, а имаме сѐ помалку земјоделци. Сметаме и дека не треба да се пролонгира употребата на законот, туку да почне да се применува, а ако се јават проблеми паралелно да се решаваат“, изјави за ТВ Телма претседателот на Агро бизнис гранката во Сојузот на Стопански комори, Горан Ѓорѓиевски.

Трговците кои секако ги има во големата Комора (помалата не се јавува), но и во Комората на северозападна Македонија сѐ уште се лути во однос на темата – ограничување на маржите, бидејќи тоа е основот на кој тие трговци профитираат.

Самата Влада сега е среде големи обврски кон сите структури и слоеви, со својата раскошна партиска пропаганда со која на сите им ветуваше „кули и замоци“, а што не е можно да се оствари. Некаков цех некој мора да плати. Обично се одлучува да им даде повеќе од ветувањата на кои проценува дека можат да наштетат на позицијата на Мицкоски, па така тој веќе на коморџиите им даде многу. Практично ги замрзна платите, ги „олади“ колективните договори што е чиста добивка за оние кои влегуваат и излегуваат секој ден од вратите на Комората! Во добивка е и Владата кога се работи за платите на службениците од нејзиниот список! Не и за функционерите кои и натаму се „мезат“ со покажувањето од енормните 78 отсто! Другарите од ССМ требаше да го знаат ова, бидејќи се одлучија доста пред изборите да го заменат „перикловиот период“ за социјалните партнери на Заев и Ковачевски, со отворен навивачки однос кон опозицијата.

И сега си го добија … да не се споменува што. Така и ќе остане. Некои синдикати, како СОНК, се научени – ќе се бунтуваат против левите влади, а кога десната влада ќе дојде на Илинденска број 2 ќе си влезат во вмровска хибернација. Ќе молчат и трпат и немој некој да споменал штрајк.

Во слична ситуација се и оние кои беа гласни пред изборите во борба за свои права како практикантите во здравството. Под Филипче тие направија џиновски чекор напред, ама не, тие посакаа нешто приде па сега се лулкаат на ветувањата на министерот Таравари. Измените на буџетот поминаа и дали тие се видоа таму? Ги видоа ли своите барања исполнети? Одговорот е познат.

Би можеле да одиме во недоглед со списокот на оние кои ќе бидат изневерени, а го дадоа својот глас на изборите за новата власт или преку своите, често инсценирани протести на јавното мислење во предизборниот период. Одмерувањето на силите меѓу Комората и Владата ќе биде нешто од типот на „меч од тешка категорија“ во кој Мицкоски ја доби само првата рунда.

Специјално за ЦивилМедиа. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Tags: бизнисветувањаМицкоскиСтопанска комора
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ