• Latest

Трајанов достави иницијатива до Џафери за подобрување на условите за работа и функционалноста на Собранието

April 16, 2021

Ќе се дистрибуира доверливиот материјал до ОИК за локалните избори

October 16, 2025

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите; Адеми со пет изборни ветувања, за Филипче негласањето е награда за режимот на ВМРО…

October 15, 2025
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трајанов достави иницијатива до Џафери за подобрување на условите за работа и функционалноста на Собранието

April 16, 2021 13:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, достави иницијатива до претседателот на Собранието Талат Џафери.

Во иницијативата се вели дека во услови на третиот бран на пандемијата, како и појавата на нови соеви на корона вирусот (КОВИД-19), со многу поизразени симптоми и потешки форми на зараза, поради инфицирани пратеници нема кворум за одржување на седници на Собранието, a поради блокадата со поднесување на голем број на амандмани, работата на Парламентот станува се посложена и потешка, при што пратениците и натаму се изложени на огромен ризик од инфекција. Досега над 30 пратеници биле заразени од вирусот КОВИД-19.

Поради сето ова, Трајанов предлага:

Да се зголемат здравствените заштитни мерки во Собранието, посебно во салата за пленарни седници и просториите каде се одржуваат седници на комисиите. Во оваа насока предлагам преку Собранискиот канал да се информираат пратениците кога започнува седницата, кога има пауза, до кога трае и кога продолжува со работа. Понатаму, во салата да бидат присутни пред се пратениците кои се јавиле за збор или имаат реплики, а другите текот на седниците да го следат од своите канцеларии.

Да се донесе Одлука без да се менува Деловникот за работа на Собранието, со која ќе се обезбеди/овозможи ОНЛАЈН работа. Одлуката да биде од времен карактер до создавање на услови за нормална работа на Собранието.

Да се измени Деловникот за работа на Собранието со што амандманската расправа ќе се ограничи најмногу до 10 дена, освен за прашања сврзани со националните и стратешките интереси на РСМ.

Да се обезбедат безбедни здравствени услови за работа на ресторанот (за пратениците од внатрешноста), да се обезбеди сопствен возен парк и сл. се со цел Собранието да може непречено да ја остварува својата Уставна функција.

Предлагам да се формира работна група составена од претставници од сите парламентарни групи и независни пратеници, која ќе направи анализа на функционирањето на Собранието и ќе предложи решенија.

Во суштина иницирам да се подобрат условите за работа и функционалноста на Собранието, при што претседателот, кој е прв помеѓу еднаквите, во работата да го почитува Деловникот за работа на Собранието на РСМ, да не се впушта во долги и непотребни елаборации и да има ист однос спрема сите пратеници.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ