• Latest

Трамп воодушевен од Самитот на НАТО, добил тоа што го побарал

July 12, 2018

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трамп воодушевен од Самитот на НАТО, добил тоа што го побарал

July 12, 2018 13:41
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај најавите дека Самитот на НАТО може да биде фијаско поради силните тензии помеѓу земјите членки, американскиот претседател Доналд Трамп, порача дека состанокот бил „прекрасен“ и дека тој го добил тоа што го бараше – повисоки финансиски приливи за буџетот на Алијансата.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Трамп нагласи дека „се направени заложби“ и дека сега ќе се оди на издвојување од над два отсто од БДП за потребите на одбраната.

Доналд Трамп НАТО прес ДПА

– Имаме огромен напредок. Повеќе држави се согласија на 33 милијарди долари. Заложбата на САД за НАТО останува многу голема. Прекрасно беше да се види степенот на добра атмосфера, неверојатно е добро ќе се согласиме и за Русија, изјави Трамп на прес-конференција во Брисел.

САД одамна го критикуваат фактот што останатите сојузници не го споделуваат на фер начин товар на буџетот на НАТО, со издвојување на помалку од два отсто од БДП за потребите на одбрана, колку што беше претходно договорено.

Трамп тврди дека повеќето земји членки се согласиле што побрзо да ја  остварат поставената цел за издвојување на средства во висина од два отсто од сопственот БДП за одбраната.

Доналд Трамп НАТО прес ДПА

На прес-онференцијата американскиот претседател повеќе пати ја повтори својата „воодушевеност од дискусиите со сојузниците и добрата атмосфера“, како и од „резултатите од Самитот“.

– НАТО е сега посилен, НАТО не го правеше тоа пто требаше, носевме преголем дел од товарот, порача Трамп.

Тој додаде и дека имал добар однос со германската канцеларка, Ангела Меркел и дека верува во иднината на НАТО.

Доналд Трамп НАТО прес ЕПА

– Имам огромна почит за Германија, татко ми беше од Германија, двајцата родители ми беа од ЕУ. ЕУ сега на 25 јули ќе дојде да преговара со мене, чесно. Ако не е чесно, ќе направиме нешто со милионите возила кои влегуваат во САД и се речиси целосно неоданочени. Јас само сакам фер однос за САД. НАТО е многу важен, но повеќе и помага на Европа отколку нам, додаде американскиот претседател.

Трамп истакна дека се надева на подобрување на односите со Русија, но не сакаше да каже дали, како што претходно напиша на Твитер, дека би можел да го признае Крим. Неговиот единствен одговор беше дека за тоа е виновен беговиот претходник Барак Обама. (МИА)

Tags: Ангела МеркелБарак ОбамабезбедностБриселбуџетГерманијаДоналд ТрампЕУКеримНАТОодбранаРусијаСАДСамит на НАТО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ