• Latest

Њујорк, Вашингтон, Мелбурн: И дијаспората е против помилување на криминалците!

April 17, 2016
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Њујорк, Вашингтон, Мелбурн: И дијаспората е против помилување на криминалците!

April 17, 2016 13:01
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Против одлуката на Ѓорге Иванов за помилување политичари кои се осомничени за криминал со денови протестираат скопјани, на кои им се придружија и битолчани и струмичани, но теагираат и иселениците.

Македонците кои живеат во Њујорк, во Централ парк изглегле со поддршка на протестите во Македонија, а за денес во 12,00 по локално време (18,00 по макеоднско,, кога ќе започне закажаниот протест во Скопје) е најавен протест и пред македонската амбасада во Вашингтон, со што  иселениците ќе им изразат поддршка на сонародниците во татковината кои се борат за правна држава. „Овој протест е знак на поддршка за нашите сограѓани кои се борат за слободата, правдата, и демократијата во Македонија“, се наведува во најавата за протестот.

„Протестирам за подобра Македонија, за владеење на правото, за независно судство, за слободни медиуми, за демократска власт, за толеранција на различностите, за граѓанско општество со право на избор! Остануваме Македонци, без загради, наставки, преставки, додатоци!”, порачуваат Македонците во САД.

Реагираат и Македонците во Австралија. Во еден скопски портал, академикот и писател, Божин Павловски, кој живее по одреден период во годината и во Австралија и во Македонија, потенцира дека „со зборови не може да се опише возбудата на нашите граѓани што потекнуваат од Битола и од цела Пелагонија…, тврдејќи дека ги храбреле своите роднини во матичната земја да ја кренат главата на гордоста и непокорот“. Според професор на Латроб универзитетот, кој потекнувал од Пелагонија, „и македонската полиција ќе се сплоти со својот народ, далеку пред одржување на изборите. Без разлика што не поседуваме демократска традиција и толку многу настрадавме од алчни и бескрупулозни политичари, ние како народ и граѓани сме компатибилни со модерната цивилизација. А пак, нашата полиција е образована и нема да застане на погрешната страна“, истакнувал професорот. Академикот Павловски нагласува дека бројната македонска дијаспора во Австралија, очекува итно разрешување на политичката криза.

Tags: DiasporaIvanovаболицијаАвстралијаАмерикаизборикриминалМакедонијаполитичка кризаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ