• Latest

„Вагнер“ на Балканот, апел за меѓународна коалиција за поддршка на Украина, партиски тролови се закануваат со „кратка постапка како во ’45“

January 19, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

„Вагнер“ на Балканот, апел за меѓународна коалиција за поддршка на Украина, партиски тролови се закануваат со „кратка постапка како во ’45“

January 19, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Вагнеровци не се љубители на сериозна музика

Руската агресивна надворешна политика си има свое плодно подрачје и на Балканот. Сѐ посериозен инструмент на таа политика станува професионалната и профашистичка војска која на Полуостровот може да прави многу работи кои ја загрозуваат општата безбедност.

  • Се работи за воена сила која се бори насекаде низ светот на највалкан можен начин и дека нејзините припадници добиваат високи плати за тоа;
  • Соодветно, никакви „патриотски пароли“ не смеат да се врзуваат за она што тие го чинат, а очевидно зад нив остануваат и многу убиства и на цивили;
  • Онака како што единиците на Аркан или Легија беа вклучени во настаните во Србија, така и вагнеровците, секаде каде ќе се појават, се претвораат во преторијанци на системот – од заштитници на еден режим лесно можат да се претворат во негови непријатели;
  • На крајот, нивното присуство во регионот е секако непријатно (најблаго кажано) и бара сериозна опсервација и претпазливост на безбедносните служби.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Кулеба и Резников: Апелираме за формирање на меѓународна тенковска коалиција за поддршка на Украина

„Руската криминална агресивна војна против Украина, која се води речиси една година, останува најсериозната закана за меѓународната безбедност и единствениот предизвик без преседан за меѓународната заедница од Втората светска војна.

Оваа војна претставува особено акутна опасност за евроатлантската заедница имајќи ги предвид отворените цели на Русија да го уништи европскиот безбедносен поредок и да ја поткопа одржливоста на демократијата како форма на социјален живот.“ се вели меѓу другото во заедничката изјава на Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба и министерот за одбрана на Украина Олексиј Резников, во врска со итноста за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина, во која апелираат за формирање на меѓународна тенковска коалиција за поддршка на Украина.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ВОДИЦИ Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати  честитка до сите граѓани коишто го прославуваат празникот според јулијанскиот календар и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан.

ЗАТВОРСКИ ТУРИЗАМ Управата за извршување санкции е составен дел на Министерството за правда, но таа има огромна автономија во своето постапување, истакна министерот за правда Никола Тупанчески во гостувањето во „Топ тема“, за т.н. затворски туризам и популарноста на затворот во Струга кај новоосудените лица.

ЕКОНОМИЈА Растот на минималната плата, програмите и мерките насочени за спречување на одливот на работници во странство, капиталните инвестиции и вработувањата во детските градинки се темите на кои синоќа се осврна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во емисијата „Економски магазин“.

(ИЗБОР) Албански медиуми

Во косовските медиуми денеска фокусот е на планираниот атентат врз претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Лумир Абдиџику и неколку пратеници од истата партија, опширното интервју на албанската ТВ Клан со поранешниот амбасадор на ОБСЕ за Косово, Вилијам Вокер, во кое открива детали за неговото искуство со масакрот во Речак, и севкупниот третман врз него. Ова е само дел од темите од албанските медиуми во регионот,  што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги избра за денешното издание на АЛ-Прес.

ПЕРСПЕКТИВИ 2023

Иванов: ВМРО-ДПМНЕ да се опамети и да се откаже од небулозните блокади

И по триесет години независнот, и во 2022 година сè уште се зборува за предавници и патриоти. Но, никој не ја предал државата, а никој не ни станал голем патриот како на пример Гоце Делчев или Александар Македонски. Несфатливо е како политичките партии не можат да седнат на маса и да се договорат за елементарни и круцијални прашања, за да функционира системот, рече новинарот и аналитичар Зоран Иванов на мултимедијалниот јавен настан на ЦИВИЛ „Перспективи 2023“.

Јордановска: Приоритетна е борбата против дезинфомрациите и пропагандата наспроти предвремени избори

Во контекст на актуелноста на барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори во мај, Биљана Јордановска, ЦИВИЛ, како дел од мултимедијалниот и медиумски настан „Перспективи 2023“, става акцент на (не)можноста за нивно одржување.

ИНТЕРВЈУ

Чупеска: Едно општество за сите е многу благородна идеја, за жал не може да добие таква видливост поради етнонационализмот присутен и во македонскиот и во албанскиот блок

Бреда Мулец: Граѓаните ја сменија еколошката свест пополека, но најмногу поради влезот на Словенија во ЕУ

ГОВОР НА ОМРАЗА

Партиските тролови сонуваат за пресметка со неистомислениците „по кратка постапка како во ’45“

Продолжува говорот на омраза, но и закани по живот кон активистот за човекови права и слободи, Џабир Дерала и невладината ЦИВИЛ. Во коментари на текстот на Дерала насловен „Претпазлив поглед кон иднината“ (објавен на 31 декември 2022 година) на Фејсбук страната на ЦИВИЛ, има низа на коментари со недолична содржина, но и закани за „пресметка со неистомислениците по кратка постапка како во ’45“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Како држава и заедница постојано сме под некаков притисок од избори. Имам впечаток дека сѐ во нашето политичко живеење е само некаков интервал меѓу изборите за претставници во локалната или централната власт. Толку ни стана тоа дел од живеењето што без избори веќе и не знаеме за што да разговараме.“, извадок од колумната „Избирање/Одбирање“ од Војо Маневски.

„Бидејќи немаат таков професионален етички кодекс, од МАН си дозволиле да објават соопштение во кое се тврди дека „притисоците на власта го качија црниот резултат на судски прогони против независните медиуми и новинарите од 24% во 2016 на фантастични 68% во 2022 година“, што е  една тотална невистина.“, Зоран Бојаровски во колумната „Светот им аплаудира на медиумските слободи во земјата после 2017, а МАН го тврди обратното и шири невистини“.

Д. Тахири

Tags: Вагнерговор на омразаДневникинтервјуМедиумиПерспективи 2023УкраинаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ