САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ со Дехран Муратов и Џабир Дерала, за скандалозниот, експлицитен и понижувачки говор на омраза кон ромската заедница во Неготино на советникот од партијата Македонска акција – Конзервативна партија (МААК), Љубе Темелков.
Наместо извинување, неговиот демант повторно ја оправдува реториката и го потврдува проблемот со националистички и омаловажувачки изрази кон ромската заедница. Дали станува збор за демант или потврда на расизмот?
„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – вака звучи демантот кој доаѓа по неговиот контроверзен говор „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“.
Говорот на омраза не станува помал само затоа што некој ќе го нарече „народен израз“.
Камера и монтажа: Ариан Мехмети












