• Latest

Закани со бомби во МНР, трговски центри и училишта, горивата поевтинија за 30 денари во последните недели, Бајден ја потврди поддршката за Украина

December 12, 2022

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Закани со бомби во МНР, трговски центри и училишта, горивата поевтинија за 30 денари во последните недели, Бајден ја потврди поддршката за Украина

December 12, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

(ФОТО/ВИДЕО) Закани со бомби во гимназија „Јосип Броз-Тито“, ГТЦ и МНР

Дојави за поставени бомби пристиганале изутринава во Министерството за надворешни работи, до Градскиот трговски центар, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт и до неколку средни училишта во Скопје, како и едно основно училиште во Кавадарци.

До СВР Скопје, денеска околу 09:30 часот било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, како и на Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт е упатена закана за поставена експлозивна направа.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Бислимовски: Во последните две-три недели, пред се заради паѓање на цената на нафтените деривати на светските берзи, како и поради намалување на курсот на доларот, РКЕ ја намали цената на горивата за повеќе од 30 денари. И денеска ќе има намалување на дизелот за 1,5 денар по литар, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 исто за 1,5 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за еден денар. Секогаш повикуваме да се верува на институциите. Нашите одлуки се базирани на методологии. Очекувам тие што ме ставија на билборди јавно да се извинат и да престанат со неосновани напади врз РКЕ.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Претседателот Бајден во телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски ја нагласи тековната поддршка на САД за одбраната на Украина додека Русија продолжува со нападите врз критичната инфраструктура на Украина. САД дополнително ќе обезбедат безбедносна, економска и хуманитарна помош за Украина додека Русија продолжува со својата агресија врз земјата, се вели во соопштението за печатот објавено на веб-страницата на Белата куќа по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Руските трупи убиле двајца цивили и повредиле уште шестмина во Украина на 11 декември, објави на Телеграм Кирило Тимошенко, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, повикувајќи се на податоците обезбедени од регионалните воени администрации, пренесува Укринформ.

Лажните извештаи за позитивниот имиџ на Путин во странство следат една иста шема. Една од руските државни новински агенции објави уште една „ода“ на Путин, кој наводно ги фасцинирал читателите на францускиот весник „Фигаро“ со видео од неговото возење преку мостот Керч поправен „во рок од неколку недели“, пренесува Укринформ. Всушност, ова е манипулација, бидејќи коментарите објавени под видеото беа сосема различни. На веста досега се оставени вкупно 124 коментари, но руската новинска агенција спомена само пет од нив.

РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Апликацијата на Косово за членство во ЕУ ќе го вжешти прашањето за Северот, затворени српските училишта во Митровица, иницијатива за комеморативен симбол на геноцидот во Косово, Полска –гаранција за успех на Берлинскиот процес

Северниот дел на Република Косово повторно е во центарот на вниманието по избивањето на неколку инциденти меѓу косовските Срби и полицијата. Инцидентите привлекоа и силно меѓународното внимание. Последно од низата инциденти е поставувањето барикади во Рударе, што дојде како знак на незадоволство од апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, од редовите на српската заедница.

Босна и Херцеговина треба да добие статус на кандидат за ЕУ оваа недела, дознава Еуроактив, по препораката од Европската комисија во октомври, бидејќи Унијата почна да внимава на стратешкото значење на регионот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СРЕДБА ОСМАНИ – АГЕЛЕР Справувањето со геополитичките предизвици во регионот, како и континуираната американска поддршка за нашиот евроинтегративен процес, беа теми на разговор на денешната средба на министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

СКРИНИНГ Она што сега треба да се фокусираме е спроведување на реформската агенда, брзо напредување во процесот и граѓаните да почнат да ги чувствуваат придобивките од преговорите со ЕУ. Од тука и мојата заложба и барање секој еден да биде вклучен во преговорите, што се национална задача за сите нас. Јавно да се дискутира, заеднички да се делува, за сите предности и слабости забележани во Извештајот побрзо се надминат, изјави во обраќањето вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната панел дискусија за Кластерите 2 и 3 „Внатрешен пазар“ и „Конкурентност и инклузивен раст“ во рамки на серијалот „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности“.

ДИГИТАЛНА СУДНИЦА Првото судење во најголемата дигитална судница во државата, сместена во Идризово е предвидено да се одржи во среда на 14 декември. Ова во интервјуто за НоваТВ како одговор на прашањето за реформите на пенитенцијарниот систем, го потврди министерот за правда Никола Тупанчески.

ПОДДРШКА ЗА ДИЈАЛОГ Република Северна Македонија го поддржува дијалогот Белград-Приштина за изнаоѓање сеопфатно решение, со посредство на ЕУ и САД, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со Глаук Коњуфца, претседател на Парламентот на Република Косово, кој престојува во посета на нашата земја.

ОДЛОЖЕНА ПОСЕТА Советникот во Стејт департментот, Дерек Шоле и делегацијата во која што требаше да биде заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар ја одложија посетата на Северна Македонија. Од Американската амбасада во Скопје за ДВ потврдуваат дека добиле известување дека американскиот тим кој требаше в среда да допатува во Скопје, има испратено известување дека посетата на регионот се одложува за по Нова Година. Нема објаснување зошто е одложена посетата.

ПОСКАПА СТРУЈА? Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски на денешната прес-конференција кажа дека за околу две недели ќе се знае новата цена на струјата, односно дали и колку ќе се зголемат сметките.

НОВИ РАБОТНИ МЕСТА Над 2300 нови работни места се отворени во компаниите во ТИРЗ од почетокот на годинава. Бројот на вработени заклучно со ноември се искачи на 16.300 што е зголемување од 17 отсто за само една година. Само во ноември се отворени речиси 300 нови работни места, соопшти Дирекцијата за ТИРЗ.

ИНТЕРВЈУ

Соколова: Имаме и колеги кои своето образование го завршија во Украина, а сега работат за руски медиуми и дури и шират дезинформации

Катерина Соколова од Институтот за новинарство во Кијив, Украина беше една од учесничките на на првата Меѓународна недела на новинарството отпорно на дезинформациите и пропагандата организирана од Цивил и Youth4Media (Y4M).

-Првпат сум во Скопје, а ги посетив и Гостивар и Тетово. Луѓето се пријатни, а земјата може многу да се развива, во однос на туризмот и економијата, ги сподели таа впечатоците за ЦИВИЛ медиа.

 

Ресман: На демократија и треба самодоверба и самокритичност во борбата против пропагандата

„Пред неколку години се запознав со Џабир и работата на ЦИВИЛ/ЦИВИЛ Медиа. Заклучивме дека проблемите со пропагандата, но и демократијата во Северна Македонија ги имаат и земјите од источното партнерство во проектот Медиумски дијалог. Тоа беше основата за започнување на проект со поддршка на Владата на Северна Рајна-Вестфалија“, изјави Д-р Волфганг Ресман, прв човек на меѓународниот проект Медиумски дијалог за Цивил Медиа, по повод меѓународниот семинар „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ во организација на ЦИВИЛ во партнерство со Youth4Media (Y4M).

АНАЛИЗИ

Зоран Бојаровски

Од вкупно 80 општини во државата и Градот Скопје, со Проектот за децентрализација и за подобрување на социјалните услуги преку Владата, односно  Министерството за труд и социјална политика и Светска Банка, досега се поддржани вкупно 22 проекти во 27 општини во земјата. Согласно потребите на граѓаните најголемиот дел од услугите се наменети за помош и нега на стари лица, дневни центри за стари лица за активно стареење и дневен престој за деца со попреченост, рехабилитација и реинтеграција, анализира Зоран Бојаровски во текстот „Општините мора да покажат поголема проактивност за децентрализацијата на социјалните услуги“

Руското влијание на Балканот станува преголема опасност за Западот, кој долго време го запоставува овој регион,  посветена на Самитот ЕУ-Западен Балкан. Во анализата се додава дека Русија во моментов е преокупирана со агресија врз Украина, а рускиот претседател Владимир Путин се спасува себеси и својата империја. Западен Балкан е во тек. „Путинците“ во регионот чекаат сигнал за акција.

-Евентуален конфликт на Западен Балкан повеќе не би бил локален, туку европски и би ја вклучила ЕУ, бидејќи повеќе не постои монополарен свет (САД) како во 90-тите години на минатиот век, туку полицентричен и има актери кои се подготвени да ја „запалат“ Европа, се вели во најновата анализа „Руското влијание е голема опасност за Западен Балкан“  на институтот ИФИМЕС

Д. Мишев

Tags: анализабензинибомбиВојна во УкраинаДневникизјаваинтервјурегионфлеш вестихибридни заканицени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ